Јас имам користено ампули Keramine H и навистина се ефикасни. Ги има низ аптеките мислам дека се околу 700 и нешто денари 10 ампули. Се ставаат после миење на косата 1-2 неделно за женски. Не само што престанува да паѓа косата туку и ми стана побујна.
За против опагање на косата најдобар шампон е Фитовал,се спречува опаѓањето на косата и се потикнување растот на косата освен што е добар за против опаѓање на косата добар е за некој кои сакаат побрзо да им порасни косата.Јас го имав користено шампонот заедно са капсулите кои се пијат(1 на ден) и стварно ми покажа премногу добри резултати-не очекував.
Na site so vi paga kosata proverete prvo da ne slucajno vi e nisko zelezoto,poso mene nikad ne mi pagala kosata i proletta 2009 pocna mnogu ama onaka epten po celi snopovi,mi se cinese deka ke okelavev i slucajno se pogodi deka treba da pravam krvna sliki i koga ispadna deka e od zelezoto i jadev maltex i seme od kopriva sekoe sabajle na gladno i ne samo so veke ne mi bese nisko zelezoto ne mi pagase kosata,tuku i eve do sega znaci za godina ipol mi porasna okolu 25-30 cm
Какво е тоа семе од коприва, кај го има, колку пари е? п.с. Ива-мици душо, понатаму гледај да ти стане навика да пишуваш кирилица
Епа го имаш секаде каде што се продава здрава храна колку грама толку пари пр. 50 гр 50 денари а за една тегла од maltex од 450 гр доста ти е 100гр семе од коприва
јас имам многу густа коса, но гледам почнува да ми опаѓа, мислам дека тоа е бидејќи не јадам редовно I HATE FOOD
ALPECIN C-1 овој шампон побарајте го во аптеките на ЕУРОФАРМ 100% го има, јас го купувам од таму. Во други аптеки не сум го сретнала, а и го има во трговскиот центар Зебра во една продавница за козметика. Позз
И јас го имам тој проблем,кај мене е генетски..инаку лани ми опаѓаа по цели прамени од косата многу се нервирав.Сите ми викаа сезонски е амам кога ке се видев мислев дека без коса ке останам Тогаш користев шампон против опаѓање на коса го купив од аптека, фризерката ми го препорача ама не ми текнува како се викаше 150 денари беше..Јас сега ја мијам со чај од рузмарин и листови од орев и ми помага..ја мијам на три дена и тоа го спречува опаѓањето..пробајте ако не ви е гадно
Тука можете да прочитате за различни методи кои го спречуваат опаѓањето на косата, па се надевам некоја статија ке ви биде од корист http://khayyali.000a.biz/hair-loss/
Прочитајте повеќе за alopecija areata на следната страна: Zegin - Опаѓање нАлопеција ареата претставува автоимуна болест, при која имунолошкиот систем Се надевам дека ќе најдете нешто за себе, близок член од семејството, пријател или некој кого познавате, кој има проблем со опаѓање на косата..... Поздрав!
a kade moze da se najde ovoj sampon..????? i koja mu e cenata mene licno mi paga po golemi mlazovi po sekoe mienje
Па вака, јас имам многу ретка коса и да прашам дали со некој шампон против опаѓање на косата може да почнат да ми растат нови влакна, да ми се згусти косата? :?
Мислам дека нема да ти помогне ваков шампон..едноставно ти е ретка косата и тоа не можеш да го смениш..Ако некој друг има искуство нека те посоветува..јас мислам дека нема улога шампонот..
Овој Alpecin го има во зегин и мислам дека е околу 600 ден. (мислам 200 мл. ама не ме држете за збор) и е концентриран (може да се разреди со вода).
Пред неколку месеци и мене ми паѓаше косата мислам дека за неколку недели ми се преполови насекаде имаше само мои влакна и тогаш се одлучив да купам некои витамини за коса,нокти што се зацврстување бев во Зегин и ми ги препорачаа RIGENDIET капсули за коса,нокти и кожа исто така го купив и FOLTENE шампонот против опаѓање на косата заедно со ампулите и после две недели одма се осетија резултати косата почна се поретко да ми паѓа,а после еден месец целосно престана.
Луѓе јас полудувам еве последните неколку дена ми паѓа како луда и тоа баш напред исто како машка ќелавост. Незнам веќе што да правам. Моментално сум со менструација па неможам да одам да направам крвна слика, незнам од што може да биде, никогаш не сум имала ваков сериозен проблем. Ако продолжи да паѓа незнам што ќе правам. ДАј предложете нешто
Есен е, нормално е да има зголемено паѓање на косатса, во овој период се обновува влакното. Сепак ништо не те кошта да си земеш чај од коприва и камилица и наизменично на секое бањање да ја плакнеш. Друго, земи дополнително некој мулти витамински препарат, посебно витамин Ц, цинк, Б комплекс, бета каротен. Ако се фарбаш, одмори ја месец два. Користи бебешки шампон за миење. Имаше едно расение, баш читав што го инхибирало создавањето на DHT хормонот кој е виновен за појава на ќелавост, но не ми текнува како се викаше растението. Ако некој слушнал нека пише, а и јас ќе допишам ако ми текне или ако најдам. И немој да паничиш, најверојатно е само период. Земи си ги тие витамини и минерали, применувај ги другите совети што ти ги пишав и мислам дека ќе се среди. Едит Заборавив да допишам и рицинусовото масло многу го зајакнува коренот. Пробај!
Душо тоа е трагичното- земам минерали и витамини, правам маски со б витамин, ставам смеса со коприва и 96% алкохол, ја плакнам со чај од коприва, користам рецепт шампон против опаѓање на косата и место да се подобри последните денови ситуацијата е алармантна Полудувам, се мислам од што е, можеби од фарбата, незнам. Девојки да не сте во моја кожа
Епа штом така, одмори ја малку. Само природно масло од рицинус ставај и, не ја фарбај и миј ја исклучиво со бебешки шампон. Не и ставај регенератори, маски чуда, хемии не. Сигурно е период. И без нервози, стрес на се влијае па и на опаѓање на коса. Јас имав приметено во тек на сесија секогаш многу ми паѓаше, цели купчиња вадев после миење.