Значи подцна не се исмиваат тие ампули, знам има едни кои се ставаат на мокра коса и се оставаат без миење а едни се ставаат да делуваат 15тина мин и подоцна косата се плакне со циста вода?
foltene се оставаат на мокра коса,не се мијат.Косата откако ќе се исуши делува како немиена ,но тоа е.
Само нека помогне не е битно ако делува како немиена, ептен сум тажна се мисалм без коса ќе останам :/ Фала ти многу
јас кога имам ставано потрошив 2 кутии со ампули ,па правиш пауза.Треба време,не може од недела две ставање да имаш ефект.А и гледај косата да не ја сушиш со фен ,да не и ставаш хемикалии.
А колку чини една ампула? Да знам утре колку да понесам у Зегин, морам да се спрвам некако со ова паѓање. Виде ли ти подобрување, дали сега уште ти опаѓа косата или се е во најдобар ред (се надевам). Поздрав и фала ти највеќе
Првиот пат бев тоа беше пред 2 ипол години исто вака ми паѓање и дерматологот ме натера да направам крвна слика тоа беше во ред и ми даде да се мачкам со Пилфуд 2%, но подобрување немаше апсолутно никакво, бев пак ми рече терај со тоа нема др што да се прави, косата бетар почна да опаѓа и се така до пред 6-7 месеци, после сама од себе си се среди ставав Нирел и може имаѓе ефект и бев задоволна не ми паѓање многу нормално по неколку влакна. Пред месец и нешто -2 пак почна да ми паѓа при секое чешлање апсолутно исти топки како на сликата некогаш дури и повеќе ( а немам долга коса под рамена ми е), и се јавив пак на дерматолог вика а промена на време, а мене косата не ми е ни четвртина густа како што ми беше, веќе не знам што да равам не знаеш колку само лошо се осеќам.
Cielo провери си хормони, тироидна жлезда, некоја причина сигурно има. Кога ќе ја откриеш точно која е тогаш ќе се среди, а вака со шампони само не верувам, ако е вака како на сликата тогаш тоа е многу големо опаѓање. Не е доволна само посета на дерматолог, проблемот очигледно не е до кожата на главата, туку до нешто подлабоко.
една беше околу 100 денари,не се сеќавам точно.А и јас ти препорачувам да одиш кај дерматолог,бидејќи тој може поточно да ти каже дали си за ампули. Мене дерматолог ми има кажано за коса дека е супер кната.Мене кната ми помага ,но за жал не ја ставам месечно ни еднаш ,туку еднаш на неколку месеци.Иако во последно време се трудам почесто да ја ставам.
Душички сите сме за жалење јас ја испитав крвната слика беше во ред, исто и хормоните и немам никаков проблем со јајниците само уште тероидната жлезда не ми е испитана, и бев на преглед во ординацијата Анчевски, професорот рече дека е можно тоа да е наследно а наследното не се лечи тој ми ја препорача оваа терапија: alpicort F- losion okolu 1600 denari alpecin C1- sampon-450 denari merz-drazei 520 denari Имаше ефект после 2-3 месеци од терапијата НО кога ке прекинеш се врака по старо и косата повторно почнува да пага
Доколку навистина ти паѓа волку како на сликата да не се лажеме загрижувачко е! Затоа не чекај! Веднаш на лекар и искористи ги сите овие совети кои ти ги даде Јојоба! Значи мора да е нешто од внатре дали хормони,дали крвна слика(може да е и серумско железо-барај да ти го испитаат обавезно!),тироидната една од најважните ствари..покрај тоа што сигурно ќе испробаш и милион шампони гледај да бидеш физички многу активна,да водиш смирен живот без стресови колку што е можно нели на денешно време,и да се храниш многу здраво! сето ова заедно со лекарска помош мора да ти помогне,само не се опседнувај и разочарувај одма ништо не се средува набрзина за се си треба време!
Фала ви многу девојки, паѓањето навистина е како на сликата некогаш и подрастично за жал, а имам проверено и тероидна жлезда и хормони и железо се е во ред од таа страна затоа и дерматологот веќе не знае што да ми прави :Ѕ
На мене за една година ми опадна пола од косата, можно ли е да е од пените за коса? на секое миење обавезно ставам пена за коса!??
Хормони не ни испитував па не знам дали имаше пореметување. Ама испитав многу други работи бев на лекар за коса и ме кубеа таму ме дргнеа и после ми рекоа Алпецин и Фолтене ампули и Мерц дражеи. Прво само ампулите ги користев и имаше подобрување. Многу покасно го купив шампонот и после еден месец се забелешува подобрување не паѓа толку косата. Еве сега заради есенсково митарење пак си земав. И ампулите Фолтене помагаат ептен ама скапички се малце
луѓе купете си биотин, 151 денар е во зегин, 2 пати на ден се зема, сабајле и навечер, за 15 дена има во едно кутивче, а и вкусни се апчињава како банана се покрај тоа што ја зацврстуват косата и ноктите, плус и метаболизамот го убрзуваат, јас ги имав сега почнав да ги пијам, па ќе видиме
не не, не отвараат апетит, само го подобруваат метаболизамот, го убрзуваат башка и ништо чудно и да ослабеш нешто ако ги пиеш редовно едит- мене секој ден ми паѓаат по 20-30 влакна и веќе отрпнав
После колку време користење на ампулите имаше резултати? Од 50 до 100 влакна на ден е нормално така да мислам дека немаш голем проблем