За ова се имам консултирано со професионалец. Повеќето од нас додека ја миеме косата гребеме со ноктите (копаме) по кожата така што ја иритираме бидејќи порите се отворени, така што доаѓа до опаѓање или перутење на косата. Затоа на секое миење на косата се препорачува нежна масажа на главата барем 2-3 минути. Исто така и е препорачлива употребата на лосиони за масажа така што со масирањето на скалпот се зајакнува коренот на влакното. Испробан лосион, кој одговара на повеќето типови на коса е на Субрина. Во зелено пакување е
Па и на фризер истото ти го прават кога ти ја мијат косата (барем кај повеќето овде во Скопје, кај што сум била). Сега последниот пат кога бев да ја скратам косата, ми ја миеше толку грубо што ми се чини цела ми испадна. Ја прашав зошто така ми ја мие косата кога јас самата не ја мијам така, ми вели за подобро да се измиеле остатоците од средствата за стилизирање што сум ги користела. WTF?! А зошто тогаш ставаш шампон? Јас ништо не користам што не може да се измие, сигурно тешки масла не ставам на косата... и веќе нема да одам таму. Ах да можев мојте фризерки да си ги земам со мене...
Девојки, ќе бев себична ако не го споделев со вас моето прекрасно искуство. Најнапред сакам да кажам дека изминатите четири месеци косата почна интензивно да ми опаѓа. Да не речам, дека почнаа и цели праменчиња да ми паѓаат, особено по бањање на косата. Пробав разно-разни шампони, но резулати скоро и да немаше. Ги проверив и јајниците, и тие фала Богу ми се во ред. Тогаш од една моја колешка, случајно дознав за Џули, која прави третмани со специјален тоник за против опаѓање. На почетокот бев скептична, не верував дека ќе успее третманот, но после две недели од третманот, мене не само што престана да ми опаѓа косата (нормално по некое влакно), туку почнаа да ми растат нови влакна. Јас сум многу среќна, и благодарна до небо, се препородив. имало спас - за нас
А каде е тој салон на Џули... во кој град, на кое место се наоѓа? И која е цената на тој третман? Однапред благодарна...
Мене не ми паѓа косата во некои количини, освен нормално по малку некое влакно кога ја мијам косата. Ама проблемот е покрај тоа што влакното ми е многу тенко и меко, и косата многу брзо ми се мрси. Од кога ќе ја измијам, веќе следниот ден ми е мрсна во коренот и некој цантиметар од коренот, и така ми изгледа ко да ми паѓа, а всушност е многу ретка... Било да ми е мрсна или свежо измиена, патецот многу ми се истакнува, а посебно накај шишките... Читав на форумов за повеќе шампони и рецепти на база на пивски квасец и за плакнење на косата со чај од лист од орев, па тие варијанти сакам да ги пробам... А инаку, имам многу шампони имам пробано, кои помогнале, но не трајно, а од кои пак никаков резултат, само ми ја мрселе повеќе косата и изглед на очајно ретка и мрсна коса. Некој подобар резултат имам видено од шампонот Субрина Рецепт и лосионот, осетив мало подобрување, помалку влакна во кадата, ама ако престане да се користи, а јас не го користев доволно, треба барем 2 месеци за да има некаков ефект, косата некој период останува во истата состојба, па постепено за некој период почнува да се враќа на старо. Па, дајте некој совет што да употребувам, дали да се вратам на Субрина или на која варијанта да одам, или предложете некое друго средство или третман. Во меѓувреме, чекам одговор од СКОРПИЈА за салонот на Џули поззз
Драги мои феминки, салонот е во центар, буквално во близина на зелен пазар, еве ви го телефонот, па исконтактирајте ја жената џули се вика исто како салонот 3238370. Па ако отидете на третманите, јавете како сте задоволни, ќе ми биде навистина многу драго, ако сум успејала да ,,спасам,, некого од такви грижи и нервози
Благодарам многу... Ќе се јавам за да пробам со тој третман. А инаку доволно е само еден третман? И колку чини тој третман? И дали дава плус некоја козметика која што редовно треба да се нанесува на косата?
девојки на мајка ми одкако смотаната фризерка и ја искасапи косата почна мнооогу да и паѓа пред 2 дена ја исфарба и и паѓа,многу , многу ( користи шампон Палмоливе против првут и еднаш неделно маска неутро) можно ли е да е од времето или има некој др фактор
Можно да е од фарбата.Една моја другарка пред неколку години кога се исфарба пола коса и попадна (се работеше за многу неквалитетна фарба).Нека посети дерматолог, да не случајно се работи за некоја бактерија на кожата на главата. Мајка ми користи маска против опаѓање, дома сама ја прави(мислам дека е со лук и рицинусово масло ама не знам точно да не те лажам). Исто така нека користи благи и неутрални шампони и нека ја измива косата со чај од коприва или камилица. Се надевам дека ти помогнав
А како се открива дали имаш бактерија на кожата на главата?треба некој посебни испитуванња д ати прават или треба само козен лекар да те види?и дали постојат некакви симптоми дали чеша главата или се јавуваат некакви мозолчиња,рани?инаку мене ми се намали опаѓањето користам шампон на vichy со аминехил,и вит Б5,Б6 и ПП.и ги зедов и амулите на vichy против опаѓање,од нив имам само три пати ставено и мислам сите до крај 18 да ги уптребам.и натурал веалтх,6 месеци ги пијам.само во последно време некако како да ме боцка по кожата на главата мози немам ништо ама сакам за секој случај да проверам.пишете кај треба да се испита,кои се симптомите и како се лечи и колку кошта? поздрав
Ах мене ми се случува еве веќе 3 месеци губам цели прамени, обично порано ми викаа поради ферумот ама ок ми е сега. Паника ме фаќа, земав еден шампон тука демек помага, само првут имам повеќе и никаква промена буу.. не ги прочитав постовите наназад, ама ќе морам да пробам нешто..
И јас ги користам шампонот и ампулите од vichy месец и пол и уште е рано да видам дали делуваат. Моето прашање е после колку време употреба забележа дека косата помалце ти опаѓа? И како ги ставаше ампулите мислам на колку време,јас ги ставам еднаш неделно како што ми препорачаа во аптеките а на упатството на ампулите пиши дека треба по три ампули неделно.однапред благодарам
шампонот го користам помалку од месец,а ампулите сега сега пред една нед,три пати неделно ,6 нед треба да се користат,ама пред тоа користев и алпецин,пред да го земам овој шампон,гледам да не се нервирам како порано за косата и да не се потресвам мислам дека и тоа ми помага,и натурал веалтх веке трета доза ја привршувам.
па јас земав шампон од 1 литар на Афродита од коприва али ќе треба во друго шишенце да претуриш малку од шампонот за да ти ги собере другите состојки и за да можеш да го измешаш
И заборавив да кажам дека веке не се фарбам,6 месеци се немам цела срека шо не ми се познава и мислам дека мене намногу ми пагасе од тоа ја фарбав секој месец а немаше потреба од толку често,и еднаш со кна ке се исфарбав еднасо фарба и се само така ,а сега брзо дознав дека не требало така да се меша од тоа опагала косата,и не треба менување на фарбата.последнит пат кога се исфарбав во мај страсно ме чешаше главата ме печеше мислам дека станав алергична.
Девојки пред 1 месец почнав да го користам шампонот Алпецин и отпочеток многу ми помагаше,но сега приметив дека косата повторно ми паѓа како на почетокот. Видов пофалби за ампулите од Виши,па сакав да прашам која е цената на истите и дали сте задоволни. благодарам однапред