после 2 години проблем со пагајне на косава и после половина година употреба на сампон од коприва вас ен го косата не пајга толку,и имам нови влакненца. се утепав сто се вика од пари врлање за сампони и конеЧно несто со ми помогна и нема санси да сменам.. пробајте мислам дека ке видете и сами за ефект,ова не е само кај мене забележано туку и кај мои другарки и роднини со ваков проблем
Најдобро е да видиш со кожен лекар, конкретно јас бев кај др. Лидија Христова од амбулантата Јане Сандански. Мене косата почна да ми се оретчува 6 месеци од кога престанав да го дојам синот и ми се направи како дупка, само на темето. Докторката ми препорача Пилфуд од 2%, но со овој препарат МОРА ДА СЕ ВНИМАВА, значи никако да не се започнува со него на своја рака. Посебно што е на хормонска база и што во моментов доиш. Затоа, повторно ќе кажам, треба да се види со доктор, што конкретно е проблем во твојот случај. Инаку мене доста ми се подобри состојбата, косата ми е вратена некаде околу 70%, а ќе беше и повеќе ако понавреме почнав да го користам препаратот.
Дечки ако може помош малце :/ си зедов шампон од коприва од 230мл, си купив две ампули Б комплекс и АД раствор-10мл. Сега ако знае некој да ми каже колку ампули треба да ставам, и колку од АД растворот во шампонот. Благодарам однапред.
здраво сакам да ве прашам нешто, денес си купив рицинусово масло и чичково масло од фитофарм дали да ги мешам заедно и да ставам од двете одеднаш или не треба така. не сум користела од нив до сеа и незнам , видов дека и двете се за раст на коса и против опаѓање на коса , ве молам за совет. а сакав уште нешто да ве прашам читав кека домашно масло од рицинус можело да се напраи ако во маслиново масло се стави сув рузмарин и смесата да се загрее на оган и потоа да се истолчи и да се користи за масирање на скалпот , ова го забрзувало растот и го намалувало опаѓањето на косата незнам ај кажете ваше мислење.поз и фала мн феминки
хаах моја грешка сум се помешала, мислев на масло од рузмарин дали може да се добие ако се помеша маслиново масло со сув или свеж рузмарин
На тој начин и се прави (донекаде). Во домашни услови сите останати масла можат да се припремаат на тој начин. Потребно ти е прибложно точен сооднос на состојките (за тоа ќе си разгледаш низ интернетов) и колку време и во кои услови би требало да отстои за да биде поквалитетно. Ако се прашувам јас, природната е далеку подобра опција од секоја хемиски добиен производ. Иако, морам да нагласам дека има многу фирми кои се држат до квалитет, но за сметка на тоа има многу останати фирми чии производи се без (барем) доволен квалитет.
МЕРЗ (АМА ВО КОМБИНАЦИЈА СО ДИЕТА) ХАХАХ. ИМААТ ГОЛЕМ ЕФЕКТ,А УШТЕ ПОДОБРО Е ДА СЕ ИСКОМБИНИРААТ СО НЕКОЈ ШАМПОН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ.... САМО ТРПЕНИЕ..
Анета Качуркова, вистински борец! Ја најдов статијава и одамна е, ама женава е навстина храбра. Колку вакви жени има во Македонија што тивко патат губејќи ден по ден внесени во тагата по секое изгубено влакно...И на крај прашањето, дали воопшто некоја од вас се излечи сосема, ве молам споделете...овој форум е за тоа, за сите нас. И да се разбереме не зборувам за 1о влакна останати на четката, зборувам за жените на кои секој ден им паѓаат над 100 влакна, а процесот трае година или две или повекје... жените што пробале се, од лук до најскапи препарати... жените на кои сите резултати им се ок од хормони до крв, а косата паѓа... се спасил ли некој од вакво нешто...помогнете ни на сите нас, каде и како да го пронајдеме лекот.... Како и да е ја препорачувам статијата за Анета Качугова, треба да се прочита со внимание http://star.vest.com.mk/default.asp?id= ... ka=%40ivot и доколку Анета го прочита ова би ја замолила од се срце да ги сподели искуството со сите нас. Анета ти посакувам само успех на патот по кој си тргнала Голем ти поздрав, од една очајна, депресивка што само си плаче и не излегува од дома.
Моето искуство со опаѓање на косата: Имав многу долга коса се додека не направив минивал и за неколку месеци стана пепел па морав да се истрижам боб. Од што бев очајна по долга коса почнав да си ги користам сите сретсва за против опаѓање и раст, демек ќе ми порасти побрзо. Од шампонот на алпецин Ц1, па шампонот на еугене перма за раст, па лосион Ц1, фитовал шампонот, рецепт, ампули за против опаѓање биоксин, и не памтам уште што... Е после може две три години користње почна страшно многу да ми паѓа косата а јас незнаев што да правам бидејќи овие нешта за против опаѓање не ми делуваа од што ми беа навикнати. Да не должам, она што помогна беа фитовал ампулите кои ѓи пиев првиот месец по 2 на ден а после уште два месеци по една па пауза, сок од толчен лук на коренот, Б комплекс не од тие најевтините, секој ден јајца и млеко, и по 2 лажици наутро и навечер семе од коприва со лимон и ореви во мед. А што точно ми помогна незнам но за неколку месеци мене престана да ми паѓа косата На сите што уште го имате овој проблем, редуцирајте го стресот колку што можете, јас бев многу нервозна на работа со месеци се додека не собрав храброст да напуштам и сега сум си може невратотена но дааааалеку посреќна Сите нешта што ѓи применив ѓи прочитав тука и баш сум ви благодарна на сите
Задоволна сум од DOVE шампонот против опаѓање на косата. DOVE HAIRFALL CONTROL SHAMPOO. Јас го купив 180 денари. Го користам 1 месец, на почеток нема резултати, но сега веќе приметувам намален број влакна на чешелот и при миење на косата. Многу убаво мириса и ја прави косата убава. Кој сака нека проба, нема да згреши.
Спојлер Девојчиња, не мириса косата, зашто нели го измивате - па шампони, тракатанци и мирисот се неутрализира. Барем така беше кај мене. Овој лек и мене ми беше спасот, а напоменувам дека имав косопаст и буквално имав две дупки на главата каде ми фалеше коса. Никогаш не останував само на измивањето со шампон, последната вода ми беше полевање едно ѓезве изладен чај од камилица, косата си мирисаше на него, а мирисот на лук го немаше. За две-три недели почнаа да се јавуваат влакненца.
Купив ампули на Виококс, вчера ја ставив првата па ќе видиме дали и колку ќе помогне. Инаку се нанесува на мокра коса со масирање на темето, откако ќе завршите со шампони и маски.
Феминки ми треба ваша помош. Ако се пронајде некој нека помага!! Имам доста долга коса скоро до задник, и одсекогаш ми била многу густа и со многу волумен. Есента подприметив како да почна да ми се проретчува, на темето, патецот ми иде доста далеку. Прво не сакав да паничам, бидејки и фризерката ми рече дека всушност не ми паѓа а изгледа проретчена доста. И сама на чешлање и миење гледам дека не паѓа ама е многу проретчена. Почнав рецепт лосион да користам ама незнам што уствари е работата. Имал ли некој ваков проблем?! Многу ми е страв, омилена ми е косата.. Дали имате некој совет?!
^^ Кога мене почна вака драстично да ми се ретчи косата, бев на кожен лекар. Проверив крвна слика и ми дадоа лосион некој, ама искрено да ти кажам не се сеќавам кој беше... Со редовна употреба од тогаш да чукнам у дрво немам проблеми. Посети кожен лекар, ако примеќаш вакви драстични промени.
Направете сами шампон против опаѓање на косата. Доколку имате проблеми со опаѓањето на косата, пробајте со овој рецепт за шампон да ги решите и да ја зачувате вашата коса. Навистина помага. Состојки: 2 мали филџани дестилирана вода шампонска база чај од рузмарин чај од коприва чај од лаванда 2000 милиграма МСМ (метилсулфонилметан) 1 пластична боца од 3 децилитра (како од јогурт) Подготовка: Во стаклен сад измешајте ги сувите билки Загрејте ја дестилираната вода додека не зоврие, тргнете ја од оган и во неа додадете три лажички од мешаните билки, покријте го садот и оставете го да отстои 30 до 40 минути Потоа додадете го МСМ и оставете да се стопи уште 10 минути Во шишенцето налејте 1 децилитар чај и додајте 1,5 децилитри шампонска база. Затворете го шишенцето и добро протресете го додека состојките не се соединат.
Имам некое време проблем со опаѓање на косата. Ми го препорачаа Алпецин шампонот. Давал подобри резултати со лосионот. Заедно чинеле околу 1000 денари. Дали некоја од вас го има користено, дали би го препорачала, какво искуство сте имале?
А после колку време откако почна да го користиш спрејот, примети дека има промени на подобро? Јас веќе една недела го користам, па чекам да помине време и да видам какви резултати ке ми донесе. Се надевам и мене ќе ми помогне Многу коса загубив Поздравче
Па после една недела користење веќе почнаа да се приметуваат разлики ама јас секоја вечер ставав,незнам ти како правиш? Едно шишенце цело потрошив за отприлика месец дена и второ си купив ама нешто пумпицата ми се расипа и сега неможам да ставам.А и штета што на упатството не пишува колкав период треба да се користи,во секој случај никако не е штетно само може да ни користи Продолжи да ставаш па пиши П.С. Јас имав мало проблемче од што триев со врвот на прстите,на десната рака кожата на прстите почна да ми се лупи,а тебе?