На лекар прво, можеби хормонско е. Ако е се во ред мајка ми пред многу години, кога и пагаше косата знам користеше лисја од орев, со нив правеше како чај и ја плакнеше косата со таа вода. Како што има слабо влакно, косата и добиваше волумен, само лошо е што се добива некоја кафеава боја после миење ама за брзо време пагаше. Инаку имаше ефект. Сега како помодерна варијанта со рицинус масло косата од корен до долу, ова и јас го практикувам, да отстои најмалку 1 час и се мие. Потешко се вади ова масло ама косата на прво миење има разлика. Со континуирано користење се средува, секако ако не се работи за некој друг проблем.
Mene ovie mi se cudni,jas go koristam masloto,dodeka go koristam ima efekt,ko ce prestanam pajganjeto prodolzuva,taka da nz ni Dali se prirodni voopsto
Испитај Д витамин, доколку ти е низок ќе ти препишат соодветна доза. Од низок Д витамин останав практично без коса на горниот дел од главата. Откако се нормализира д витаминот косата повторно ми порасна.
@Adidas888 мене ми помогна и Е витамин од 400 мг. Ми го препиша докторка за црниот дроб, ама приметив дека помалку ми паѓа коса кога редовно го пијам. (кога земав Олигосел кој е комбинација со А, Ц, Е, немаше ефект). Само треба да се прави пауза после неколку месеци пиење.
Пијам вит Д веќе 4 месеци, не гледам подобрување некое. Ај и тоа ќе го купам . Моментално пијам 7-8 врсти на витамини и суплементи, и имам многу бебешки влакна пораснато. Ама уште ми опаѓа.
Ако имаш себореја или првут,многу паѓа коса,првен тоа реши го,мене еден период дури и празни места со упки имав на глава.Миноксидил е препарат медицинки за директно прскање на глава,медицински.
Првут неам, а себореата ми е повлечена веќе, ми се нема појавено долго време. Празни места немам, но ми беше многу проретчена кај челото, а сега имам многу бебешки влакна таму. Ваљда почнаа да делуваат витамините и суплементите. Пијам железо, вит Ц, вит Д, вит Б, цинк, омега 3 и протеини. Па барем едно од тие мора да помогне .
Здраво, дали има некој искуство со овие производи? Ги видов на тик ток и има доста позитивни коментари, руски производ е
Здраво, периодов имав проблеми со опаѓање на косата и си купив Мерц дражеи. Ги пијам пет дена и денес забележав дека лицето ми се исфрли со ситни бубулици и ми е како рапава кожата. Дали е можно од нив да имам реакција? Се соочил ли уште некој со ова?
Здраво. Во последно време косата премногу ми опаѓа, ова не е нормално. Што да испитам освен крвна слика?
Феритинот е прв и најглавен, серум железо, TSH (free T3, free T4), и витамин Д ако сите овие испаднат во ред тогаш треба да провериш дали е андрогенско опаѓање да направиш андроген профил (тестостерон, андростендион, пролактин, SHGB, DHEA-S)