Алпецин и шампон од коприва со б6 апчиња и тадааа нема толку да ви опаѓа, само треба да се стрпите за резлутати
мене оваа ми помогна листови од орев ке ги сварите како чај и после миенје ја плакнете косата 2 пати неделно и 2 пати неделно ке ставате рицинусово масло да стое околу 2-3 часа, шампон единствено од овие на илирија од бреза или коприва... и стрпете се многу влијае исхраната и стресот мора да бидете многу упорни јас го имав тој проблем 3 години и што ли не пробав.... сега сум подобра, не ми е кој знае колку густа но имам и нови влакна и плус е појака, и ако ја фарбате, пеглате или фенирате прекинете веднаш, уште полошо ако ја шатирате ви посакувам срека девојки и БИДЕТЕ ХРАБРИ НИШТО НЕ Е ИЗГУБЕНО
Девојки се сум пробала и уште ми опаѓа косата сега сакам да пробам да ја тријам кожата од главата со млад лук викаат дека тоа помагало многу,е сега може мириса непријатно ама тоа е ..пробала некоја од вас? шо викате ке има резултат
Јас си го најдов мојот шампон-конечно. Е сега поскап е околу 800 денари-ама имало спас. Ај што ми е масна косата, па уште почна и да ми паѓа. Прво го користев повремено за масна коса од истата линија, но пред 2-3 недели се префрлив на овој и одличен е. Кај мене барем 100 пати поефикасен е од Алпецинот-кој немаше ефект и почна да ми ја перути косата. 2-3 пати неделно се употребува, ама со задолжително масирање на кожата на главата. Со малку истрајност-резултатите гледам дека се солидни Во линијата гледам има и некој серум против опаѓање, ама тој незнам каков е.
Мене сега почна нагло да ми опаѓа косата, ама верувам дека е поради времево...секогаш ова време ми опаѓа... А, од поранешно искуство мислам дека од обичниве шампони скоро никој не помага. Најбитна е храната од внатре која ја примаме.
Jas se porodiv pred 5meseci ama vo poslednive 2meseci premnogu mi paga kosata znacci ako pominam so raka ccelata saka mi e polna so kosa. Pijam apcinja merz sprecial drazei ama dzabe nisto ne pomaga i pocnuva da me faka strav...sega citam tuka i ke probam so ovoj samponot alpecin sto go preporacuvate... POZDRAV do site feminki
Нормално е после породување да ти паѓа коса бидејќи претпоставувам дека го доиш бебето. Само продолжи со витамини и без гајле. По некое време ќе забележиш како ти расне нова коса
ne ne go dojdam samo prviot mesec i tolku bese sega veke 4meseci ne go dojam a veke 2meseci kako sto mi paga kosata :/
Mене после бањање ми паѓа косата, може е и нормално не знам, неколку туфчиња, не ме потресуваат ептенски, зашто само тогаш ми паѓа и 2-3 влакна при чешлање,а вака не, како и да е се враќам во употреба на биотин и на фитовал капсули
Веќе еден месец ми паѓа коса, само влакненца вадам од врат, од блузи, рамења....а да не зборувам после капење кога е водена косата...аууууу - веќе хистерија ме фаќа, се плашам и да ја мијам косава, а лето е , фитовал шампон и капсули сум пиела ама не ми помагале....морам друго да пробам. И да одам на лекар - ќе ми речи стрес, нервоза...а кој не се нервира???
Стресот е неизбежен дел од сечиј живот. Свесни сме дека тој штетно влијае на целокупното здравје, а особено на косата..., но што да правиме? Не можеме да го избегнеме, за жал Ни преостанува да се потрудиме барем да го намалиме. И мене доктор-дерматолог ми рече да не се нервирам и да не мислам на косата, но како? Едноставно, не можам Дали маслата помагаат за поттикнување на растот на косата? Колку често треба да се користат? Дали треба да се направи пауза од нивната употреба или може да се применуваат подолго време, на пример една година? Кое масло е најдобро? Јас пред неколку месеци се имав намачкано еднаш со маслиново на целата коса, во комбинација со банана (како маска), имав ставено и мајонез 2-3 пати, но од тоа косата стануваше многу мрсна и мислам дека штетно ми влијаеше на квалитетот на косата - густината, ми се намали волуменот на косата Можеби погрешно сум употребувала, не знам. Сега се плашам да ставам масло и само на коренот на косата, т.е. на скалпот. Какви се вашите искуства околу ова? Дали ставате масло еднаш неделно пред миење глава и дали има ефект или само предизвикува дополнителна штета? Дали пиењето на витамински таблети/капсули треба да биде повремено или може да се пијат повеќе години? Јас пиев една година и половина секакви таблети (додатоци во исхраната), сега правам пауза. Од кои таблети/капсули најмногу сте задоволни? Имам уште едно прашање. Ставав лосиони против опаѓање на косата. Ја масирав кожата на главата со памук. Забележав дека ми се разранува кожата на главата, т.е. имав мало делче од кожата во косата, како првут (забележа член од семејството). Сте имале вакво нешто? Која е причината за ова? Дали е масирањето по ставањето на лосион или може да е од шампонот од коприва и други додатоци (тој што се прави со додавање на ампули, АД-маслени капки, капки од коприва и пантенол)? Овој шампон го почнав да го користам пред кратко време. Прекинав со ставање на лосион...
Jас сега си купив Pецепт шампон, Mерц капсули, не се баш ефтини, ама ајде и за нокти кожа се, па ги прежалив, и фитовал капсули пак, па ќе видиме
Зошто ми паѓа косата толку многу ми е страв да не ја изгубам,кога спијам и потоа цел кревет е во влакна целата куќа е во влакна и тоа од мојата коса.Го користам Head & Shoulders и ми одговара ама пак ми паѓа.Што мислите од што може да е,инаку во последните неколку месеци имам големи нервози.Ве молам за совет..Благодарам!
И мене ми паѓа косата. Не премногу фала му на Бога, но сепак. Баба ми ми рече да си ја плакнам косата со чај од коприва. На еден пријател на таткоми му имало помогнато многу, па и јас реков ќе пробам. Вчера си ја миев косата и после миење си ја исплакнав со чајот од коприва па сега ќе видиме какви се резултатите. Ви советувам да пробате, нема што да изгубите, а јас ќе ви кажам дали мене ќе ми помогни плакнењето со чајот од коприви.
Vichy-Dercos-top linija ne samo za opaganje na kosata tuku i protiv perut,medicinska nega,doktor mi go kaza i eve do den denes go koristam....
Мене пред 5-6 недели отприлика ме фати страшна паника, косата почна да ми опаѓа многу повеќе од порано. Прво купив шампон Фитовал, не приметив некоја разлика. Аптекарката рече дека треба да помине некое време за да се видат резултати. Некако брзо изгубив трпение и ме фати паника да не останам без коса, па си купив Мерц таблети, ги пијам редовно веќе 2-3 недели и има подобрување дефинитивно. Не знам дали Мерц ме спасија, или комбинацијата со Фитовалот, ама знам дека е добитна, и не ја менувам веќе
Еве што најдов пребарувајќи на google Етеричните масла кои се наоѓаат во билките работат на јакнењето, хранењето и фоликулите на косата. Доколку имате проблем со опаѓање на косата, ние ви нудиме неколку совети, како на најдобар начин да ги искористите благодетите на природата како вашата коса би била што побујна, поздрава и поубава. Масло Маслото од јојоба може да се користи за оштетена или кршлива коса. Неговите лековити својства добри се кога се губи косата, предизвикани со пукање. Нанесете го маслото на измиена коса исушена со крпа. Маслото треба да отстои на косата половина час. Чичковото етерично масло може да го поттикне растот на косата. Ова масло делува така што го стимулира обновувањето на клетките на косата и крвта. Маслото од чајно дрво може да се користи за додавање на влажност на вашата коса, а ја намалува количината на масло кое го произведува вашето теме. На тој начин се спречува појавата на првут. Додадете неколку капки чајно дрво на своето теме секоја седмица. Исто така можете да додадете неколку капки чајно дрво и во маслиновото масло за поблаго дејство. Маслото од лаванда може да се користи за лечење од губењето на коса бидејќи тоа го поттикнува процесот на оздравување. Можете секоја ноќ да го втриете ова масло во вашето теме. Маслиновото масло исто така е одлично за вашата коса. Тоа ја храни косата и и помага да и се врати еластичноста. Билки Рузмаринот и жалфијата се билки кои треба да се кристат заедно како би се поттикнал растот на косата. Сварете ги заедно рузмаринот, жалфијата, лист од праска и коприва. Исцедете ги билките од течноста, а потоа користете ја течноста за миење на косата. Овој третман можете секојдневно да го користите. Босилокот е билка која ја поттикнува циркулацијата. Тој е најдобар за мрсна коса. Нането користете го доколку сакате да го негувате и поттикнете подобрите циркулацијата на крвта до коренот на косата. Нането е најдобро доколку вашата коса е тенка или косата споро ви расте. Сварете ги билките и користете ја течноста за миење на косата.