читав на една страна за сезонско опаѓање на косата и процитав дека ако паѓале 10 влакна дневно било сезонски а ако паѓале повеќе било од некоја болест дали е вистина тоа????? ве молам за одговор
ако е до 100 добро е 10само на едно чешлање на сабајле а после тоа преку дено уште колку само паѓет ама надеш ми се малите влакенца со ми никнува денес купив сампон рецепт па ке видам дали ке продолжи д ами паѓа д ане имал некој искуство со овај шампон?
Мене веќе почна да ме фаќа страв дека ќе останам без коса ако продолжи вака да ми паѓа. Бидејќи не ја чешлам косата никогаш освен пред бањање не знам колку влакна ми паѓаат тогаш, ама кога ја мијам косата ми паѓаат по цели прамени. И тоа кога ќе видам колку коса се насобрало откако ќе завршам, паника ме фаќа. Плус секојдневно од паркетот во соба кревам по цели купчиња коса. Не знам дали да паничам со причина и дали е нешто сериозно, или да оставам да помине сезонава на паѓање на косата. Секогаш ми паѓале по неколку влакна коса при бањање, ама ова е премногу.
Еве еден добар микс - чичково масло (се става на коренот со блага масажа и се остава да дејствува 1 час) и шампон од коприва. Еднаш во неделата и резултатите се видливи (зборувам кај сезонско паѓање на коса).
не ги најдов тие таблети ни во насите најснабдени аптеки за жал и се консултирав со фармацефт ми ги препорача германските апчиња Б6 кој се за кожа коса и нокти доста биле ефикасни а и мн.ги земале по 2 во денот пијам пак сега ќе видиме резултат дали ќе има 2дози најмалку треба да испијам за да се забележи резилтат така ми рекоја па ај да видиме сепак ти благодарам
Мене многу ми паѓа косава, од август некаде па наваму. Секогаш ми паѓала некои периоди од годината, но олку многу никогаш, иста ситуација како и Тенкаи што пишала погоре. Две работи имам сменето од август месец. Една лоша навика стекнав, почнав многу да си ја чепкам косава , во коренот,рацете ми се буквално нон-стоп во глава и втора работа колку што се сеќавам тогаш почнав да го користам црниот спреј на Глис. И сега, дали е случајност или не,не знам... Веќе и на допир ја чувствувам изретчена, порано кога фаќав репче ми беа полни шакиве со коса, сега..ко да држам еден прамен. Ви се случува ли вакво нешто на тие кои го користите црниот Глис спреј?
Eве истото и го пишав и на Cтарфиш, а ве читам сите, значи заклучок- Cезона на косопад Hе се плашете до толку бе, а ако веќе ви е страв, или фитовал капсули, поекономично, 100 пати ги препорачав, а и пак ќе ги препорачам, ептен се вредни,а кој може и поскапо, Mерц, ги фалат многу, јас не ги пијам, оти апетит отвараат,а мојот и така не е за жалење, па уште толку да ми се отвори, бакрот чичково масло баш сега во продавница видов, 110 денари е, шампон гледам напред Pецепт против опаѓање го фалат, тој ви е 150тина денари, коприва шампон, бреза ви се добри, имате економични. Eте жени, толку можам да ви помогнам
Тоа што ти се рацете во коса е добро, освен ако не ја чепкаш со нокти. Али ако ја масираш со јагодиците на прстите тоа е одлично, ја зголемуваш циркулацијата на кожата, така и побрзо расте! А за спрејот не верувам дека може толку да влијае, сепак е мала количина Ама како и да е сите такви регенератори, спрејови и сл најубаво е да се користат на косата од ушите надоле, не на коренот така да ако ставаш на коренот прекини некое време па види дали ќе има разлика. Јас го користам жолтиот ама не прскам на коренот. Инаку и мене почна да ми паѓа после одмор, исто во август и уште си паѓа али како што пишале сите нормално е за периодов. Само мене ме интересира до кога вообичаено трае периодот на митарење? П.С. во литература ќе сретнете нормално е да паѓаат по 80-100 влакна дневно, е сега на тие со долги коси секогаш им се чини дека им паѓа по многу пред се затоа што се плеткаат во купче и изгледа како да имате мало крзнено животинче после бањање во када А, исто така ако ја носите постојано врзана и тоа може да е причина за додатно опаѓање, јас по мене приметив затоа што во последно време најчесто ми беше собрана особено на факултет ваму таму, затоа што ми смета до лице да ми се допира, али сега како замена ги собирам само предните прамени па ставам штипче позади.
Девојки, масиновото масло е исто така добро против опаѓањето на косата. На мајка ми ненормално многу ѝ опаѓа, па редовно става масло на корените. Јас го практикувам на цела коса, повеќе на коренот и врвовите, а низ косата онака поминувам со претходно шлапната дланка во масло - иф ју ноу уат ај мин. Засега ова се покажа ефективно, само што јас редовно ставам чичково масло, немам пробано со маслиново одамна, ама во план ми е. И Фитовал шампон или капсули се сосема океј. Мене кога-како ми опаѓа; понекогаш навистина од коса вадам мали персиски мачиња, понекогаш две-три влакна, еве денес ич и се надевам дека така и ќе остане.
Mиш миш, тоа чичково масло добро ли е? Jас имам и маслиново, ама чичково не, се думев дали да го земам, ама ете не го земав ! Jас имам слушнато за ова со маслиновото, што пиша, дека се става на корен, добро е па ќе пробам и јас, и јас ќе шлапам глава у со тоа A јас имам слушнато и за јајца, поточно жолчки, сега незнам што и како некој ако знае??
Лудо, мене чичковото ми е ептен по кејф. Се жалеа некои форумџики дека не им мирисало убаво, ама мене ми е океј и мирисот. Одамна го практикувам тоа, да ставам еднаш неделно на корените и на врвовите, ми дава многу убав сјај, таков природен ко апла здрава коса, а уствари врвовите пампарче ми се. До душа, сега гледам и многу споро ми пукаат, си има метил ама мноооогу малку, не е како што беше - за месец дена, метла коса.
баш сега го имам овој проблем. незнам од што е ,можеби бидејќи постојано ги мењам шампоните па од тоа да е )
Јас ги пробав шампоните на Илирија и навистина се добри, презадоволна сум, косата престана да ми опаѓа.
Луѓе помошшшш!! Си купив од БИОКАП шампонот заедно со ампулите и се опрчив 1900 ,оо денари и го пробувам шампонот пред два дена прв пат и ме пече ненормално главата боже незнам дали е тоа нормално или не,да не си направам поголема беља
Искрено ако те пече скалпот не ќе да е на арно. Налет тие пари, не си го иритирај скалпот. Веројатно шампонот не ти одговара... Јас секојпат мислам добитна комбинација при опаѓање е витаминска бомба, АД капки, б-витамини во шампонот плус природни маски.
И јас имам проблем неколку месеци со опаѓање - бев на доктор, ми рече дека има 3 причини - една е намалено железо, второ - тироидна, - трета - инфекции во организмот, највеќе на гениталлите. Е сега, направив крвна слика денес, и пап тест - па да видам што е како е... ама докторката ми препорача многу витамини по природен пат - бар сега имало јаболка и грозје... и Метз пилулите биле убави и за коса, и за нокти и кожа....пда да видиме