Фалааа ти многу, баш ке пробам некои од наведениве работи да ги купам утре. Се надевам ќе ми помогнат. Уште еднаш фала. <3
Јас забележувам разлика од порано, сега кога ја мијам косата може да ми паднат само влакно или две, а и патецот сега ми е помал. А инаку користам Субрина Рецепт лосион против опаѓање, после малу време го масирам скалпот со чичково масло. Потоа треба да помине најмалку 1 час за да ја измијам. Кога имам време и по неколку саати ми стои маслото на косата. И ја мијам со АФРОДИТА шампон со пантенол и коприва против опаѓање. Се надевам за извесно време це ми се згусне повеќе. А за да изгледа погусто косата, понекогаш после миење ставам спреј за волумен од Нивеа.
Девојки, пред година ипол од долга густа коса која ми беше негде над половина се ишишав ептен ептен кратко. Додека ми беше кратка косата ми беше дури и ептен густа не можев никако да ја средам. Сега, како ми расте се поретка и поретка ми е. Користев шампон од коприва, ставам рицинусово масло, пијам б-комплекс по 3 на ден, пијам многу вода, чај. Пијам и Олигогал ама некако нема подобрување некое. Изгледам како да сум си ја лепела косава, ко глуварче некое... Сега купив Орзене за против опаѓање па ќе видиме. Да ми препорачате нешто на природна база за згуснување на косата?
Напишав веќе, пробај со Alpecin c-1 има неверојатни промени...прво престанува да ти опаѓа косата а потоа за едно два месеца почнува да ти растат нови влакна.
^ Еве некои совети ... Јас ги практикувам овие и косата воопшто не ми опаѓа Кога ќе се миеш миј се со послаб млаз и со млака вода, да не е жешка Пополека, нежно масирај го склапот со врвовите на прстите. Секогаш кога ќе ја чешлаш косата чешлај ја пополека, почнувајки од врвовите кон коренот, така нема да ти се куби. Можеш да го премачкуваш склапот со рицинусово масло исто со нежно масирање со врвовите на прстите. Се надевам дека бев од помош
Јас лани против опаѓање го користев Recept на Ilirija мислам беше и бев задоволна, потоа го сменив и сега го имам истиот проблем
Можеби некој го напишал ова до сега, можеби не, не можев да ги прочитам сите постови, ама еве и јас ќе споделам еден рецепт против опаѓање на косата, а воедно и за поздрава кожа на главата. Мајка ми многу години се бори со овој проблем. Одеше кај многу доктори, тревари и што ли не. Сепак косата и стануваше се поретка, а влакното се потенко. Еден ден и предложија да земе од овој шампон: Во него стави неколку чешниња лук, сечени на пола, за да може да истече нивниот сок и да се измеша со шампонот, и така да отстои 14 дена, па после да се мие како со обичен шампон. Абе луѓе, ако верувате, косата и се смени скроз, почна да и се обновува, да и растат бебешки влакна, што ги викаат, а влакното полека полека си го враќа својот квалитет. Сега само со таков шампон се мие. Повремено го менува со тој од коприва, од истата фирма, за да смени по малку. Јас имам мака со кожата на главата. Ми се прават лушпи и лишаи. Сум била на кожен доктор неколку пати, и никој не успеал да ми помогне. Почнав да се мијам со овој шампон. Сега кожата ми е скоро нормална, косата ми е супер здрава, а кога се бањам, на крајот кај одводот има само неколку влакна, а порано имаше по цела рака влакна. Пробајте, а ви гарантирам дека воопшто нема да мириса косата на лук.
и јас знам за овој сампон али не со лук...јас провав се али ова не..ми остана да го пробам ова со брезов и лук..ке престане опагајнето??кога ја мијам пајга многу коса.. и така сампонот не е скап..јас сите пари ги дадов на сампони се над 500денари и нисто..само пајга и пајга
Да чукнам во дрво прекина да ми паѓа косата. Не знам дали беше до периодот, стрес или многу нездрави диети, ама помина засега. Се потшишав, зашто не бев на фризер некаде 3-4 месеци претходно, некогаш косата знае и да паѓа ако не е соодветно потскратена и обновена. Не фрлам повеќе пари на маски и регенератори. Толку, кажав крај. Косата ја мијам со обчен шампон од коприва на Афродита, а сум слушнала пофалби и за оној од Алкалоид и овој обичниов зелен на Илириа. И најдоброто - капсулите на Фитовал. 60 капсули=280 денари во сите аптеки. Прво почнав со една на ден, од страв да не ми создаваат апетит и да не ме здебелат. Нема врска, се пијат после ручек со чаша вода и делуваат на косата гарантирано. Почнаа да ми растат бебешки влакна, а косата ми изгледа здрава и сјајна, дури доби и на волумен. После шампонирањето прскам само малку спреј Глис на врвовите и малку силиконски капки. Ниту регенератори, ниту маски, ниту бутур. Колку повеќе се малтретира влакното, толку повеќе се сплескува и замрсува. Нема фен, нема пегла, нема ништо. А да заборавив - и нема фарбање додека паѓа косата.
И јас имам проблем со опаѓање на косата, што не пробав ама ефект нема задоволувачки.Сега ми донесоа шампон Др.Форстер демек бил одличен ама сеуште не почнав со користење за да ги видам резултатите. http://www.amazon.de/Haar-Shampoo-Dr-F% ... B0013XVCW8
TI BLAGODARAM STO SPODELI...за скоро време ке пробам иако ми е малце страв да не бидне несто па да ми падне цела коса...цудно ми е со луков сто знам...некој други имам искуство со лук во сампон..???
Немам искуство со лук во шампон, но ако прочепкаш на интернет во мнооогу препарати за коса лукот е основна состојка, така да нема шанси да ти штети биди сигурна.
Нема теоретски шанси лукот да ти наштети. Тоа е најкорисното растение што природата го створило. Постојат и шампони што се продаваат со екстракт од лук, не знам дали и кај нас, ама во странство сигурно, така де не се секирај. Лукот никако не може да ти наштети
Не ми паѓа нешто драстично косата, може малце поинтензивно на пролет и есен ама ме интересира дали и покрај тоа смеам да ги пијам фитовал капсулите? Делуваат само за опаѓање или општо и за квалитетот на косата?
За опаѓање на коса - само лук ! На еден фамилијарен познаник во поодминати години му се направија залистоци на челото и многу му се повлече косата, па на тоа место си се триеше со пресечено чешне лук. Директно сокот од лукчето да се упие во кожа. Чим на овој постар човек му остана косата на глава со третманов со лук, зошто на млади луѓе да не би ни делувал? Имам слушнато и за отстојување на чешниња лук во ракија и после со памукче да се тапкаш низ глава...нели ракијава демек зголемува површинска циркулација па и луков со неговото дејство....ама ај да не претерувам со рекла - кажала на овој вака-на оној онака Зачувајте ја косата на било кој начин, со таблети или шампони или на природна база, таа ни е круна на нас девојките
Дечки ова со лукот после прво миење има разлика дали мириса? НЕ (не се така осеќа ко што мислите)... Ја продолжувам да го користам па ќе пишам конечен одговор после некое време.