Пецкањето може да е од што реагира шампонот, не мора да значи дека е лошо, почекај, не мора веднаш да ги фрлаш. Всушност тоа е меч со две острици, може и да чини и да не чини, зависи како кога. Јас се мислев да го земам оној сапун од катран, за сабореа, некако пак почна да ми се прави, ќе се обидам, нема да биде лошо а? Лани се одадов од пари давање за Фитовалот, го користев цела зима и села пролет, и за само 3 месеци пак ми се појави, епа ми иде да се ишишам ќељава. Мене плус и многу ми опаѓа, ми опаѓа а пак има коса за извоз, не знам од кај излегува таа коса, секое миење по цели шаки коса, а ќе се исуши и пак џбун толкав ќе ми се напраи. Се ми е влакна по дома, ко со Јети да живеам, на сите страни ми се влече коса испопаѓана. Треба да го направам дефинитивно тоа со Бкомплксот веќе, доста беше одложување
Мислам дека на топ-шоп рекламираа еден производ за тоа...не сум пробала ниту сум слушнала на кој начин функционира и дали воопште функционира па неможам повеќе да ви дадам информации. Спојлер според мене од топ-шоп нема да е на арно
Мене сега пред некоја недела страшно ми паѓање косата. Тоа беше неверојатно.Влакна имаше насекаде околу мене. Мој совет е да користите помалку агресивни шампони,бидејќи најчесто паѓа косата од шампоните.Вака ми кажа мојот дерматолог.
За себореја купи си кетоконазол ама не треба редовно да се користи туку 2 пати неделно и незнам дали има одредено месеци ќе видиш во упатството. Инаку тој е единствен што е наменет специјално за тоа и првут и помага. А за паѓањето би ти препорачала ампули на Виши многу се ефикасни ама дури после 3 месеци редовна употреба ќе ги забележиш резултатите, барем кај мене така беше. Проблемот со паѓањето никогаш не се решава наеднаш треба да се биде упорен во лечењето. Освен ампули можеш да си купиш и витамини за коса Мерц и некој шампон, и никако не користи регенератор, имам читано дека тоа е штетно.
Јас пред некој ден бев на фризер, и за жал, фризерката ми потврди дека многу ми опаѓа косата. Ми порепорача третман со ампули што трае пет дена, поефикасен бил од употреба на шампон против опаѓање. Значи, ампулите се ставаат после миење на косата, се држат пола час па се плакне косата. И тоа мора да биде пет дена последователно. Има ли некоја од вас искуство со ампули да сподели?? Мене ми е проблем што секој ден ќе треба да ја мијам од понеделник до петок, а тоа не го практикувам ниту сакам. Па да дали да пробувам со ампуливе....
Верувај, не е само кај тебе. Јас се загрижив сериозно од кога приметив колку коса имам во стегачот за коса, значи буквално ми се преполовила, и бев Кога бев кај фризерката моја пред недела време, и кажав и она ми рече, да, многу ти паѓа, гледам, ама не е само кај тебе, овој период на сите им паѓа, нема некој да дојде а да не го каже тоа, истото е и кај мама. Значи чешелот е страшна глетка после секое чешлање, се надевам само дека ќе прекине побрзо додека не бидам со 5 влакна. Решение е да не ја собираме косата многу во пунџи, репчиња, или плетенки, едноставно да ја оставиме да дише, пошо ова е период на паѓање коса, исто како кај животните, смешно и страшно ама тоа е. А за ампулите јас имам ставано, пред едно две години некаде, и за некое време прекина паѓањето коса. Мајка ми ми вика, ти паѓање два месеци, на крај стави, и ти прекина, а всушност на сите ни прекина, помина периодот, демек не било до ампулите, ама како и да е, многу ми помогнаа, според мене предобри се. Само што додека ми ги ставаа многууу ме печење, ама се издржува
Паѓањето на коса може да е од стрес,диети или хормонално нарушување.Но исто така како што се митарат животните и кај човекот во периоди паѓаат поголем број на влакна. Штетните влијанија од преси,фигара,фенови,лакови,пени,јаки и агресивни шампони и маски може да имаат удел во паѓањето на косата. Користете благи шампони кои се наменети за секојдневна употреба,пример јас го користам од коприва и сум задоволна каков волумен добива косата и не ми се мрси. Сум читала и на српски и на хрватски форуми дека овој период речиси на сите им паѓа косата,а како најделотворни им се покажале шампоните од коприва,нирел медицинскиот или виши. Поздрав.
луѓе ве молам помгајте косата значи ми стана пола на пола незнам дали е од времево или наследно од баба дедо дали можно е тоа или треба да биди од татко и мајка некој нека ми објасни околу ова рбаота навистина сум загрижена многуууууу
И мене ми паѓа косата од средината на септември па наваму и страшно се нервирам и кога си го факам репчето како потенка ми е мајка ми е лекар и вели дека било нормално од крајот на август па до крајот на ноември да паѓа косата повеќе ама јас сум многу нервозна и секој ден и ја покажувам а она ми се смее и вели 100 пати ти кажав дека е нормално за овој период да се стрпам ке престане ми препорачаа шампон од коприва и ампули б6 , и дека што и да правам ке си паѓа таков бил периодот немало причина за паника , а шампонот од коприва ја зајакнувал косата па ке пробам
ја разгледав темата гледам многу го препорачуваат алопецин , јас прашав во аптека ми рекоа дека е за мажи кои страдаат од алопеција дека само првут ке ми се створи
Мојата коса е со многу тенко влакно,а и во последно време почна да ми опаѓа Ви текнува ли како беше рецептот за појако влакно,во шампон се ставаа оние ад капките и уште што
Б комплекс ампули, Б 6, Б 12, ад капки, пантенол и по можност капки од коприва кои јас никогаш не можам да ги најдам
јас како што знам се става во шампон од коприва , 3 амппули б комплекс , по 30 денари во аптека се една ....
луѓе незнам што да мислам веќе за косава од една страна ми паѓа а од друга страна мајка вика полна си со нови мали влакна дали е можно косата пола да ти остани поради обновување или има друга некоја причина
Од денеска и јас почнувам официлајно да го користам. Имам другарка исто која го користи скоро една година, кажа дека е задоволно, од бањање само по 1-2 влакненца и паѓале кога се чешлала. Па се надевам ќе се подобри ситуацијата и кај мене