И порано ми паѓаше ама не толку откога почнав да се фарбам ненормално ми паѓаа косата.А особено кога ќе се избајнам и да ја исчешлам тогаш цел чешел од моите влака е полн Инаку користам од фарбите на Гарниер.Дали и на некоја друга и паѓа повеќе коса откако почнала да се фарба?
Леле исто!мислам дека за кратко време без коса ќе останам.И јас ја фарбам,не знам дали е до фарбата. Луѓе ако има некое решение,кажувајте,само не претерувајте со цена
Дали поради менувањето на сезоните, или како последица од агресивните процедури како термичка обработка и бојадисување, стрес, диети, лоша исхрана, болест, терапија или нешто друго, понекогаш косата паѓа и ние немаме конкретен одговор зошто. Меѓутоа ова може да се спречи ако помошта ја побараме во природата и точно од оние два наши омилени продукти: компири и мед. За целта потребен ви е сокот од еден голем свеж компир. Измешајте две лажици од сокот од компир со една лажица 100% гел од алое вера и лажица мед. Добиената смеса откако добро ќе ја измешате се нанесува најпрво на скалпот и се масира десетина минути. После тоа косата се витка со најлон и од горе се покрива со затоплена крпа. Вака треба да стои 2 часа. Маската се аплицира два пати седмично се додека косата не се стабилизира и престане да паѓа. mislam daja probam ovaa maska...
имав премногу убава коса но има веќе еден период како што ми почна да ми паѓа И некако мие изречен но исто така имам нови мали влакенца полно незнам дали ми се обновува или ја губам
И јас го имам истиот проблем и јас ја фарбам и ми се чини дека без коса ќе останам. Јас мислам дека е од фербањето
Aбе и мене онака ми паѓа, и на бањање, ама не ми е проретчена . плус некои скапани влакна се тие што паѓаат, расцветани, така да мислам дека си се обновува косата. Jас и по кучето мое и мачето гледам и нив им паѓаат многу влакна
Да ве прашам, (не ми се смејте) можно е сезонско опаѓање на коса? Мене овој период задолжително почнуваат да ми паѓаат повеќе влакна. На едно чешлање од 10 до 15 влакна сигурно. И приметливо е, на перницата имам, на креветот кога се ваљам со дечко ми. Е сега, јас си претпоставувам дека ми е од намален имунитет, со што се борам секоја есен. Ама фрка ми е, поготово кога ќе го видам чешелот. Знам дека треба да внесувам Б витамин, си купив б-комплекс веќе. Друго чаре има?
Сезонско е, и мене овој период и на пролет ми паѓа премнооогу.Во последно време дури и страв ме фаќа. Се си мислам од маски, капки и чуда што ставам на коса ми е, ама не знам... На чешлање исти случај како тебе, а и додека се бањам, па и онака да ја истегнам цела коса одеднаш по неколку ќе паднат. Не знам дали е психа, ама во последно време и косава ми се изретчи. Јес да го сакав тоа, ама дали што сум пократко од било кога шишана или нешто друго е-немам поим. Ќе чекаме зима па да помине оваа *сезона* И не, не се зезам, најозбилна сум-сезонско е...секоја година исто па исто. И не е само кај мене, и мајка ми, сестра ми, другарки, сите кукаат.
Сезонски е, денес читав во весник баш за есенското паѓање на косата. Поради менување на климата од топло кон ладно, на што телото комплетно е најосетливо, тогаш и косата многу повеќе паѓа. Напишете на гугл есенско паѓање на косата и ќе видите колку многу статии имате. Треба повеќе внесување на витамин Б, железо и цинк.
и јас се прашувам истотп...преоптеретена сум со косата,скоро 2-3 години уназад постепено полека ама сигурно си паѓа... темето ми се гледа многу се плашам....едно време користев к,на мислам дека нешто имаше подобрување ама ни приближно доволно...еднаш испитувава тироидна и се бесе во ред..од тогаш само крвна слика имам испитувано ама немаше проблем.. скоро се што сум слушнала сум пробала...ама џабе (((((
На мене ми е сигурно сезонско. Бидејќи секогаш почнува ова време да ми паѓа, кога заладува. А на мајка ми и паѓа и лете и зиме. Ставаше некои ампули еден месец (еднаш неделно) и тогаш престана да и паѓа, сега пак, а пари се нема секој месец по 1500 да дава. Некое долготрајно решение бара. Повеќе коса и останува на чешелот (а ретко се и чешла поради истата причина, само со некоја четка колку да не и е бушава) отколку на главата.
Девојки дали има некоја од вас што користела некој од 101 HAIR CARE производите против опаѓање на коса?
Добро е, не сум била само јас Си помисив дека ова си го увртев во глава за да ми биде полесно, ама ете стварно било така. Јас сум подиплашена затоа што обемот на репот, кога ќе ја фатам косата во раце, ми е некако помал. А нема шанси да ми се има толку изретчено само во овие две недели. Неделава само риба на репертоар за ручек.
Не сакам да правам реклама, сакам само да споделам искуство на мои блиски личности кои имале проблем со опаѓање на косата и како најефикасно решение се покажал Спојлер Алпецин шампонот. Сакам да прашам дали некој/а има искуство со овие таблети? Спојлер На Natural Wealth во Зегин ги гледав, околу 300 и нешто денари беа, па се мислам дали да ги земам.
Периодов приметувам дека многу ми паѓа косата. И тоа не само кога се чешлам туку и вака кога ќе потегнам со раката по 10 влакна сигурно паѓаат. Бев малку загрижена ама еве, сега што ве читам дека на повеќето ви се случува тоа. Па не би требало да е страшно, можеби е навистина сезонски . Ама се плашам да не ми се оретчи косата.
Еве и јас да се приклучам кон друштвово. И мене периодов многу ми опаѓа косата. Искрено за разлика од порано кога се замарав, користев Алпецин, витамини и чуда, сега ништо не променив... мислам дека тогаш кога купував се живо специјално, ништо и не ми помогна. А мислам и дека е сезонски. Баш во новиот Космо магазин има тема околу опаѓањето на косата во есен. Земето и читнете.
ЕВОНИА 56 капсули/80 г ·Го поттикнува растењето на косата ·Му дава растечка сила на коренот од косата Евониа капсулите се додаток во исхрана и го поттикнуваат растот на косата, преку директно дејство врз коренот на влакното. Активните компоненти се внимателно избрани за да се обезбедат најдобрите хранливи состојки неопходни за растот на косата. Најдобриот извор на Омега-3 Масните киселини во растителниот свет се ленот (Linum usitatissimum) и камелина (Camelina Sativa). Покрај овие две растителни масла, Евониа капсулите содржат и масло од Грчко семе(Trigonella foenum graecum L.) кое е богато со Омега-6 масни киселини. На овој начин е обезбеден вистинскиот однос помеѓу Омега-3 и Омега-6 масните киселини (2:1). Тиаминот е важен ко-ензим во метаболизмот на јагленохидратите, кои ги врзуваат протеините во влакното. Рибофлавинот влегува во состав на два флавин ко-ензими, кои имаат важна улога во искористувањето на кислородот од страна на телото и создавањето на енергија, како и за синтезата на протеини и масти. Ниацинот ја поттикнува циркулацијата во скалпот на главата. Пантотенската киселина е значајна во спречување на опаѓање и побелување на косата. Витаминот Б6 спречува опаѓање на косата и учествува во создавањето на меланин, кој е одговорен за бојата на косата. Заедно со пара-амино бензоевата киселина (ПАБА), истотака го спречува побелувањето на косата. Витаминот Б12 го спречува опаѓањето на косата и го одржува растот на косата и нејзината структура. Биотинотучествува во создавањето на креатин и го спречува побелувањето на косата. Недостаток од Биотин може да предизвика опаѓање на косата. Витаминот Д е значаен за лојните жлезди, кои се патот по кој стигнуваат хранливите состојки до коренот на влакното. Доколку функцијата на лојните жлезди се наруши, ќе се намали растот на влакната, косата станува кршлива и на крајот почнува да отпаѓа. Витаминот Е ја поттикнува циркулацијата на скалпот, која е неопходна за растот на косата и овозможува нормална исхрана на влакната од косата. Цинкот е значаен за нормално формирање на фоликулите на влакната, а воедно и спречува опаѓање на косата. Метионинот има значајна улога, делувајќи како активатор на синтезата на креатин. Дневна доза (1 капсула) содржи:
1. Сега е нормално опаѓањето на косата, посебно, после долгото и жешко лето, каде косата е уморна и сува... Како што паѓаат лисјата на дрвата за да се обноват со нови, така и на главата паѓаат влакната... 2. Влакното кое треба да падни, ќе падни, не верувам дека некој шампон ќе го задржи на глава. Алпецин, мене ми е типичен машки шампон, го имам пробано, ама немаше некој посебен резултат, а го платив скапо.
и мене страшно мн.ми паѓа косата мн.ми е ретка уште да ми паѓа све пробав секакви шампони моментално го користам Алпецинот и никакаво подобрување џабе парите џабе све истото ми рече фризерот да земам таблети кој внатрешно ќе ми ги обезбедат витамините за да ја зачувам косата и да ми расте нова шампон како шампон делува 5 10 мин и толку мн.сум загрижена ајде пак сега овие таблети ќе ги барам ги има во аптеките?колку коштат?