Јас се исконсултирав со мојата фризерка и зедов Фитовал шампон и Placenta ампули за опаѓање на косата. Скоро една недела го користам шампонот а од ампулите имав прилика да ставам само еднаш меѓутоа промените веднаш се осетија. Косата ми се врати во нормала, па дури можам да кажам дека во животов не ми е била толку здрава. Нормално дека има две три влaкна секогаш што ќе паднат после миење на косата.. ама тоа абнормално паѓање го снема. Изгледа сега ја има негата која што ја посакува. Јас на сите ви го препорачувам Фитовалот. Не знам за колку време ќе осетите промени ама шампонот навистина многу помага.
Devojki eve vi proveren i evtin recept, go sprecuva opaganjeto na kosata, go potiknuva rastot i go vraka sjajot: Sostojki: -Brezov sampon na ILIRIJA od 250ml (go ima vo Ramstor marketot i cini 80 den) -AD kapki (voden rastvor) polovina od kapkite se stavaat vo samponot -2 ampuli B6 i 2 ampuli B12 (vo Zegin se najevtini) seto toa se mesa vo samponot i se koristi normalno kako i sekoj sampon,pred sekoja upotreba na samponot treba ubavo da se promesa zosto sostojkite se na povrsinata. po nekoe vreme koristenje rezultatite se neverojatni. probajte!!!
Мене почна драстично да ми опаѓа косата од пред два месеци и страв ме фати бидејќи никогаш толку не ми паѓала Си ја проверив крвта и железото ми е паднато,па матичната ми даде терапија и ми кажа дека и тоа што ми е ниско железото може да предизвика така опаѓање на косата. Јас и кажував на мајка ми дека доста ми паѓа косата,и сега пред некој ден кога виде колку влакна паднати има кога се бањав и таа се исплаши. Сега сакам да си земам шампон фитовал или пак да ја направам комбинацијата со шампонот од коприва и ампулите б6 и б12 ама морам нешто под итно да превземам
Јас прочитав дека шампонот од коприва од ИЛИРИЈА го спречува опаѓањето на косата.Го зедов денес да го пробам па ќе видам што ќе биде.Дали ќе има некаков резултат
Денеска ја испробав оваа маска за коса Прекрасна коса со маска од квасец Дали вашата коса изгледа сува и безживотна? Сакате да ја направите блескава, да не паѓа и без првут? Нема ништо полесно од тоа – направете си маска од квасеч. Квасецот содржи висококвалитетни протеини и многу други хранливи состојки, чиј што недостаток води до опаѓање и кинење на косата. Маската од квасец го храни коренот на влакното и ја прави косата поздрава и со волумен. За приготвување на маската ви е потребна една коцка квасец, на тоа се додава една лажица мед. Се остава да отстои на топло место еден час за да започнат процесите на ферментација. Нанесете ја маската најпрво на скалпот а после и по должината на косата. Ставете шапка за капење и останете со маската 1 час. Само после неколку процедури ќе се радувате на поубава и блескава коса.
Дали во државава Р.Македонија или во соседството постои соодветен доктор за да дијагностицира од што ти паѓа косата и да ти даде соодветна терапија? Ако постои таков доктор, клиника специјализирана ве молам пишете! Моето искуство за 1 година опаѓање на коса е следно: Косата почна да ми паѓа лани во јуни, мислев дека е од стрес бидејќи имав една хируршка интервенција, но косата постојано ми паѓаше. Лани август бев кај др. Анчевски ми даде Мерц таблетки и Алпицин шампон (Алпицинот инаку пред него ми го препорача мојот фризер). Резултати никакви, ноктите ми се подобрија-зацврстија, косата ништо. Во ноември отидов во Дермамедика кај др.Пешиќ, ми препиша Мерц таблетки, Алпицин шампон и 10 ласерски третмани. Резултат од ласерот косата станува пожива, се поднамали опаѓањето но нови влакна нема. Во април оваа година бев кај др.Ирена во Воена болница, ми препиша Мерц таблетки + Биотин, Шампон Плантур 39, Пилфуд 2%. Од се ова не го користев Пилфудот оти читав по форуми дека ако еднаш почнеш да го користиш доживотно ќе го користиш. Резултати никакви-косата и понатака паѓа. Во јуни бев во Државна клиника кај др.Весна, ми прпиша пантенол, синодерм гел и анафаза шампон.Резултат зголемено паѓање на косата. Во јули пак кај др.Анчевски, ми препиша Керамине терапија (шампон, маска, ампули) + 8 третмани со ласер кај него во ординација. И од ова жив ужас. Косата во прамени почна да ми паѓа. Некој викаат дека умрените влакна побрзо паѓаат, за да се ослободи место за новите. Но за 2 месеца терапија од Анчевски јас ново влакно не видов. Бев и кај др.Вај, ми препиша терапија која сеуште не сум ја земала зошто жената ми кажа се зависи од организмот. Во меѓувреме пробував со сите рецепти од лук, рицинус, ад капки, пантенол...искрено ми се смачи. Инаку за 1 година ги испитав сите хормони по 2 пати (дури и хормоните што не се испитуваат во мк, туку крв се праќа во странски лаборатории)- се е ок, АНА тестот е ок, немам полицистични јајници или било какви други гинеколошки проблеми, крвната слика ми е одлична, не работам со хемикалии, стресот е нормален како кај сите што живеат во ск во 21 век. Темето веќе ми се гледа на главата, не ми се излегува од дома, а кога сум надвор ич не се чуствувам убаво, во депресија сум. Ако навистина некој имал ваков проблем и го решил или нашол добар лекар било во земјава или во странство ве молам пишете! Однапрет многу ви благодарам
мене мноогу ми паѓаше косата ама многу ми помогна шампонот против опаѓање на еуген перма со ѓумбир мислам дека или така нешто...поскап е ама е концетриран се користи доста долго!
Јас мислам дека е зелен. Моментално има акциско пакуванје 200+200 мл гратис за околу 145 ден. И јас се мислев дали да го земам, ама после волку пофалби уште утре го набавувам. Се надевам дека е тој
кој е подобар од фитовалот жолтиот или црвениот има ли некој задоволен од него јас пробав алпецин мерц нирел и никаков резултат не видов си паѓа повторно ???
Жолтиот е подобар бидејќи тој е против опаѓање,црвениот е за сува и оштетена коса. Кој алпецин користеше и колку време?
жолтиот е поефикасен од црвениот затоа е и поскап, колку што јас знам тој е 300 денари ама 100 мл, додека црвениот е 200 мл а околу 250 денари, ако не се поскапени сега. Како и да е жолтиот е многу појак и побрзи резултати дава. Јас долго време го користев, за таа цена е навистина добар, го спречува опаѓањето, косата има волумен и растат нови влакна, но во споредба со Фитовалот е многу послаб, особено жолтиот или правилно се вика Фитовал плус, тој има појак ефект.
Alpecin C1 Caffeine go koristev i nikakov rezultat ne vidov prvut si dobiv samo ...pa sega sakam fitovalot da probam nema sto ne probav i nisto do sega od bujna kosa sto imav dojdov na pola
Јас ги пијам и капсулите фитовал, и фитовал жолтиот го користев ама не видов резултати, сега го купив Биоксин, поскап демек и поубав бил ми рече аптекарката, па рано е уште да кажам за резултати.