Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Капките на Glynt многу помагаат против опаѓањето на косата а и го забрзуваат растот на косата. Резултатот се забележува после 2-3 недели.
    [​IMG]
    Капките се тие од десна страна.
     
  2. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    кај ги има овие капки и колку се , како што видов има и шампон , дали треба заедно да се користат или може само капките :*
     
  3. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Глинт е колекција на производи за коса, може да се користат и со глинт шампон и со било кој друг шампон, бидејќи се нандесуваат откако ќе се измие косата, не се измиваат тие, се ставаат една до две епрувети и се суши косата.
    Можат само да се најдат во фризерници кои соработуваат со глинт. Фризерката да ти порача по дистрибутерот на глинт, иначе германски производи се. Цената зависи од фризерница до фризерница. Јас ги зимав 550 денари од кај мојата фризерка.
     
    На s.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    а од кај знајш дека не е генетски како се испитува тоа
     
  5. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    па затоа што никој во моето семејството нема проблеми со паѓање на коса , затоа кажав дека кај мене не е генетски
     
  6. ida123

    ida123 Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Знам еден алтернативен лек, кој помага. Треба да земеш 1 литар маслиново масло, и една главица бел лук. И да ја ставиш во маслото, цела да не ја сецкас, само да ги разделиш лукчињата. Во стаклен сад. Да стои така 10 дена на сонце и после да си го масираш коренот на косата секој денн дур ти трае. Нправи го неколку пати, викаат дека е ефективен.! Поздравце
     
    На s.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sekerce1

    sekerce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    7
    lele kaj mene dedo mi na tatko mi tatkoto e kelav a i zena mu i taa i e prorecena sega znaci kaj mene deka e genecki iako tatko mi i majka mi nem aproblemi?
     
  8. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
    Сакам да ви кажам дека барав нешто за коњскиот шампон и видов дека е клинички тестиран и погоден за употреба и најдов 3 вида
    -Иначе рускиот како што знам е најдобар и многу го фалат само го нема во македонија, еве линк за него
    http://www.facebook.com/pages/Konjski-% ... ts&fref=ts
    -А да ви кажам сеа само што најдов дека германскиот го има во струмица и може да се нарача еве ви линк и од овој
    http://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q= ... 4429,d.Yms
    -А за американскиот го имало во оваа фризерница и можело да се нарача
    http://www.facebook.com/pages/Frizersko ... ref=stream
    ставиле и коментар за него

    Frizersko-kozmeticko Studio MINA · На 1.687 им се допаѓа ова.
    10 март 2012 во 00:11 ·
    Shamponot Mane'n tale pravi cuda!
    Ja pravi vashata kosa pogusta posjajna i istovremeno naglo go zapira opaganjeto na kosata i go zajaknuva korenot.Isto taka ovoj shampon go zabrzuva rastenjeto na kosata i dava zivost,sjaj i volumen.So redovna upotreba na ovoj shampon opaganjeto na kosata prestanuva za 4 do 6 nedeli,a potoa vashata kosa odnovo raste,pogusta,pozdrava i sekako pobrgu od voobicaeno.Veke po nekolku meseci koristenje ke zabelezite deka vashata kosa e celosno obnovena,zdrava i gusta kako konjska opashka.Zatoa nekoi i go narekoa konjski shampon.
    Moite klientki koi veke go koristat ovoj shampon se prezadovolni i sekako vooduseveni od rezultatot,a veruvajte rezultat ima.
    Shamponot doaga od Amerika i e klinicki testiran.
    Cenata na shamponot e za 1l 1200 den.Naracajte na tel:070/911-197
    Со среке на сите оние кои планираат да го користат и се надевам дека ке ви помогне на вас а и на мене
    :* :hai:
     
  9. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Имам доста густа коса (а тогаш и долга) и одеднаш почна многу да ми опаѓа, што дури и се загрижив да не е нешто со здравјето. Си ја скратив малце косата поради причина дека ми беше долга и густа и ми тежеше на главата. Почнав да користа Шампон од Коприва со ампули или пак ако не ти е до растварање и правење мешаници едноставно купи си го шампонот „Фитовал“. Можеш да ги најдеш по аптекиве. Навистина имав прекрасни резултати, а сега и си се бањам со нормален шампон, дека немам потреба од мешаници. Косата ми е зајакната и на чешелот после чешлање наѓам дали по едно-две влакна. Пробај, ќе ти помогне сигура сум ;)
     
  10. s.frosina

    s.frosina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    40
  11. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    1000 i kusur denari??...OMFG..za shampon da dadam tolku pari NEMA SHANSI
     
  12. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Маска против опаѓање на косата.
    Излупете 1 голем компир, изрендајте го и истискајте го сокот рачно или во соковник ,измешајте 2 лажици од овој сок со 2 лажици сок од Алое и 20 г мед.
    Втријте ја добиената смеса во коренот на косата со лесно масирање со прстите, завиткајте ја косата со фротирска крпа или со најлонска капа за туширање.
    По 2 часа измијте ја косата со топла вода и соодветен шампон.
    Правете ја маската 2 пати неделно,се додека постигнете задоволувачки ефект.
     
  13. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
  14. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Ле ле. Не само што почна да паѓа поише туку и коренот на косата некако ме боли и имам чуство ко да ми е цело време фатена во цврст реп а не ми е... офф не знам ни дали ќе ме сфатите, ако имате некое искуство пишете или насочете ме кај каков доктор да барам чаре
     
  15. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ова го најдов на една страна, треба да го пробаме дали делува

    Дали е поради промената на температурите или сезоните, дали поради бојадисување, лош сон или диета, понекогаш косата како да си го собира багажот и го напушта скалпот без да дава никакво објаснување.
    Маската што ќе ви ја понудиме за да го решите овој проблем се подготвува од нашите омилени храни – компири и мед. Земете еден голем компир и изрендајте го. Исцедете го сокот од него.

    Измешајте 2 лажици од сокот од компир со лажица гел од алое и лажица мед.

    Нанесете ја смесата во корените и нежно масирајте. Покријте ја главата најпрво со најлон, а од горе со крпа и оставете маската да делува 2 часа.

    Маската се применува 2 пати неделно, додека косата не се стабилизира и престане да паѓа. А во меѓувреме можете да уживате во здрава, мека и сјајна коса, бидејќи маската ја подобрува и структурата на влакното.
     
  16. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Јас многу си патев со оваа моја коса. Од каде ретка па и опаѓа и ептен ми се изретчи. Ја прашав фризерката за некоја маска или шампон и таа ми го препорача "Recept" шампонот против опаѓање на косата. Многу сум задоволна. Косата ја чувтвувам многу погуста од порано. Навистина многу ми помогна. Се надевам и на некоја од вас ке помогне. Во Зегин аптеките може да се најде 135 ден. помалку или повеке. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • url.jpg
      url.jpg
      Големина на фајлот:
      29 KB
      Прегледи:
      277
  17. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    мене од Рецептот многу ми се мрсеше косата и престанав да го користам..
     
  18. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Јас сакам да се пофалам :)
    По некои си 3 недели откако го користам тој домашниот рецепт со ракија, мед и лук, денес кога ја миев косата прв пат забележав разлика во опаѓањето. :rock:
    По обичај кога ја мијам и кога ја чешлам после тоа ужасно многу ми паѓа, но не и денес. Мислам не дека не паѓаше, туку денес првпат со многу помал интензитет. :muscle:
    Ова ми даде само причина да продолжам понатака со овој мој „третман“.
    Единствен проблем ми е шампонот. Ми ја прави косата многу сува :worried: Морам да и ставам силиконски капки за да ми омекне косата откако ќе ја измијам. Можеби е грешка тоа, ама шампонов не одговара за мојата и онака сува коса.
    Планирам деновиве да идам и да ги скратам малце врвовите, да ја освежам малку.
    Се надевам наскоро ќе ви пишам уште некои добри вести. :)

    П.С. И јас го користев Recept шампонот по препорака на аптекарката, ама не ми даде никакви резултати и многу ми јас мрсеше и мене косата.
     
  19. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Не знам како на вас ви ја мрси косата, мене ми ја суши. Но не ми пречи се додека има резултати. Значително ми престана опаѓањето. Го користев во комбинација со лосионот, но престанав да го користам лосионот откако забележав дека од него многу ме чеша главата, дури и рани ми се прават. Сте имале слично искуство? :?:
     
  20. AniiiS

    AniiiS Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво, веќе 4 години имам проблем со опаѓање на косата.користев нирел,фитовал,алпецин и сите можни шампони за опаѓање. ги пробав сите рецепти со коприва,лук и ефект нема.ги извршив сите испитувања и имав зголемено дејство на хормононот ACTH и примам терапија, но проблемот со косата е сеуште присутен :/ и да напоменам дека опаѓањето не е генетско. ве молам за помош :)