овој шампон бил наменет токму за тоа, да го спречи паѓањето и да го потикне растот, кај нас во МКД најдов само еден и чини 1200 ден. види поставив тема КОЊСКИ ШАМПОН ЗА ЗДРАВА И УБАВА КОСА. Позз
Почнав да го користам шампонот Рецепт од Субрина, за против опаѓање на косата, од пред еден месец и можам да кажам дека сум задоволна. Пред тоа се истрижев доста пократко, бидејќи коста ми беше многу долга и почнав да го употребувам шампонот. Паѓањето значително се намали.
колку што можете помалку чешлајте ја косата,не ја врзувајте оставете ја така и потстижувајте ја на време позз
Женски, сакам да се вклучам на темава... И мене исто така многу ми паѓа косата, можеби сега не многу ама до пред неколку месеци тоа беше премногу. Сакам да слушнам ваше мислење од што може косата да паѓа освен од пеглање, ставање пена, гелови(толку знам, така ми кажаа)...?
Пред некој ден го земав шампонот на Алкалоид од коприва. Решив дека пак ќе се вратам на старата рутина, три пати неделно миење. Прво со држење на мешавина од масла, па миење со шампонот со б-комплекс внатре. Едно време многу ми се ојача така, па веројатно и сега ќе покаже некој резултат. Страв ми е веќе да ја фатам, нервен слом ќе доживеам кога ќе го видам ластичето цело со влакна. Не сум носела пунџа скоро 3 недели, ако не и повеќе.
Шапмонот од копирава не дозволува опаѓање на косата,за оваа испробано ми е мене. Косата е миев,со беколино шапмон но почна можеби беше некој период да ми паѓа косата многу.Полсе го сменив шапмонот и се миев со шапмон од коприва,пак ми паѓаше косата но не толку. Е сега баш вчера бев во маркет,купував шампон и видиов и го видов овој шампон од лук.Колку помага навистина незнам.
Епа лукот е во принцип најдобар лек за косопад, знам една од моите цимерки мачкаше лук на еден дел од главата кај што имаше изразен косопад и она рече дека лекарката и препорачала да мачка свеж лук на местото. Значи има логика. Инаку јас имав изразит косопад предизвикан од себореа, ја барав темата ама не можев да ја пронајдам па си реков овде ќе напишам и ќе ве советувам и вас ако имате ваков проблем. По сите можни средства купени против себореава, од Фитовал шампони па до Хеденшолдерс, немаше никаков резултат. Најпосле се одлучив за сапун од катран, најпрво се измив и не премив со шампон, нема логика така бидејќи косата изгледа како да е мрсна со денови, а на мирис мириса преубаво. Е сеа му најдов тактика, прво се мијам со катран и оставам малку да одстои, потоа плакнам и мијам со шампон, во моментов шампон за плава коса од Балеа, на крај ставам малку регенератор на врвовите и толку. Е после неколку миења јас веќе имам резултат, а најважно е што веќе не ми опаѓа толку многу, а напротив и ја пеглам и ја тинтарам и пак не опаѓа, мислам не е скроз прекинато опаѓањето, нормално кај мене и има што да опаѓа, имам коса за извоз, ама пак не е како порано.
овде негде на форумот имав проЧитано во Шампон од илирија од бреза или коприва се става лук ама не знам колку лук и дали да бидат цели ЧеШниЊа или на пола сецени да истеци тецноста од нив и 40 дена мислам дека треба да седат?ако занј некој нека пиШи
Јас ти препорачувам заедно со шампонот да го користиш и Лосионот, така дава повеќе ефект (од искуство). Мирисот на лосионот е грозен, ама јас си ставам убава маска и парфем на косата, така да го неутрализирам мирисот.
Шампоните според мене се ветер во магла јас го користев Алпецинот и џабе си ги фрлив парите а и ја прашав матичната моја докторка онака замислење таа вели дека косата треба нешто внатрешно да ја храни за да престани опаѓањето и да има побрз раст и се согласувам со неа косата мн.повеќе мене ми паѓаше пред да ја скратам малку значи треба малку и врвовите барен на 2 месеци да се кратат јас би ги зела и Мерц таблетите велат дека одлични се моја другарка ги користи презадоволна е
Јас ги користев Мерц таблетите и мене воопшто не ми помогнаа-косата не престана да ми паѓа, лицето не ми се подобри, ноктите не ми станаа поцврсти, а се здебелив неколку кила!
баш ми е жал немам слушнато негативни комнтари за овие таблети а другарками само се пофали значителни резултати има на лицето мн.му е убаво напраено и ги содржат сите б витамини можни
Миа, а да направиш ти крвна слика ?!?! Не да те вадам од памет ама навистина сега првпат читам од тебе дека не ти помогнале Мерц таблетите. А цело кутивче испи ?!?! Сигурно имаш некој дисбаланс а неодамна прочитав некоја статија дека и кога си под стрес-нервоза исто така паѓа косата. Со ова се сложувам од искуство на тетка ми која си ја спаси косата.
Миа, а да направиш ти крвна слика ?!?! Не да те вадам од памет ама навистина сега првпат читам од тебе дека не ти помогнале Мерц таблетите. А цело кутивче испи ?!?! Сигурно имаш некој дисбаланс а неодамна прочитав некоја статија дека и кога си под стрес-нервоза исто така паѓа косата. Пред 2 месеца правев крвна слика, супер ми се резултатите (да не се урочам! ). Мерц-от ги пиев лани и тогаш немав резултати. И 2 мои другарки исто така ги пиеја, ама видоа дека ептен накачуваат килограми и престанаа после првото кутивче. Јас сега си користам шампон и лосион Рецепт и ептен ми е намалено паѓањето на косата. Инаку, во право си - кај мене беше предизвикано - на нервна база, т.е. од голем стрес.