Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. bitter-sweet-delight

    bitter-sweet-delight Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите,
    Сакам само да прашам зошто сите земате некои си скапи шампони и што ли не друго?
    Моја препорака, е да пробате да си измиете коса со чај од коприва, мислам дека може секој втор ден со оваа метода. Еден од најбитните фактори за опаѓање (ако не е наследно) е стрес. Обидете се некако да го контролирате (природен начин: Бедоксин или Персен). Искрено не верувам во скапи шампони дека би можеле да функционираат зашто во коса стојат само 10 до 15 минути за време на туширање, а тоа е премногу малку за да дејствува.
    Поздрав до сите.
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Персен искрено незнам шо се прв пат читам дај кажи и шо цена се фала
     
  3. bitter-sweet-delight

    bitter-sweet-delight Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Персен се користи као средство за смирување, за полесно заспивање. Ги има обични и ги има форте (посилни). Најбитно од се е дека се на природна база. Ги има по аптеки и нема потреба од рецепт. Се зема едно дневно (т.е ке ти кажат најдобро у аптека како иде) за смирување на стрес. Цена не се сеќавам колку беше али ефтини се. Значи ако си под стрес овие се добар начин за смирување на организам, зошто докажано е дека стресот води до губење на коса.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ок фала многу
     
  5. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    Моментално го користам Алпецин Ц1, рано е за резултати.Порано го користев Алпецин С1 но само месец дена. Читав на еден англиски форум за видливи резултати алпецинот треба да се користи континуирано 4 месеци.Сега за сега не планирам да го менувам, ќе чекам да минат 4 месеци па ако нема резултати ќе го менувам. А се надевам на резултати. На секое миење на косата ставам б комплекс ампула и пантенол.Потоа косата ја плакнам со чај од коприва и на на крај ставам синодерм гел.
     
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски

    БРАВО БЕ! Јас веќе две недели сум со нервози и стрес ( љубовни проблеми -.-) и две недели косата никако не престанува да ми паѓа, постојано си паѓат по неколку влакна :@ ;( a тoa Персен што ѓи имаш напишано, таблети ли се или? :* :* :)
     
  7. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    2.584
    Цела сум во паника девојки ;( Косава ненормално многу ми паѓа,ќе поминам со прсти низ неа и цела рака полна со влакна,кога се бањам прамени ми паѓаат страв ме фаќа да се бањам.Гледам бајаги ми е изретчена :sweat: Пијам Мерц и користам фитовал ама слабо резултати..Можно е да е некоја озбилна болест? Иако овој период цело време сум многу нервозна... И сакав да ве прашам нешто во врска со Фитовалот: може да се користи во комбинација со друг шампон или ќе нема ефект така?:/ На пример првото миење со Фитовал а второто со друг шампон.Имам земено мало шишенце од 100 милилитри па брзо ќе ми се потроши ако го користам при две миења и плус ненормално ми ја заплеткува косата ;( Ај ве молам пишете...
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Не смееш да ги мешаш апчињата. Или од едните пиј или од другите. И исто за шампоните важи. Ако се миеш со еден нека е. Косата ти паѓа од што си нервозна и под стрес. Ќе помине тоа и ќе заприметиш дека ќе ти се врати се во нормала и косата нема да ти паѓа толку. Прво реши си некои проблеми ако имаш зошто верувам дека мн. те мачат, штом почнала толку да ти паѓа косата :) :) :)
     
  9. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    2.584
    Имам проблеми ама љубовни :lol: скапани еднии бе хахаха...мајками ме замара да се шишам дека косава ја немам скратено скоро 8 месеци и ми вика дека од тоа ми било-.- јас мислам дека шишањето нема никаква врска со паѓањето пошто косата од корен паѓа а не од врвовите...се надевам дека брзо ќе помине,само се плашам нешто озбилно да не е,страв ми е да отидам на лекар ;( а и последен пат на лекар кога бев крвта ми беше слаба,можно е да е од тоа? Слаба крв,ослабен имунитет? Ќе си умрам бе леле,без коса ќе останаам ;(
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те заплашувам ама ако ти е слаба крвта и ако си анемична косата од тоа ти паѓа. Имав една школска со таков проблем. Ќе пиеш апчиња за крвта ќе биде се во ред. Оди на доктор и почни да пиеш нешто за да ти се зголеми бројот на еритроцитите. Со тоа ќе ти се зајакне и косата. :!: :*
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    А од кога ти паѓа? Паметам едно време во летниот период ненормално многу ми паѓаше. Само период беше, помина после. Можно е и да е од нервози.
    Провери си ја крвта во секој случај.
     
  12. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.302
    Допаѓања:
    2.584
    Од пред околу 2-2ипол недели мнооогу почна да ми паѓа ;(
     
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Најитно на шишање!!!!!! 8 месеци не си ја шишала и сакаш да е квалитетна косата?
    Девојче , и јас го имав тој проблем, значи ненормално ми паѓаше косата. Не ја шишнав 5 месеци, бев на подстрижување пред една седмица. Е сега гледам не ми паѓа повеќе. Незнам дали е од тоа дека влакното е кратко па не приметувам и кога ќе падне, или навистина паѓањето се намали до минимум, но мене ми се чини дека не ми паѓа повеќе.
    И јас се мачев со свашта Мерц, брезови шампони, фитовали, рицинусово масло, а бе свашта. Ништо не ми помогна.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Пишав пред некое време дека го користам Фитовалот. Од тогаш па до сега имам потрошено едно шише, сега го користам второто. Ненормално многу ми одговара, ама прашањето ми е дали ќе можам редовно да го користам и покрај тоа што косата веќе не ми паѓа?
    Ако некој знае нека пише. :)
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Зашто да не користи го! Само убаво би било да го менуваш за друг сличен и пак да се навратиш на него, некаде читав дека косата наводно се навикнувала на состојките на шампонот односно станувала отпорна и немал ефект. Наизменично користи го! Можеш да го смениш за Алпецин, Фитовал-жолтиот, Рецепт против опаѓање некои такви слични.


    Ау Нема шанси, камо среќа да е толку, пред некој ден прашав 450 денари е но со зголемена милитража, порано беше околу 300 и кусур ама 100 мл, а сега е 200мл=450 денари. ;)
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    ^ Да не си грешка нешто? 200ml е 220 ден. :)
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    тоа црвениот е 220 денари, а жолтиот е многу поскап.
     
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Жолтиот го користам. :D
    Можеби му ја качиле цената.
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Вчера се запрепастив колку коса ми падна и додека се бањав, чешлав, а да не зборувам додека се пеглав. Китки, китки. Ама не се грижам сега. Мислев дека е од нешто од препаратите што ги користам, ама овој период секогаш многу ми паѓа косата. Не знам зошто, а и колку ми е густа добро би ми дошло да се изретчи самата малку. :lol:
     
  20. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Леле стварно не знам што е работава.И мене ми паѓа косава ненормално многу.
    Инаку не користам ништо посебно,како маски и такви работи.Се шишав пред 2 месеци.
    Ако знаете нешто да ми препорачате,а да не претеруваме со цената,би било од корист. :)