Може слика од производите,прикачената не можам да ја отворам или најдобро име и опис на производот.Благодарам
Јас почнав да ставам Чај рузмарин помешан со некој послаб шампон и многу ми е поубава косата ама за плавуши не се препорачува пошто рузмаринот ја бои косата ?
Кај мене обично настанува опагање со промената на годишните времиња, сега веќе почна.. Последните години на Конопка го користам против опагање и со само едно шише има ефект. На времето го користев Нирел исто ми помагаше.
Пред некое време ја фрлив... ја земав, ја користев некое време, ама баш ништо не видов, чај дома да варев и да користев повеќе фајде ќе имав мислам... имаше во шишенцето така, си стоеше и на крај ја фрлив. Сум користела доста работи до сега, ама како ова нешто неефикасно, не сум. Тоа на оливал со грчко семе може е подобро, од него имав некое благо подобрување.
Јас го зедов ова, против опаѓање е. Ги фалат производите на Кундал многу па се надевам дека ќе има ефект.