јас сум најзадоволна од чичково, а погоре неколку поста имам напишано што се употребувам... а маслото го нанесувам на прстите си со нив поминувам низ косата, го масирам скалпот
не бе каков хидроген,во тоа е смислата..исто сум како со фарба фарбана црна,а не ми гори косата...кна,јајце и капки витамиинД илиАД КАПКИ тоа е се
Јас да си кажам за мене.Порано многу ми опаѓаше косата.Имам долга и густа коса и ја шишав ептен кога морав,значи само расцветани врвови.И почна да ми опаѓа и тоа многу.На бањање кадата ја полнев со влакна,на чешлање чешелот го полнев со влакна,каде одев позади мене влакна оставав..ужас! Сменив и шампони и се по ред,ама не оди.Откако почнав да ги пијам диане 35,хормонски апчиња,косата престана да ми паѓа.Значи ретко,ретко некое влакненце ми падне во текот на денот. Многу ми помогна диането..
Јас со овој шампон ја препородив косата, ставив лук малку и незнаете колку ми е мека косата и сјајна и волумен има и се а што е најинтересно косата ич не ти мириса на лук..
ќе ве замолам ако има некоја посебна тема за Косопаст или ако некој знае повеќе информации за него да ми каже....дијагностициран ми е Alopecia areata??
go koristam samponov poveke od edna godina i deka ima nekoj efekt mozam da kazam dka ima, no kosata ne mi se zgusna.mozebi treba da probam i nekoja maska no sepak mislam deka zagadenosta na vozduhot, ishranata i stresniot nacin na zivot vlijae na kosata...citam za razni infekcii od koi pagala kosata no koga ke gi vidam crncine vo etiopija polni so zaraza i infekcii a kosi bujni da ti e merak da gi gledas.....sepak genetikata i nacinot i mestopolozbata kade ziveeme vlijae na naseto zdravje...moze se da probame , da ublazime no toa e mislam samo momentalno, posle odreden period povtorno kosata ke paga...
vidi go ova http://www.shmuel-gonen.com/english/pictures inaku doktorov ima i fb profil https://www.facebook.com/shmuel.gonen?sk=wall
Лично го имаш користено шампонот? Дали состојките во него може да стапат во интеракција со некои лекарства што се земаат? Ако знаеш, те молам пиши ми... а ќе прашам и доктор
јас веке 3 месеци користев шампон од италија против опагајне,и дури сега забележав малце резултат ама скоро иц и сега треба да го сменам бидејки ми заврши последното шишенце и се мислам на коприва од илирија па ке видиме што ке биде..
за овај проблем лекот е само шампонот АЛпЕЦин друго ништо не се труето со апчиња и не си ги фрлајте парите за секакви шампони алпецинот е 500денари ама вреди...
Што помалку хемикалии на глава, тоа е подобро! Кожата на главата е нежна, па таквите хемикалии ја иритираат и надразнуваат кожата на главата, а со тоа ја прават ранлива!
^ Точно што се не ставаат во шампоните, најсигурно ми е шампон од бреза или копривача... Меѓудругото сакам да кажам доволно е и два пати неделно да се мие косата, од често миење влакното се суши и пука. Еве еден лек против опаѓање и зацврстување на косата: Едно јајце, една кафена лажица мед и една супена лажица кантарионово масло. Течноста се нанесува на косата се масира и скалпот, а потоа замоткајте ја во пешкирче да отседи половина час. Јас пак вака правам еднаш неделно со некои измени : нанесувам чичково масло да ми отседи околу 5-6 часа, потоа ја правам смесата од јајце, мед и наместо масло ставам една лажичка маска за коса.
Јас имам многу густа коса но многу ми пага.Понекогаш кога се бањам кога ја плакнам косата мислам дека во рака ми остануваат по цели прамења коса.Почнав да го користам шампонот Nirel (го има во Зегин) и навистина многу ми помогна ,опаѓањето значително се намали. Е сеа работата е во тоа што тој шампон не може да се користи долго (мада јас го користев без прекин скоро година дена) како и секој друг шампон бидејки косата и скалпот се заситуваат и може да има контраефект или да му се намали дејството. Така да моја препорака на сите што им пага косата е да почнат да го користат тој шампон и гарантирано после неколку месеци ке забележат разлика.
И мене наеднаш почна да ми паѓа косата, тоа изгледа од што користев јаки шампони, затоа решив да купам бекутан и стварно ми е сега мн подобро речиси ич не ми паѓа кога се бањам
од сите шампони ампули и серуми на крај ова ми помогна најмногу иако изгледа шашаво http://mk.lush.eu/shop/product/product/ ... 148/id/38/КОСА-Тврди-шампони-new- а и ми траеше подолго од 2 месеца