Здраво, дечко ми има 25 години и оваа година баш доста му опадна косата ( има шанси да биде генетски ). Дали имате некој совет и искуство со некој производ ? Читав за Миноксидил 5% дека е ефикасно, но не знам кој производ да го купам..
Миноксидил мислам дека може да препише дерматолог, не сум упатена дали може да се купи на своја рака. Мислам дека е ефикасен, меѓутоа имам читано како луѓе се жалат дека состојбата пак се влошува кога ќе прекинат со терапијата. Нека зборне со некој дерматолог за ова, најсигурно ќе му кажат што и како.
го гледам во зегин и другите онлајн аптеки може слободно да се нарача. Знаеш машките какви се, каков доктор како дерматолог.. Знам дека е тоа најсигурно ама..... затоа сакав јас да се информирам да помогнам. Сепак ти благодарам.
Мора цел живот да се користи, инаку пак паѓа косата. Ама е најефикасен. Не е безбеден ако се има животни.