Мислам дека едноставно треба да се издржи тој период на постпородилно опаѓање и дека не може да се сопре процесот. Обично за време на бременоста не опаѓа косата, туку баш е убава и цвртста, но затоа во постпородилниот период паѓа повеќе. Не мислам дека може да се сопре, особено и ако доиш мислам уште повеќе паѓа. Јас сум векје година ипол после втора бременост, мислам сега почна да се стабилизира опаѓањето, но полна сум со кратки влакненца што штрчат на сите страни Од мене совет да додадеш нешто за поттикнување на раст (пример оливал пискавица шампон/серум, веледа тоник од рузмарин и сл) , витамини и здрава исхрана. Можеш да користиш и масла некои но тие се повеќе за нега и за зајакнување, освен мислам рицинусово беше да раст. Има едни масажери за коса, јас обично ги користам преку едно миење додека ја шампонирам косата, како масажа на скалпот која исто така поттикнува подобра цоркулација за подобар раст. Еве пример како изгледаат , ги има и во дм. Мојот конретно е од авон од пред 100 години.