Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Луѓе и јас го имам тој проблем, навистина после капење.. лом, само фати ја косата и сами паѓаат.. почна страв да ме фаќа..
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Недостаток на витамини и мене ми паѓа веќе 2 год. па не ми паднала цела уште океј ми е :D
     
  3. SamoSvoja

    SamoSvoja Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Дали к'ната помага против опаѓањето на косата и за зајакнување на коренот на косата? Колку често треба да се бојадисува косата со к'на? Дали постои некаков начин да се зголеми волуменот на косата? :worried:
     
  4. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Денес го купив фитовал шампонот, е сега дали само него да го користам, или прво со друг шампон да се измијам па потоа со фитовал? инаку за секојдневна употреба го користам од илирија (коприва).
     
  5. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Добар ви ден.Постои сапун на база на билки, го има во Рамстор во холот каде сто се продаваат сапуните.Инаку се од англиско потекло на Lach.Јас го користам истиот веќе неколку години и ми престана паѓањето на косата.Чини некаде 490 денари ама трае доста, еднаш се сапунира косата се преплакнува и толку.Пробајте можеби и вам ќе ви помогне.Поздрав.
     
  6. SamoSvoja

    SamoSvoja Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Девојки, дали би било добро во направениот шампон од коприва со додатоци (АД-маслени капки, пантенол раствор, капки од коприва и бевиплекс ампули) да се додадат неколку чешниња лук?

    Дали некоја го користи лосионот Ревитин и колку е задоволна од него? Дали помага и овозможува растење на нови влакна?

    Каде може да се најде к'на? На колку време може да се става к'на на косата?


    Денес една жена ми кажа еден рецепт против опаѓање на косата-0,5л јака ракија (од 54 или 56 степени), 50 чешниња лук и 50 дршки од трендафили да се стават во стаклена тегла. Течноста требало да стои 40 дена под сенка, а потоа секој ден по 2-3 пати да се става на косата. Вели дека неа и' помогнал овој рецепт.

    Има толку многу рецепти, човек да не знае кој е вистинскиот што дава добри резултати :^)
    Имам испитано речиси се, се е во ред - и крв и хормони и тироидна жлезда... Не престанува да паѓа :( Можеби ќе земам капсули фитовал. Мислев да направам подолга пауза од употреба на таблетки, но најверојатно нема да биде така. Не можам да се опуштам, само на косата мислам. Премногу сум загрижена ;(
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    Лук да ставаш во шампонот немој, шампонот се прави така по рецептата и го користиш се додека има ако ставиш лук можеш да замислиш како ке почне да мириса по два дена плус на жешково, не би сакала да се миеш со таков шампон верувај.

    Кна имаш на битпазар, 5 пакетчиња за 150 денари мислам беа или 130, другарка зема пред некој ден, а ја ставаш по потреба исто како фарба, штом почне да ти се гледа коренот, т.е. твојата боја на коса, за разлика од фарбата кнава не ја оштеува косата ама си ограничена на две три нијанси само.

    За спрејов ревитин имаше по други теми доста пишувано за него и го фалеа, земи го нема ништо да изгубиш, плус не е многу скап.

    А ова рецептов што ти го дале ми е многу познат мајка ми го имаше овој проблем и и го дадоа рецептов, ама она не се осмели да го направи и беше страв поради ракијата да не и ја исуши косата она и така имаше сува.

    Него на другарка од фарбање почна да и опаѓа косата и фризерот и реков 1 шолја оцет јаболков да раствори во 4 шолји вода и да ја испланке косата со ова, кај неа имаше ефекти.
    Исто другарка има проблем со ова ама најверојатно кај неа е вроден, и пиеше некои таблети на диетфарм, нутивал се викаа, баш сеа ја прашав по телефон околу 150 ден во зегин се, кај неа и помогнаа за ноктите ама за косата не, како што пишав кај неа беше друг проблемот.

    Види на темава имаа пишано измивање на косата со чај од рузмарин два пати неделно. Пробај не се жали што има толку многу рецепти сигурно ке најдеш еден што ке ти одговара од толку многу, жали се ако нема

    Едит сеа глеам пишале за сапунот од лаш, пробај
     
    На SamoSvoja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tweety88

    tweety88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Ме интересира дали откако ќе ја измиеш косата со сапунот можеш убаво да ја расчешлаш или мора да се користи некаков регенератор/маска за да не биде заплеткана?
     
  9. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    Ме советуваа тироидната да ја прегледам и консултации - одам на лекар наскоро
     
  10. SamoSvoja

    SamoSvoja Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Фала simoncelicius. Добро е што има многу производи против опаѓање на косата, но јас досега не сум нашла некој што ќе ми помогне, за жал. Откога започнав да го користам направениот шампон од коприва (од пред 2 недели) почна да ме чеша косата на главата (многу непријатно чувство) дури и истиот ден кога ќе се измиев. Имав двојна доза направено-залудно потрошени пари :( Сега планирам да го користам шампонот Алпецин Ц1, мислам дека е подобар-добар е првенствено за кожата на главата (има доста пофалби за него, а и го имам дома барем да не купувам, брат ми го користи). Купив капсули фитовал, ќе купам и спреј ревитин, па ќе видам дали ќе има некаков ефект. Инаку ја измивам косата со коприва, ќе пробам и со јаболков оцет и рузмарин. И кај мене опаѓањето е на генетска основа - најтешката причина :( Нема откажување, надежта последна умира.
     
  11. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    8.498
    Пол:
    Женски
    немој се одеднаш да ставаш, почни со нешто и користи го подолго, барем неколку месеци, па види дали ке имаш ефект, и никако не се откажувај
     
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Неможам да најдам слика.Ама мислам дека ќе сфатите за што станува збор.
    Значи вака.Одкога почнав да го користам црниот спреј на Глис,и косава тотално в крај почна да ми паѓа.Дали е до спрејов или од нешто друго е? Јас сум преплашена,после секое чешлање си има бааѓи влакна на чешелот.
     
  13. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски

    Изгледа до периодов е. Мене никогаш во животот не ми паѓала коса али еве сеа почна и кај мене,се чудев и јас од што ми е ама на времево е :)
     
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Обично секогаш ми паѓа коса при миење, посебно откако ќе ставам регенератор, ама во последно време многу, ама многу коса ми паѓа. Дури ми станува страв дека ќе останам без коса, па откако ќе ставам регенератор не ја влечам толку многу. Цели купчиња ми се мотаат околу прстите. Среќа имам густа коса па не ми се познава дека ми опаѓа. Исто при чешлање многу ми опаѓа. Којзнае од што е. Планирам да си купам некој шампон против опаѓање, па ако може да ми кажете некој што стварно делува.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.463
    Пол:
    Женски
    Може косата да опаѓа од регенератор, ама се зависи од самата коса, кожата, организмот, но и регенераторот. На мајка ми ужасно и паѓа кога ќе стави регенератор, па таа одамна не користи. Подобро користете маски за коса, или пак масла.
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Ќе морам да ви се приклучам во клубот. Косата веќе цел месец ми паѓа.
    Ако ја исчешлам мислам дека цела ќе ми падне.. Уште три влакна ми останаа на глава. :(
    Не знам дали е до Глис спрејот или регенераторот пошто и јас ги користам. И сумњам дека е од нив.
    Сега прво нешто што ќе направам: ќе закажам кај фризерот, и ќе се консултирам кој втор чекор да го направам.
    Баш ме испоплашивте со тироидната.. :sweat:
     
  17. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Се ме стра дека без коса ќе останам,преска ја измив поминав со прстите абре прамен си паѓа фино лепо.
    Нели има периоди кога паѓа косата,а мојава незнае за период порано
    во есен само ми паѓаше така повеќе а сега кога си фати од ноември некаде си паѓа и си паѓа
    никако да престане.
    А немате помим колку густа коса имав многу ми е криво ;(

    Ама кога ќе се вратам дома ќе пробам со брезов шампон гледам неколку страници наназад некои феминки велат дека баш тој шампон помагал .
    Па после користење ќе ви пишам какви резултати ќе има .
     
  18. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Девојки и јас го имам истиот проблем косава ми паѓа ненормално. Значи кога и да ја фатам во рака имам влакна плус кога ми е пуштена влакна насекаде се влечат. Страв ми е да ја мијам веќе после бањање кога ја чешлам тоа грутки, топки влакна има. Не можам да ви опишам значи дланката отворена цела собира една топка влакна. Порано го имав истиов проблем ама не вака драстично ми помогна многу Нирел шампонот ама за жал повеќе го нема по аптекиве не го увезуваат. Не знам дали на некоја од вас до волку и паѓа косата. На кожно ми викаат дека ако имам нови влакна не треба да се грижам, витамини, Мерц, ама ништо не помага, претажна сум...
     
  19. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    девојќи моја другарка имаше ист проблем како вас и на косата ставаше домашна подготвена смеса
    од еден филџан маслиново масло да зоврие па се додава една лажица мед и една мала лажичка цимет сетотоа се меша и се става на косата 15 мин пред да ја миете незнам колку и помогна ова но можете да пробате нема што да изгубите
     
    На Cielo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    А колку апчиња б6 да ставам во шампонот? една табла или... ??? :)