И јас го користам секоја вечер, вообичаено пред спиење. Деновиве приметувам и јас некоја разлика. Мене новите влакненца, оние што се малите ми остануваа во рака... Сега за сега е добро, се надевам ќе помогне. Мене мислам дека нема да ми стигне за еден месец шишенцето. Му давам максимум уште една недела, значи би го потрошила за 2 недели. Инаку и кај мене истиот проблем се јавува, прстите ми станаа ептен суви, а пред некој ден забележав и дека ми се лупат Дај Боже ова да е решението, па за прстињата ќе се најде некоја крема и ќе бидат како нови
А после колку време откако почна да го користиш спрејот, примети дека има промени на подобро? Јас веќе една недела го користам, па чекам да помине време и да видам какви резултати ке ми донесе. Се надевам и мене ќе ми помогне Многу коса загубив Поздравче [/quote] Па после една недела користење веќе почнаа да се приметуваат разлики ама јас секоја вечер ставав,незнам ти како правиш? Едно шишенце цело потрошив за отприлика месец дена и второ си купив ама нешто пумпицата ми се расипа и сега неможам да ставам.А и штета што на упатството не пишува колкав период треба да се користи,во секој случај никако не е штетно само може да ни користи Продолжи да ставаш па пиши П.С. Јас имав мало проблемче од што триев со врвот на прстите,на десната рака кожата на прстите почна да ми се лупи,а тебе?[/quote] И јас го користам секоја вечер, вообичаено пред спиење. Деновиве приметувам и јас некоја разлика. Мене новите влакненца, оние што се малите ми остануваа во рака... Сега за сега е добро, се надевам ќе помогне. Мене мислам дека нема да ми стигне за еден месец шишенцето. Му давам максимум уште една недела, значи би го потрошила за 2 недели. Инаку и кај мене истиот проблем се јавува, прстите ми станаа ептен суви, а пред некој ден забележав и дека ми се лупат Дај Боже ова да е решението, па за прстињата ќе се најде некоја крема и ќе бидат како нови [/quote] А сакав да те прашам каков шампон користиш?Дека и тоа е многу битно,јас еве веќе пола година го користев шампонот на Афродита - коприва и пантенол и сум задоволна,а во меѓувреме го дознав исто од Афродита тој што е со лук ама во мојот град никаде неможев да го најдам.Случајно неќна мајка ми го видела во еден маркет и јас со светлосна брзина отидов да си го земам и ќе видам допрва како ќе се покаже.
Види случајност И јас сега почнав да го користам тој на Афродита со лукче што е. Го има во сите подобро снабдени маркети во Македонија. Сега за сега сум задоволна, ќе видиме понатаму... Инаку секако дека е многу битно каков шампон се користи. Имав другарка која имаше многу првут и почна да користи Head & Shoulders и примети дека и е многу јак за косата и почна многу да и паѓа. Јас до пред месец дена користев Syoss и бев доста задоволна ама морав да го сменам за нешто не толку јако за да ми се оправи косата. Исто слушнав добри мислења за шампонот Fitoval на КРКА... Ќе продолжиме со "терапијава" па пишувај ми и ти и јас ќе ти пишувам до каде сум. Поздравче
Шампоните на Lavera се одлични, зависно од типот на косата ги има повеќе. Е сега, скапи се, до 400 денари но барем знаеш ставаш нешто квалитетно што помага. Од органско потекло се! Ги обожавам, мене ми помогнаа премногу.
Девојки и јас имав голем проблем пред неколку месеци, косата ненормално многу ми паѓаше, патецот ми беше широк колку еден прст.Пробав се, од Фитовал шампон во комбинација со капсули, Нирел, Рецепт лосион и шампон, пивски квасец ( од кој дури и накачив неколку килца ), абе свашта пробав, еден куп пари си дадов. Она што ми помогна е Алпецин шампонот во комбинација со мешавина од B1, B6 и B12 ампули кои по миењето, на влажен скалп ги втривав и го масирав темето. Ставав од ампулите после секое миење на косата (2 пати неделно) и да ви кажам не се ни скапи, сите три мислам дека чинеа околу 80тина денари. Сега гледам еден куп бебешки влакна, коренот е поцврст и косата ми расте побрзо. Ампулите и шампонот ги има во секоја аптека. Се надевам дека и вас ќе ви помогне
На иста бранова должина сме Јас сега само со шампонот сум дека нели ми се расипа пумпицата од спрејот и неможам да го користам. Поздрав
И јас слушнав доста добри мислења од поранешни корисници на Алпецинот, поточно Алпецин Ц1. Ми рекоа дека за подобри ефенти требало да се користи заедно со лосионот Алпецин и дека НАВИСТИНА е многу добар. Го немам користено ама слушнав се најдобро за него. Еве овде можеш да видиш кој од сите ти одговара најмногу. http://www.alpecin.co.rs/sr/index.php
feminki eve vi eden dobar recept protiv opaganje zastedete si gi parite kupete po blag sampon koj jako mirisa i vo nego stavete nekolku parcina luk neka stoi vnatre i redovno mijte ja kosata so nego ima nevideni rezultati,a alpecinot e mnogu jak i nemoze non stop da se koristi mora da se napravi pauza a ako vi odgovara moze i vo nego da se stavi od lukot za podobri rezultati,ne plasete se ne mirisa kosata posle mienjeto mirizbata isceznuva poz. probajte pa kazete dali i kaj vas pomaga!
Женскии од што може да е.. Имам 14 години и последниве 3 месеци бев на диета т.е. прво на ун па после јас си измислив режим и така редовно пијам витамин ц но во последниве можеби 2 недели косата почна да ми паѓа многу многу. Со секое чешлање четката ми се полни со влакна или смао со прсти да поминам ми се полнат прстите со влакна.. И веке можеби месец дена косата непрекинато ја носам во репче бидејки ми е жешко само за миење ја пуштам и потоа пак ја собирам.. незнам дали е од тоа? Генетски не е бидејки на никој не му паѓа толку коса... И вчера бев на фризер за пеглање на косата и додека ме фенираше фризерката четката и се наполни со влакна и таа се дури уплаши и ми препиша еден рецепт.. 1 литро шампон од коприва по 2 ампули од б6, б12 и б1 витамини (така беше мислам) пантенолска кислеина и уште нешто не се секавам што и треба сето тоа да го купам и само со тој шампон да се мијам.. Незнам од што може да ми е ? Помош што да правам?
можно е да ти е од нервоза или стрес а и можно е да немаш доволно цинк па затоа јади повеќе производи што содржат цинк пр.месо и јас имам 14 и во последно време и мене ми паѓа косата па вака ќе си направам да видам дали ќе помине нема потреба од грижа само смирено
косата опаѓа од преголемо третирање и горење а и на периоди(се митариме),најчесто во есен се регенерира само трпеливост и поприродна нега
Тој шампон што ти го препорачала фризерката нема многу да ти помогне за опаѓање на косата.Го имам користено но јас го правев со 3 ампули бевиплекс,пола шише пантенол раствор,рицинусово масло,капки од коприва,ад капки во 500 ml шампон од коприва. Го користев 8 месеци првенствено за раст на косата и против опаѓање но немаше никакви позитивни резултати,само косата ми се исуши многу од шампонот и ми стана како слама. Ти препорачувам да земеш фитовал капсули ги содржат сите потребни витамини и минерали за биолошка исхрана на косата. Ги има во сите аптеки чинат 250 ден внатре има 60 капсули кои ќе ти траат 2 месеци, се пие една дневно после ручек. Јас ги пијам од јануари со повремени пазузи од после секоја испиена кутија . Ми ги препорача докторката бидејќи косата почна многу да ми паѓа и имав недостаток на железо, а сето тоа беше резултат на несодветна исхрана, најразлични диети и изгладнувања.Тука можеш да го прочиташ составот. Спојлер SASTAV JEDNE KAPSULE: Faex medicinalis (medicinski kvas) 200 mg L-cystinum (cistin) 100 mg Calcii pantothenas (kalcijev pantotenat) 35 mg Thiamini nitras (vitamin B1) 2 mg Riboflavinum (vitamin B2) 2 mg Pyridoxini chloridum (vitamin B6) 2 mg Biothinum (biotin) 0,1 mg Cyanocobalaminum (vitamin B12) 2 ¾g Acidum folicum (folna kislina) 0,2 mg Ferrum (železo, Fe2+, kot železov fumarat) 10 mg Zincum (cink , Zn2+, kot cinkov sulfat) 5 mg Cuprum (baker, Cu2+, kot bakrov sulfat) 1 mg Исто така секој ден пијам чај од коприва кој изобилува со железо и после секое миење косата ја плакнам со чај од коприва.Мое мислење воопшто да не го правиш шампонот само ќе трошиш и време и пари бидејќи тебе причинител за паѓање на косата ти се диетите и потребни ти се витамини и минерали за да ја внатрешно нахраниш косата и да го сперечиш опаѓањето. Се надевам дека ти помогнав и ако имаш некое прашаење слободно прашај
Па тогаш можеби ке ги земам тие капсули или шампонот на фолтен? Дали е ефикасен? И се си мислам дека е и до тоа што веке месец дена косата не ја пуштам туку цело време ми е во репче а скоро правев испитување на крфта и се беше ок
Го немам користено тој шампон и не можам да ти кажам. Моментално го користам шампонот Alepcin C1 Спојлер сум презадоволна од него го користам веќе една година и резултатите се видливи, заедно со фитовал капсулите ми се добитна комбинација. Косата престана да паѓа и започна да расте нова коса на местата каде што беше проредена. Можно е и да ти паѓа од постајано вржување, би ти препорачала одереден предиод да не ја вржуваш косата а ако веќе мораш репчето нека биде лабаво затегнато и никако на врв на глава гледај подолу да го вржуваш во висина на ушите.
А не може да е од ненормалниве промени на времето, никако... (сарказам) Временските услови ја отежнуваат работата на организмот. Од таму и ова е голем фактор за губењето на косата. Друго, нагласи дека си држела диети кои се навистина строги. Сега е добро време да го надополниш изгубеното првенствено со многу овојшје и зеленчук, а потоа и со додатоци во исхраната (но сето тоа во консултација со матичниот лекар кој ќе ти препорача и ќе следи). Стресот е нешто од кое не може да се спасиме но можеме да го редуцираме - направи го и тоа. На крај, временските неприлики се такви што многу луѓе се жалат на опаѓање на косата. Дури и кај мене забележувам слична ситуација како твојата и покрај тоа што немам држено диета иако тоа е еден од најголеите фактори. За жал, не можеме да го промениме тоа, но можеме да ги искористиме останатите совите и да ги следиме препораките.
И јас имав ваков проблем, побарав совет и тука, а сега значително се намали опаѓањето. По советот на една феминка, ги користев шампонот и лосионот Рецепт и секој ден пиев Б-комплекс на сабајле и навечер. По 2-3 недели користење почна да ме чеша главата, претпоставував дека е од лосионот па го исфрлив од употреба. Продолжив само со шампонот и со Б-комплекс, резултати беа повеќе од видливи после 3-4 недели Потоа останав само на шампонот, пред месец дена го сменив, зедов еден на Афродита и сега за сега е добро, немам никакви проблеми со опаѓањето. Е сега, кај секој е различно, но мислам дека вреди да се проба. Шампонот и лосионот заедно ме чинеа околу 280-300 ден.