Не помага воопшто. Обиди се со третманот на Lush - Roots, помага за отпаѓање на косата. Или шампонот од пискавица
Го користев лосионот ама џабе.. Ќе го пробам сега шампонот па ќе видам.. Ми треба нешто што ќе функционира..
Пред миење на косата измасирај ја со рицинусово масло, остави ја околу пола саат така да стои и после нормално ќе си ја измиеш (по можност користи и шампон против опаѓање ако имаш најдено некој добар, бидејќи јас користев Алпецин, но воопшто не ми помогна....)
Да додадам само : Рицинусовото масло е многу добро за раст на коса, но е многу густо и може да направи проблем на скалпот, ако не се користи правилно. Значи поради густината, прво треба малку сосема малку да се загрее маслото и да се промеша со некое базно масло како кокосово, бадемово и сл. Јас кога ставам на коренот мешам бадемово со рицинусово, а на должината од косата само бадемово или кокосово масло. @Potterhead993 ако е слабо железото тогаш треба да обрнеш внимание и на храна. Суплементи да, но не напамет. Треба точно да се знае што ти треба. Кај моите деца најмногу ефект имаше малтофер со витамин Ц. Ама поголемиот сега го јачам со говедско месо и липосомален Витамин Ц. Ако сакаш и можеш треба многу калинка, боровинки, аронија.. дали во смути дали така да ги јадеш. Ама месото е клучно. Има разлика меѓу non heme / heme iron. Тоа од месо на пример или жолчка од јајце се апсорбира во поголем процент.
Да во право си, а и заборавив да кажам дека за мрсна коса не одговара многу дека како што рече е доста тешко и потешко е да се одмие целосно
Девојки, дали некоја го има пробано Kérastase Genesis серумот за скалп и против опаѓање? Гледам има премногу поделени мислења, а бидејќи е доста скап, ме интересира дали навистина помага или е само добар маркетинг?
Прескап е за тоа што го нуди, истата главна состојка што ја има во серумов (аминексил) ја има и во овие два од Лореал. 500+ денари, за околу месец дена доза. Јас го користам и ми помогна за опаѓање, а за нови влакна немам надеж.
Искрено добар производ е , мириса совршено јас го купувам редовно но не живеам во Мк и тука е поевтин. Инаку секој ден ако го нанесувам брзо се троши и ја мрси малку косата кога е на сува , едно шишенце нема шанси за цел месец да е доволно затоа јас го нанесувам два пати неделно кога ја мијам косата. Нема голем ефект во опаѓањето ( можеби минимален проблем , сезонско опаѓање но потежок облик ако е хормонски или анемија не ) Дефинитивно косата се згуснува многу , имам нови бебешки влакненца но за опаѓање не прави чуда . Според мене ако сакаш да си дозволиш некој производ пробај го но дека чуда прави не
Јас да. Ама за лопеција, мислам дека ни помогна ама не можев редовно да го корстан како глина е се суши се кубев иницирав дупло паѓање него само да си ја измијам
Во ДМ или онлајн на страната Тесори ди маре. Околу 480 денари е. Се нанесува на скалпот помала количина, се држи саат време или подолго и се измива најнормално со шампон.
А зошто се кубеше, не се мие лесно? За нормално зајакнување ,раст на нова коса и намалување на опаѓање ми треба мене. Немам алпеција.
Како кал е кога ке го миеш ееептен темелно ке треба да промиеш. Пробај не е скапо колку беше околу 500ден
Во последно косата многу ми паѓа па сакам да пробам со некои витамини или да почнам да пијам колаген. Дали може да ми препорачате некои? Исто може и некој серум/шампон, пробано со тие на оливал но не ми помагаат.
Целосно те разбирам, паѓањето коса е мака, ама со трпение и добра нега сè се средува. Не оди ништо преку ноќ, мора да бидеш конзистентна неколку месеци за да видиш резултати. Еве што ми помага мене: Витамини: Земи си Hair-vit капсули (ги има во аптеки). Подобри се од чист колаген бидејќи имаат сè што ѝ треба на косата против паѓање. Се пие по едно на ден, по јадење. Земи си плус и витамин Д3 од 2000iu. Серуми и шампон: Јас ја користам линијата на Rossen. Пред миење (3 пати неделно) го ставам нивниот Hair Infusion серум, масирам со нивниот скалп масажер (го има кај нив на сајт), го оставам 3 часа и мијам. На сува коса, еднаш дневно, ги ставам нивните ампули од пискавица (само внимавај, малку капе од капачето, па убаво распореди го). Исто и шампоните им се топ. Совет плус: Пиши им директно во порака на Инстаграм на @rossen.natural.mk. Објасни им го проблемот, премногу се фини и точно ќе ти препорачаат производи за тебе. И за крај, инвестирај во некоја добра четка што не ја кине косата.