За сега , не . Ама , чили има многу малку во споредба со вода и рузмарин , а и пумпицата е ептен ситна , па и она што успеало да се " протне " низ цедалчето за чај , останува во шишето . Сепак , ќе тестирам уште некое време , сепак имам само 2 пати ставено , така да сеуште не сум меродавна за методава .
Внимавај сепак, да не ти направи чилито некоја иритација на скалпот. А рузмаринот е топ за влакното и скалпот, мислам дека само тој ми ја спаси косата од пост-ковид опаѓањето пред некоја година.
Леле ќути, цели топки прамени ми паѓаат посебно при миење... И тироидна проверив не е тоа, има ли крај којзнае... Да се чадиме со темјан?
Не. Треба да тестираш. И од премногу Вит Д ќе ти паѓа. Иначе разгледајте си низ дома дали имате мувла некаде. И од тоа паѓа многу. Да знаете
Па што ако опаѓа? Кој тоа рече дека густа коса е поубава од ретка коса? Сум видел и жени без коса што биле многу слатки и секси. И тоа се наметнати стандарди како и ова со боцканиве усти.
Не сакам густа коса , за да му биде убава на некој . Сакам густа коса за мене да ми е убава , за мои очи , за моја душа . Цел живот имам ретка и тенка коса . Додатно ми се изретчи откако родив второ . Практично сум проќелавена . Не можам да си направам фризура , а да не поминам бар 10 пати со четкичка за залижана пунџа , за да ги пополнам дупките на главата . Смачено ми е веќе . Од се , највеќе од затната туш кабина и пополнување дупки по 10 минути при секое излегување од дома . Не се фарбам , не се пеглам , не носам висок реп секогаш , за да ја оштетам . Не е до хормони , не е тироидна . Едноставно секој ден ја снемува . И не можам веќе да се гледам во огледало вака проќелава . Забога имам 30 години , не 70 . Баба ми на 87 имаше повеќе коса од мене .. @Mishela ти благодарам за советот , ќе внимавам .
На ФБ има група Златокоса влезете во неа , јас можеби 2 години како ја дознав , девојката е од Босна , дава предобри совети за коса (не продава производи и не рекламира), има рецепти што многу брзо се прават и делуваат, од рузмарин , од семе од пискавица и многу други
Јас и имав пишано порака на фб уште почеток на јануари ама не одговара. Читам дека нуди и производи според косата , дали треба да ја додадам за пријател прво?
дали некој пиел капсули од масло од семе од тиква? читам доста позитивни резултати, кај нас нема баш избор за жал има достапни само 2 брендови на Dr. Nature и Sanct Bernhard, ги пробал некој?
Пиши и во коментар на некоја објава дека си и пишала и дека немаш одговор ќе ти врати , имам прочитано дека некои пораки и немаат стигнато ..
Кои хормони треба да ги проверам за предолго отпаѓање на коса? Породена сум пред 2 години, постпородилниот период премногу ми отпадна дури имав и дупки.. препишав на хормони океј, користев и roots третманот и шампонот од пискавица ми помогнаа. Но еве повторно постојано ми паѓа. Ако сум со пуштена коса насекаде има влакна. Немам дупки, не е голема количина, имам бајаги бебешки влакна ама ми паѓа повторно.
Феритин, тироидна и тестостеронот да провериш да не се покачил случајно. Ма да штом почнало после пораѓај, очекувај дека ќе ти се средат. Ама навистина не е лошо да си провериш во меѓувреме чисто за мирна глава.