Да, проверете тироидни хормони , кортизол, тестостерон, шеќер проверете. Ако е дисбаланс со антибеби се регулираат , ќе запре опаѓањето . Ако се TSH, FT4 , ќе ви дадат за да се стабилизира тироксинот.
Јас купив само шампон , ама не сум нешто многу задоволна сега за сега. Можеби треба време , а може дека не земав цел сет - не знам
Здраво. На мајка ми и опаѓа косата, некои прамени и се направени како еластични, како ластик, како гума, и се кинат, и на допир се чудни, само на краевите. Косата ја фарба. Дали има некој ваков проблем, некој совет да ми даде?
Обично фарба врз фарба така ја прави како мастика да се тегне, да се кине косата. Ама штом само врвовите ги фарба , да не е оштетена од други препарати ?
Е така, баш како мастика. Цела коса ја фарба, само врвовите и се оштетија така. Моментално користи од виолетовиот шампон и маска од ДМ.
Сега нека користи по благи шампони , во смисол не агресивни и нема ја крати косата еднаш до два пати месечно . Оштетена и е од нешто. Фарбата да не не е како што треба?
А во меѓувреме , серуми, лосиони за зацврстување на коренот. Да го најдам само, ќе ви пишам бројче од една жена што прави лек против опаѓање на косата , го чисти скалпот од првут.
Да не има бланш во фарбата па да почнала да се кине косата? Или можеби хидрогенот е прејак, па уништил таму кај што е најслаба и најоштетена косата. Јас искрено прв пат слушам само од фарба да почне да се кине косата, обично се случува со бланш врз веќе бланширано.
Хмм не се разбирам, ама еве што пишува: Schwarzkopf Palette Intensive Color Creme A10 10-2 Ultra Ash Blonde - Ултра пепелаво руса фарба за коса Ефект против жолти тонови до 8 недели. До 70% помалку пукање на косата Осветлува до 4 нијанси[/COLOR] Со кератин, плекс серум и нутритивно масло Пакување: 50 мл туба за бојадисување, 50 мл шише со развивач на боја, 10 мл маска за нега.
Ако ја фарба постојано цела коса, се оштетила од фарбата. Мора само коренот да се фарба никако цела коса.
Мислам дека пепеласто русите нијанси имаат во кутивчето 12% хидроген, па ништо чудно од тоа да се оштетила косата толку. Нека проба да нанесува масла, да си прави дома третмани со масла и маски за коса со кератин, за малку да се прихрани влакното.
Ве молам препорака за некој препарат за опаѓање на коса. Моментално сум бремена косата премногу ми опаѓа и целата е сува.
Јас момемтално користам чај од рузмарин со малку чили . Го подготив сама дома , после две нанесувања мајка ми која ме знае цел живот , да не речам , ама ќе речам скоро ќелава , вели има видлива промена . Рецепт немам , се иде " од око " . Сушен рузмарин ( пакување од Стокомак ) ставив во околу 3 литри врела ( не вриена ) вода , и додадов пакување чили ( зачин кој го најдов во фиока останат од нудли оние малите ) . Оставив да отстои додека водата не стане зеленкаста боја . Собрав во шише и ставив само 2 пати од истото . Нус појава засега немам . Го нанесувам на " нечиста " коса ( ја правам скроз мокра ) и оставам да се исуши потоа ја мијам косата нормално со шампон од лук ( од Афродита , оној од маркет ) .