Не сум била за коса, ама фризерката ми кажа дека пратила неколку клиенти кои наводно ги влекле со месеци за пари, а немало резултати.......
Значи периодов ужасно ми паѓа, море ненормално ми паѓа, никогаш олку не ми паѓала. Има и за извоз ако паѓа, ама се прашувам зошто толку паѓа, дали дека есен или нешто друго е во прашање не знам. Се надевам не е нешто сериозно.
Не воопшто не мириса лошо,се става по малку колку да ти ја навлажни цела коса ќе потријаш исто како со шампон и ќе треба да ја измиеш косата еднаш повеќе со шампон одколку обично ...
Косата паѓа и од промена на времето,мислам од есен кон зима,пролет кон лето итн.Али пеглање никако и сушење само на минимална температура со фен.На прашањето на Rakakva,колку треба да стои шампонот а колку маслото?Рицинусовото масло како што сите знаеме е за згуснување на косата и треба да стои 1 саат,се става пред миење и добро се масира коренот со него.А шампонот на глава го држиш од 5 до 10 минути и после си се миеш нормално.После миењето се става маска за коса само на врвовите за полесно да се расчешла зашто од шампонов косата е многу крута.И не ја чешлајте косата кога е мокра зашто пукаат врвовите.
пробајтего новиот шампон од орифлејм од мед и млеко што е мене многу ми го пофалија дека ја потхранува и зацврстува косата јас го порачав да го пробам
да не испадни дека ги рекламираме орифлејм овде,ама и јас го порацав регенераторот од мед и млеко божем зацврстувал,па ке видиме
Прочитав денес една смеса против опаѓање на косата. Во врело маслиново масло се става една лажица мед и една лажица цимет во прав. Се држи на косата околу 15 мин. и потоа се измива. Пишуваше дека било многу ефикасно, па ќе видиме
Регенераторот не може да зацврстува од едноставна причина што се нанесува на врвовите а не на коренот
Феминки колку пари се таблетите Пантенол и шампонот Фитолав од прилика? Решив и јас да превземам нешто во врска со мојата коса, ненормално ми паѓа страв ми е да не останам без коса, сега прочитав дека било убаво и косата после бањање да се исплакне со чај од камилица па ке го пробам и тоа. позз
podolgo vreme mi paga kosata i iskreno da vi kazam nekoj poseben lek nema. stresot ima golema uloga vo toa. pusenjeto ,kandida, bilo kakva infekcija vo organizmot moze duri i rasipan zab,alopecija(maska kelavost toa e na predniot del na glavata) ima mnogu faktori od koi kosata moze da paga. citam ovde deka caevite pomagale..toa e laga.cajot moze da ima mal efekt no, korenot od kopriva e efikasen a ne cajot.. nekolku meseci se mijam so samponot vishy od koj malku mi go ublazi paganjeto na kosata no, deka kosata mi zgusna ke ve izlazam..
Јас денеска купив ореово масло, па да видам дали ќе помогне. А се става саат време пред да се мие косата. Мене не ми паѓа во големи количини, ама многу ми е ретка, што изгледа ко попадната
Во врска со маслата сакам да прашам кое мислите дека е најефикасно за зацврстување, читав на нет дека чичковото било добро, дали воопшто се забележува ефект од било кое и после колку време, и колку често се користат маслата и дали косата после миењето е мрсна или не? поз
Јас денеска купив од маркет ореово масло, па ќе видам дали ќе има ефект. И другите масла имаат ефекти, баш читав на пакувањата и од чичково, и од бадемово и од ореово и од други од Гала Фарм, има точно упатство како да се користи за коса и кожата на главата, како и за кожата на другите делови од кожата. Воедно, многу луѓе, а и во темава поназад прочитав дека се препорачува косата да се плакне со чај од лист од орев, многумина од тоа виделе резултат. Ама, кај да најдам сега на есен листови од орев, па се одлучив за ореово масло.
Stolcete luk i nanesete go na korenite,dobro izmasirajte go skalpot i ostavete da deluva najmalku pola cas.Potoa izmijte ja kosata so sampon...p.s.lukot mozda loso mirisa,ama e epten,mozebi i najdobar lek za paganjeto na kosa.Probajte...no za da ima efekt mora da go koristite barem mesec dena,inaku od ednas ili dva pati nema efekt.