Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    И јас го напраев рецепто со ракија,лук и мед само што не ми е јасно дали треба да чекам 2 недели па потоа да се мачкам или како?
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Нека си останат, нема потреба да ги вадиш.
     
  3. ivana.123

    ivana.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Јас во шампон имам ставено лук и кога ја мијам со него ептен убава ми е косава сјајна и со волумен,а за тоа дали влијае за опаѓањето незнам бидејќи не го користам толку често.Сега ако може некој да ме советува колку често би требало да се користи тој шампон да не е премногу јак за косата ? (Бидејки има навистина јак мирис и долго време е отстоен лукот во него ) :?:
     
  4. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Како што веќе претходно пишав, го направив рецептот од ракија, лук и мед. Денес прв пат ставив (си усмрдувам сега се по дома 8) ), иако не поминаа 2 недели туку 12 дена. Си купив шампон од коприва од Алкалоид и ставив и во него лук, па со него после ќе ја измијам косата (иако лукот не стоеше 2 недели, туку помалку). Ставам од рецептот и од шампонот порано зашто сметам дека 2-3 дена нема нешто многу да сменат, и така лукот ќе си остане во шампонот и во ракијата. Ја мијам косата на 3-4 дена и планирам секој пат да ставам. Па по некое време се надевам ќе ви пишам позитивни критики ;)
     
  5. Moschino

    Moschino Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    17
    Значи,ако ви паѓа краток период на пр. 1-2 сезони добро.Ама ако паѓањето не престанува и е константно треба да си направите крвна слика и ако не е баш ок испитување на хормони(Tsh,t4..)
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Мене ми паѓа константно веќе добри 4-5 години и многу ми се има изретчено. Сум правела и хормонски тест и се е ок. Сум пробала разни препарати, по препорака на матичниот лекар, по препорака на дерматолог, и по препорака на дерматолог од д-р Анчевски. Се тоа имало ефект еден период, но после како косата да ми се навикнува на влијанието на препаратот и повторно се од почеток. Ништо не губам ако го пробам и ова :)
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    И мене многу ми паѓаше косата и пробував еден куп работи.
    Иако бев скептична, пробав Рецепт-шампон и лосион против опаѓање. Кај мене има резултати (да не се урочам :x ), намалено ми е опаѓањето. Пробај, ништо не те кошта.
     
  8. macam

    macam Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Мене цела коса ми испопаѓа :mm:
     
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Го користев тој некое време и кај мене ама баш никакви резултати не даде, како ни оној на фитовал. Џабе ми беа. :worried:
     
  10. lovero

    lovero Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    0
    Косава едно време многу ми опаѓаше.Мене искрено не ми помогнаа некои шампони и такви ствари,туку почесто миење.Бидејки нели кога косата е нечиста повеќе опаѓа.А си користам и Бекутан со камилица и сега за сега сум задоволна :)
     
  11. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    можи некој повеке да ми објасни за наследното опаѓање на косата дали тоа е од страна на таткото акое тој ќелав ке бидам и јас или од срана на мајката или и од двете страни е исто и дали ако дедо ми е ќелав по татко ми ке бидам и јас :( ве молам ако некој е запознаен со овај проблем нека ми одговори :(
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    101hair.mk

    НАСЛЕДНО ГУБЕЊЕ НА КОСА КАЈ ЖЕНИ

    Иако се смета дека опаѓањето на косата е претежен проблем кај мажите, се покажа дека тој податок не е точен и на големо разочарување веќе и кај жените опаѓањето на косата е зачестено.

    40% од жените имаат видливо проретчување на косата до 40-тата година, според Американската Академија за Дерматологија. Губењето на косата кај жените е вознемирувачко и деструктивно за емоционалното здравје и за самодовербата.

    За жал, општеството ги принуди жените да страдаат во тишина!
    Генерално е прифатено дека мажите поминуваат низ тој процес на ќелавење.

    За уште поголемо жалење е што и медицинската заедница обрнува малку внимание на проблемот со губење на косата кај жени. Поради тоа што губењето на косата не е состојба загрозувачка по живот, докторите често ги занемаруваат поплаките на жените за интензивно опаѓањето на косата и во основа им објаснуваат дека * не е страшен проблем* или дека * ќе треба да се навикнат да живеат со тоа*.
    Секако овие доктори не земаат во предвид дека психолошката штета предизвикана од губењето на косата и чувството на изгубена привлечност е деструктивно и фрустрирачко како и било која сериозна болест, и дека всушност може да биде емоционална основа која директно може да го афектира физичкото здравје.

    Американската Асоцијација за проблеми со губење на коса ( American Hair Loss Association) препознава дека опаѓањето на косата кај жени е сериозна состојба која им го менува животот на жените и не смее да се игнорира повеќе.

    Андрогената алопеција, нарекувана машка или женска наследна ќелавост до последните неколку декади беше само делумно проучена и разбрана. Многу долго научниците веруваа дека причината за опаѓањето на косата е предоминацијата на машкиот полов хормон, тестостерон, кој и жените нормално го имаат во минимални количини. Но, додека трстостеронот е јадрото на процесот на ќелавење, дихидротестостеронот сега се смета за главниот виновник.
    ДХТ (дихидротестостернонот) се создава од тестостеронот со помош на ензимот 5-алфа редуктаза. Научниците сметаат дека нивото на ДХТ кој се врзува на рецепторите на фоликулите на влакното на скалпот е пресудно за опаѓање на косата. ДХТ ги минијатуризира фоликулите на влакното и оневозможува формирање на здраво и квалитетно влакно. Косата ослабнува и со текот на времето трајно се губи.

    Овој хормонален процес на конверзија на тестостеронот во ДХТ, кој ги оштетува фоликулите на влакното, се случува и кај мажите и кај жените.

    Во нормална состојба, жените имаат само мал фргамент од нивото на тестостерон кој го имаат мажите. Но и ниски нивоа на ДХТ може да го предизвика опаѓањето на косата кај жени. Тука во игра влегува генетската предизпозиција која се манифестира преку осетливоста на фоликулите на валкнтото на ДХТ поточно на бројот на рецептори за ДХТ. Гените се пресудни во најголем број случаи за појава на ќелавење кај жени.

    Исто така нормални нивоа на ДХТ можат да предизвикаат опаѓање и кога имате тип на хемија на телото која е преосетлива и на нормални нивоа на супстанци, вклучително и хормони.

    Секако кога нивоата на тестостерон ќе се покачат ДХТ се покачува и е уште поголем проблем. ДХТ нивоата можат да бидат покачени но да бидат и во рамките на она што докторите го сметаа за нормални гранци на тестовите, но и тие нивоа можат да бидат доволно високи за да предизвикаат проблем со опаѓање на косата кај жени.

    Многу битно е да се нагласи дека хормоните функционираат најдобро кога се во деликатен баланс, па машките хормони и не мора да бидат покачени за да предизвикаат проблем кај жените. Нивните спротивни хормони, женските хормони, може да бидат снижени и тогаш доминантно дејство имаат машките хормони меѓу кои и ДХТ. Таков дисбаланс исто така предизвикува проблеми а еден од нив и губење на косата.
    Полицистични јајници, одредени контрацептиви, бременост и менопауза може да бидат причина да почне проблемот со косата.

    Опаѓањето на косата може да биде предизвикано и од дисбаланс на тироидни хормони, бременост, заболувања, одредени лекарства кои може да влијаат на фазите на раст и опаѓање на влакното.
    Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе.

    Хормоните се циклични. Нивоата на женските хормони се намалуваат како што се ближи менопаузата и после неа. Цикличната природа на нашата коса и хормоните е една од причините поради која опаѓањето на косата може да се зголеми за кратко време дури и кога имате долгорочно намалување на губењето на косата ( и долгорочно зголемување на растот на косата) додека сте на третман кој го контролира опаѓањето на косата.

    Всушност и не се јавува секогаш интензивно опаѓање на косата туку дуфизно слабеење на косата на целата глава изразено во одредени зони повеќе.

    Разбирањето на причините кои доведуваат до опаѓање на косата кај жени е предуслов за успешно планирање на третамнот и ефикасно постигнување на резултати.

    Третамните за стопирање на губењето на косата во центарот за проблеми и нега на коса 101 ХЕАР КЕАР се насочени кон блокада на дејството на *виновникот* за опаѓањето, ДХТ. Производи со хербални екстракти кои имаат регулаторно дејство на ДХТ се неопходни. Понекогаш се потребни фитоестрогени кои ќе ја помогнат активноста на женските хормони кои се природна заштита на косата. На тој начин суптилно се помага во нормализирање на деликатните нивоа на хормони на ниво на скалпот, без никакви системски нус појави. Топичен третман, само на кожата на главата е секогаш подобар и посигурен избор кај жени. Правилниот избор на производи е основа за да се продолжи со планирање на биостимулацијата за повторен раст на косата.
    Колку порано се почнува со третман толку се подобри резултатите. Долгогодишното траење на проблемот со косата доведува до трајно уништување на корените и неможност за повторен раст на косата.

    Навремено почнување со биостимулативни третмани овозможува оптимален раст и максимални ефекти за згуснување на косата.


    Ама не значи дека кај тебе е наследно, може е сезнско , или некој друг проблем ...
     
  13. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    neznam i jas kakvo e samo znam deka nemie bujna kakva sto mi bese prorecena mie a imam samo 19godini si vikam kelava da ne ostanam krvta ja roveriv ok mie se
     
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Нема да останеш келава не се секирај , може ти е проретчена од третирање на коса (пегли ,фен ) .Има и сезонско паѓање кое е нормално и се обновуваат влакната .

    Разлистај ја темата има многу совети за да спречиш опаѓање пробај некој од нив(чичиково масло , шампон од коприва со ампули , разни други шампони , стариот лек со лук ) , и пиј б- комплекс .
    Биди стрплива . Ако сакаш може и да испиташ хормони , и да не има пореметување на тироидната жлезда. Само не паничи и не си стварај стресови . И не ја држи долго време немиена така повеќе паѓа .
     
  15. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    дали некој го има користено “КОЊСКИ ШАМПОН“ , имам слушнато дека помагал против опаѓање на косата, и забрзување на растот .Ќе сака ли некој што го користел да ми каже нешто за шампонот, дали го има во македонија , колку чини и ефектите од користење ....фала мн :)
     

    Прикачени фајлови:

    На AngieVi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Го немам користено, ама планирам наредно да си го купам. И јас имам слушнато дека е добар против опаѓање и исто потикнува и раст на косата.
    Го има во Тетово, го имам приметено во една локална парфимерија, 700 денари му беше цената. Сега незнам дали го има во Скопје и во другите градови.

    Има и тема на форумов за овој шампон
    kosa/konjski-sampon-za-ubava-i-zdrava-kosa-t15276/
     
  17. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    а ке можеш да ми кажеш кај го има во Тетово поточно во која парфимерија , пошто многу сум загрижена за косава мислам ако не преземам нешто поскоро ке си ја изгубам косата, толку многу ми паѓа и ми се оретчи што ме фати страв .
     
  18. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Парфимеријата се вика ВЕРСАЧЕ.
    Ако си загрижена прочитај во темава има добри предлози од девојки со истиов проблем кои предлагаат некои решенија што на нив им помогнале.
    Има рецепти за подготвување некои лосиони, потоа да се стави лук во шампон....предлози од некои шампони кои помагаат...
    Јас конкретно сега го користам АЛПЕЦИН шампонот ( а имам и јас мнгуо препарати користено). Имав и јас проблем со опаѓање :(
     
  19. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    Иначе фала ти многу, сега ги разгледав сите коментари, тој шампон АЛПЕЦИН го неам користено а многу други што ги има тука предложено ги имам користено и ништо не ми помага.Кај мене не е генетски паѓањето на коса, а немам ни некој си проблем, имам одено на лекар ми препишувале мн. шампони како и лосиони , но не помагаат.Имам многу тенко влакно и многу бавно ми расне косата, сеа гледам тука во коментарите за овој алпецин шампон може да пробам и со него .Но како и да е мора коњскиот шампон да го пробам , ништо нема да изгубам , кога веке почнав со се и сешто и од ова да пробам :)
     
  20. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Незнам дали некоја ги споменала, има едни таблети, италијански на природна база од фабриката ESI, јас ги имам купувано во Зегин, околу 300 денари и има подобрување во поглед на намалено опаѓање на косата, а и имам забележано дека ја прават косата некако поквалитетна, посјајна