Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Дали е поради промената на температурите или сезоните, дали поради бојадисување, лош сон или диета, понекогаш косата како да си го собира багажот и го напушта скалпот без да дава никакво објаснување.

    Маската што ќе ви ја понудиме за да го решите овој проблем се подготвува од нашите омилени храни – компири и мед. Земете еден голем компир и изрендајте го. Исцедете го сокот од него.

    Измешајте 2 лажици од сокот од компир со лажица гел од алое и лажица мед.

    Нанесете ја смесата во корените и нежно масирајте. Покријте ја главата најпрво со најлон, а од горе со крпа и оставете маската да делува 2 часа.

    Маската се применува 2 пати неделно, додека косата не се стабилизира и престане да паѓа. А во меѓувреме можете да уживате во здрава, мека и сјајна коса, бидејќи маската ја подобрува и структурата на влакното.


    PREVZEMENO OD BOZA.MK :)
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас го земав овој Pецепт, ќе го пробам, не е скап
    плус чичково масло турив на главата, најдов по дома, збутано, па ајде и тоа да се проба :D
    Eве сега дремам па ќе ја плакнам косата

    Oд фитовалот капсули, скоро месец ги користам, убав сјај ми доби косата :)
     
  3. joliee

    joliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Dragi moi jas vejke podolgo vreem go imam ovaj problem vejke 1 godina i nema sto ne probav kosata mi e dovedena od taja sto ja imav bujna kosa na pola od nervozi kraj nemozev da najdam sto li mi se slucuva si velev napraviv mn ispituvanja si rekov ne daj bog nekoja bolest ajde ne e do toa zemav alpecin i toj ne mi pomogna nitu nirel nitu fitoval edna aptekarkka mi rece da napravam maska od edna zolcka cicikovo maslo i B6 vitamini ja napraviv vidov rezultat ama mora vitamini da se zemaat gi zemav merz gi koristam 2 meseci i konecno mi se opravi osven toa ne loupajte pari na skapi samponi site gi probav kopriva od ilirija i 4 B6 ampuli i sve na red ce dojde veruvajtemi go pominuvam toa ...
     
    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Еве мене како да ми е смирено има по некое влакно , пиев б- комплекс една табла испив еве на втора сум , и шампон од коприва како помалку да паѓа не знам дали е до б-комплексот и шампонот или сезонско па си престанува само со тек на време :D
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.083
    Пол:
    Женски
    Почнувам да кревам раце,неколку месеци пиев пантенол,б комплекс мерц дражеи и се залудно,резултат зголемен апетит а за косата помош никаква,користев од најскапи до нај ефтини разно разни шампони,сега зедов од афродита од коприва и ставив неколку б комплекс не ми паѓа косата нормално по некое влакненце само.....муабетот ми беше нешто да ми кажете ако има за волумен на тенката коса нешто :lol: како се справувате вие споделете нешто :lol: колку посакувам да си ја имам назад бујната коса која никако не можев да си ја средам со часови :devil:
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Луѓе бе косава не престанува да ми паѓа кога видов до кој степен ми е се депрмирав . и онака имав ретка коса сега ми е поретка од кога било ! И попусто шампони и апчиња ништо чинам не помага ми е страв веќе фобија ќе фатам кога ќе треба да ставам чешел во коса :sweat: :worried: ќе престане ова некогаш ? ? ? Паника ме фати . Сите ми велат до промена на времево ама нема шанси ова да е нормално едно чешлање цела туфка коса . Ќе ја пробам маскава и повеќе вештачки ствари не пробувам ем скептик сум дека ќе помогнат ем ми е страв да не направат поголема штета .
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Стресот прави да опаѓа косата и нема лек за тоа.
     
  8. Miss.stojanovska

    Miss.stojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Еве го моето искуство...

    Јас имав и обично ретка коса но никогаш сум немала проблем со опаѓање на косата... до пред 3 години кога почнав на факултет и кога почнав да паничам и да спијам само по 3 сати за време на колоквиумска недела ми се појави и тој проблем... Кога викаат дека секој здравствен проблем има психички корени тоа е најточното нешто...
    Јас се разочарав од тоа колку малку знаат докторите за овој проблем... и матичната и два дерматолози кои ги посетив.... кататсрофи... „Од стрес ти е не се нервирај“ Жити се? Пробај ти да не се нервираш со толку проблеми и плус на сето тоа со професори кои очекуваат да имаш компјутерска глава
    Тогаш ми ги препишаја мерц дражеите, синодерм гел и бе-комплекс... од мерц не видов никакво подобрување на некои им помагаат но мене не... јас само качив 4 килограми за два месеци тоа беше се.
    Косата ми се преполови кај и онака беше ретка па плус ја имав и до половина долга и морав да ја скратам до раменици (не затоа што викаат дека долгото влакно е повеќе тежина и повеќе паѓа косата тоа си нема врска едно со друго мене смао ми беше здосадено да гледам свои влакна насекаде и можев да се обесам на нив).
    Најмногу ме нервираше што паѓаа здрави цврсти влакна.
    Пробав секакви шампони... фитовал, виши, алпецин и нирел... се изнададов пари затоа што стварно бев очајна и мислев дека поскапите производи можат да ми помогнат. НИШТО!
    После речиси половина година го пробав РЕЦЕПТ... комбинација шампон а потоа и лосион... мене ете за чудо тоа е единствениот шампон којшто ми помогна... ми го запре преголемото опаѓање на косата и почна да расти нова коса.
    Но тоа не беше се што ми помогна.

    Еве што се е мојот лек за опаѓање на косата-
    - рецепт шампон (145 денари)
    - рецепт лосион 2 пати неделно (169 денари)
    - чичково масло 2 пати неделно (89 денари)
    - синодерм гел после миење на косата на сува коса (78 денари)
    - фитовал капсули против опаѓање на косата (затао што и недостатокот на витамини и минерали се проблем кај мене кој води кон опаѓање на косата меѓу другото) (280 денари за два месеци)
    - домашен рецеп на баба... за ова ја сакам уште повеќе :) - во тегла комова ракија се става главица кромид исечен на неколку делови неизлупен, две гранчиња рузмарин и едно мало лажиче каранфилче зачин за да не мириса многу кромидот... да стои 15 дена со промешување на теглата секој ден... потоа да се прецеди... со ова се масира главата ссекоја вечер гарантирано утрото косата нема НИКАКОВ мирис!
    - заборавање на тоа што е фен, пегла, фигари, лосиони, регенератори, вештачки маски и што ли не...
    - а да... и почнав да ставам црвена `кна еднаш месечно затоа што навистина го зацврстува влакното и косата ми е далеку поздрава

    Сакав ова да го споделам со оние кои го имаат истиот проблем.

    Јас сеуште имам проблем со сезонското опаѓање на костата но не е ни блиску до она опаѓање од пред година-две или три кога започна тој проблем... НО... ова терапија целосно ја применувам последниве 3 месеци... пред тоа користев само рецепт шампон 6 месеци...
    Бидете трпеливи... за производите да ви дадат први ефекти ви требаат најмалку 3 месцеи а за да с еврати косата во нормала и паѓањето да се сведи на нормала треба да се користи терапија од година-година и половина зависи... некогаш и две или три... јас не се откажувам :)
    Јас и од толку мал период имам подобрувања. Дури и ова сезонско опаѓање кога очекував дека ќе почнам пак да се давам со влакна ми паѓаа само 10тина на миење на косата што е и нормално при нормално сезонско опаѓање на косата.

    Пробајте...

    и се извинувам што е толку долго
    поздрав
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не се депримирај , ке престане , еве ја мојата се смири не знаеш каква бев само во косата си велам без коса ке останам нормално е сега ,без нервози ,пиј б- комплекс нема да ти штети , и само си правиш филм мене морници ме лазеа кога ке го видев чешелот стравови и комлекси и нервози 2 месеци скоро за џабе , погледни колку феминки го имаат истиот проблем не може тука сите да останеме без коса млади прави :lol: стрпливо само ке престане ;)
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. popins

    popins Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    250
    витамин б една цела доза ситно измелена ставете ја во шампонот и со употреба од месец дена косата станува појака. Јас ги пијам и Фитовал капсулите
     
  11. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    опаѓањето ми се намали ама косата ми остана теткичка а не како што ми беше бујна дали ке ми се врати сите ми вика дека да ваше мислење
     
  12. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И мене прилично многу ми паѓаше косата и што се не пробав - шампони, ампули, витамини...
    Но, ништо не ми помогна - од Мерц таблетите испив 3 пакувања и се здебелив 6-7 кила кои сеуште не можам да ги симнам. :@
    Фризерката ми предложи да пробам со Рецепт шампонот и лосионот против опаѓање. Ги користам месец дена и веќе има резултати - намалено ми е опаѓањето и имам мали нови влакненца :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. joanna90

    joanna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    31
    Се придржувам во групата на косоопаѓачки, мојава никако да престане 2 месеца да паѓа, џабе и шампони против опаѓање и масла и спрејови. :(
     
  14. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Значи ми нема спас.. :(
    На косава ништо не и помага. Што се не пробав и пак продолжува да паѓа со исто темпо :^)
    Ни шампони, ампули, масла, маски... |(
    Си велам сезона е ама ми паѓаше цело лето и еве уште.. Пола коса ми отиде!! ;(
    Сега преостанува уште да е генетски :?: и ако може да ми кажете нешто повеќе за тоа..
    цело време ќе ми паѓа додека не оќелавам? :D
    Вака како што си тера веќе страв ме фаќа незнам... :sweat:
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Од ампулите што ми ги даде фризерката, косата само ми стана потешка за расчешлување и некако пуфкаста. Дали не беа погодни за мојава коса, или па воопшто немав потреба од нив, стварно не знам. Знам дека се зезнав што ги ставав.
    Се мислам дали да купам некој шампон иако ме советуваа да не пробувам со шампони, сите содржеле преголема количина на хемикалии. Во меѓувреме го користам шампонот од коприва со б-комплекс, и пробувам да внесам што е можно повеќе б витамини преку храна. И така имам недостаток од нив.
     
  16. BlackAntoanette

    BlackAntoanette Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    5
    мене косата до пред една недела не престануваше да ми паѓа... се плашев дека ќе останам без коса... но незнам како, сега откако и ставив ореово масло скоро ич не паѓа, а не сменив ништо, ги користам истиот шампон и регенератор и се тоа...
     
  17. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    173
    Ќе го споделам со вас моето искуство со овој проблем.
    Сега за среќа косата не ми паѓа и со неа е се во најдобар ред но, сум имала периоди каде косата страшно многу ми паѓала. Овде читам мислења дека ви паѓа околу 2-3 месеци, абе мене ми има паѓано цела година и нешто, ама многу секое чешлање, врзување тоа било страшно, а кога ќе требаше да ја мијам е тогаш хорор на моменти и сум плачела од стрес.
    Пробував се, ама букавално се. Шампони, капки, маски, ампули - скапи, ефтини, на природна база, дома подготвени и пак ништо не даде резултат. Од толку паѓање мислев дека ќе останам без коса. Но не. Косата престана да паѓа и ми порасна уште поубава и поздрава :emo: .

    Е сега според мене причината за паѓањето може да биде или некоја болест (проблеми со тироидната жлезада, хормонален дисбаланс, анемија, стрес, кожна болест и сл.) или само поерод кој може да треа многу долго дури и по 1 година. Доколку ви паѓа косата премногу обавезно направете испитувања ако имате здрвавствен проблем кој е причината за опаѓањето, кога ќе ги решите тој проблем и косата ќе престане да ви паѓа. Доколку немате никакви здравствени проблеми не се нервирајте косата паѓа, но во истиот момент расти нова. И не се мачете со шампони капки и сл. само ќе си ги давате парите, опуштете се, хранете се здраво и се ќе се среди :* .
     
  18. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Што мислите за к'на...дали помага, дали го спречува опаѓањето и помага за зацврстување на косата...јас се мислам и тоа да го пробам :?:
     
  19. ruzki748

    ruzki748 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Од многу луѓе имам слушнато дека к’ната што ја има кај нас ја ретчи косата, со сега не сум слушнала позитивни коментари затоа не пробувам. Најново што слушнав и истражував е за фамозниот КОЊСКИ ШАМПОН бил феноменален, 1200ден. 1л.
     
  20. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    И јас сум слуШнала за КОЊНСКИ ШАМПОН....леле веке незнам што све не сум слушнала....
    Јас конкретно немам сега толку проблеми со опаѓање, повеќе сакам да најдам нешто што го потикнува растот на нова коса , што ја згуснува , ја зацврстува :?: