Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Јас го користам Нирел,покрај тоа што е за опаѓање исто така е и против првут,и имам подобрување,ама почнав да не ја носам косата фатена во репче,повеке пуштена,мислам дека и тоа има голем удел :)
     
  2. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    нирелот си е добар,го користам 2 месеци и ми пагаат нормално по 5-6 влакна на чешлање...ама има мана што многу ја суши и заплеткува косата.......
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Нирел користам доста долго, да не претерам 2-3 години. Имам долга коса, скоро до половината и вистински сум задоволна, воопшто не ми се заплеткува. Што не е случај со другите шампони.
    Претпоследниот пат употребував друг шампон. Искрено мислам дека изгубив половина коса и плус неможев да се чешлам како што треба. Целата ми беше заплеткана и мрсна |( .

    Има и лосион исто од Нирел. Ви го препорачувам :) .
    Можете да се обидете и со него. Има доста големи и позитивни резултати кај многумина, па и кај мене. Минатата година го користев и сум презадоволна. Во комбинација со шампонот дава уште поефективни резултати и за пократок период, од прилика еден месец. И го спречува опаѓањето на косата и е против создавање на првут, црвенило на кожата...
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    За да не ја заплеткува можеш да ставиш регенератор на врвовите и по должината на косата
     
  5. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    VICHY DERCOS ампули и шампон VICHY ENERGYZING башка алкарегул таблети на природна минерална база или Олиговит 20, рибино масло обавезно.
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    И јас го користам Нирел шампонот. Сношти ја измив косата, а веќе денеска во коренот ми е мрсна. Дали ако се користи во комбинација со лосионот ќе биде подобра? Мене косата ми паѓа нормално, по некое влакно на четка кога се чешлам, ама влакното ми е многу теноко и слабо, и многу брзо ми се мрси косата, дури и после свежо миење, патецот ми изгледа поширок. Бев кај дерматолог и ми вели дека косата ми е добра, така било природно и демек дека од миење косата немала гајле, важно било само да не паѓа во ненормални количини и да нема црвенило и да не ме чеша. За кој и шампон го прашав ми рече можам да го користам. :rofl:
     
  7. Ice-age

    Ice-age Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Девојки може ќе ви изгледа смешно ама јас од баба ми научив дека расолницата е најдобар лек против опаѓањето на косата а освен тоа и ја зацврстува...
     
  8. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161

    Да се конзумира или да се става на коса? Ако се става на коса не мириса лошо? Се плакне косата со тоа или пред миење?
     
    На Insanity му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    ве послушав и пред една недела зедов Нирел , стварно е многу добар за парите (150ден), ме изненади , дури и при првото миење забележав резултат, сега само да ми кажете некоја финта за растење на нови влакна, оти периодов доста коса изгубив
     
    На rakakva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rakakva

    rakakva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    BlackSwan1990 напиша:
    "Девојки, не се залажувајте со Фолтен,Рецепт или некои др. работи.Јас имав гооолем проблем со опаѓањето,на миење прамени ми паѓаа,цела куќа со влакна,абе ужас.И по мое долго пребарување на нетов за мојот проблем,најдов на една српска страна еден рецепт за против опаѓање кој го применив и за моја среќа одлично функционира:Во шампон од коприва се ставаат 2-3 ампули Beviplex,1 шишенце пантенол и едно шишенце AD капки(маслен раствор).Пред да се измие косата,се масира скалпот со рицинусово масло и се остава да стои 1-2 часа.Откако ќе се измие косата се става маска за коса или регенератор(оној кој си го користите).Јас го користам шампонот веќе 2 месеци,а за тоа време косата ми порасна 10 см, повеќе од нормалното.Мене ми помогна,а се надевам и на вас."

    Девојки сега да се надоврзам на пишаното погоре....Дали некој друг од вас го има испробано ова и кој е резултатот?Би сакала да ја прашам BlackSwan1990 доколку го чита ова дали шампонот се држи на коса 1-2 часа или само маслото? Очајна сум висе ,бидејки мислам дека останав без коса :`(
     
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    Купи си таблетки Пантенол, јас ги пиев кога имав проблеми со косата.
    Исто природен лек, доколку има места каде немаш коса или е проретчена, е да ги протриваш местата со засечено чешне лук - верувај, мене почна да ми расте коса за 2-2 ипол недели (имав косопаст).
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rakakva

    rakakva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Mishela,а колку пати неделно или дневно ги протриваш тие места?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    81.187
    Пол:
    Женски
    Ставав секоја вечер пред легнување, утрото доколку беше потребно нели, ја миев косата.
    Меѓутоа прилично големо праменче изгубив и морав почесто, за побрзо да порасне, ако се работи за малку може и до 3-4 пати неделно. :)
    Мене не ми беше мирисот многу интензивен, ама доколку мислиш дека е потребно, шприцни малку спреј за коса, ама во косата, не на кожата од главата.
    Јас шприцнував маалку парфем, колку да се неутрализира мирисот на лукот. :)
     
  14. rakakva

    rakakva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Девојки пред малку добив информација која за жал не ми се многу бендиса али тоа е.Прочитав дека понекогаш причина за големо опагање на косата може да биде и проблем со тироидната жлезда :(.Тоа не значи дека сите го имаме тој проблем,но не е на одмет и да се провери.Јас планирам да го направам тоа испитување од понеделник,па со Бога напред,може нема да е до тоа дај Боже... Не се раочарувајте,сите ке најдеме решение.
     
  15. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Мене коста ми пага но по 3-4 влакна :lol:
     
  16. rakakva

    rakakva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Дај Боже на сите да ни пагаше по толку па оваа тема да не беше никогаш отворена...али тоа е:)
     
  17. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Еднаш прочитав дека до 100 влакна да паѓаат дневно било нормално. Не ми се верува и мене за тоа. А на вас?
     
  18. rakakva

    rakakva Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    0
    Во ред е да пагаат,неа пагаат,но барем да се регенерираат и да не го приметиш тој недостаток.Али проблемот кај нас е што тие пагаат,а нови нема никаде:(
     
  19. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    228
    Биден е некој на третмани кај Др.Анчевски да ми кажит дали вредит да се ојт или не :)
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    100 влакна епа и кај мене излгеда е нормално, влакна од мене има насекаде :puke: а да не зборувам кога ја чешлам мокра :x , кога ја сушам потоа и кога ја пеглам, потоа на креветот има влакна што можам да направам и надградба за коса од тоа :@ . Сега купив орзен од пиво гледам последниот пат немаше многу паѓање кога се чешлав. Среќа што имам густа коса па не се приметува инаку да имав некоја ретка коса до сега сигурно ќе бев ќелава :@ .