Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Не знам што се случува, но, јас кога се бањам цела када е со испопаѓани влакна од коса. Можеби е до периодот. Хм....
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Еве и мене пак ми се врати митарењето |( Лани овој период од август до октомври некаде , ми паѓаше ..Па колку бев среќна што престана . И сега еве го пак , не се нервирајте нормално е во овој период . Може да ви помогне ако малку ја скратите косата , и шампон од коприва со ампули .
    Се помирив ќе чекам да помине и не дигам паники :)
     
  3. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Пред некое време многу ми опаѓаше косата, посебно кога се бањав ..
    Случајно во каталогот на Авон го забалежав новиот третман .. си реков ај да го пробам, мојата коса е оштетена, малку да ми ја зајакне ..
    Не го потенцирав до толку тоа дека е против опаѓање .. а и не ми беше битно тоа.

    [​IMG][​IMG]

    Еве три недели како го користам после секое миење на косата .. се помалку влакна опаѓаат ..
    Не верував дека до толку ќе се покаже производот .. навистина сум задоволна од него.
    Па девојки, слободно можам да ви го препорачам. Нема да зажалите ако го земете. Верувајте. ;)
     
  4. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    А колку пари чинеше? :)
     
  5. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    380
    Мене многу ми е опадната косата на темето горе. Се фарбам често ама со квалитетни фарби и ставам разни маски ама тие ми се за косата надолу, врвовите и надолу стварно ми е многу мека и сјајна, воопшто не ми изгледа оштетена од фарбање, ама горе со темево не знам што да правам... Што да ставам таму против опаѓање?
     
  6. i.love.fashion

    i.love.fashion Активен член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    мене после бањање многу ми паѓа косата незнам што да и правам...изгледа дека е до периодот зошто само во лето ми паѓа :)
     
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    И мене косата многу ми опаѓаше :!: додека се фарбав насекаде влакна(купатило,перница,)ептен грозно ..
    Престанав да се фарбам,најдов природни начини да ја осветлам косата,бев трпелива и сега е добро.
    Се случува пак да ми падне некое влакно,меѓутоа далеку помалку од на што беше.
    Сега сум повеќе од сигурна дека фарбањето игра голем удел тука , така да фарбање веќе :x
    Исто сум слушнала може да влијае нервозата и периодот, а недај боже и некоја болест.
     
  8. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Пишува на сликата која ја поставив, 189 денари.
     
  9. Snowww

    Snowww Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Маска против опгање на коса:
    1 лажица пантенол раствор
    1 лажица маслиново масло
    1 лимон исцеден
    1 каспсула 61
    1 капсула б6
    1 капсула б12
    1 капсула битамин ц
    сето тоа се меша и се става на косата се трие во корените може и цел ден да се држи и после се плакне со благ медицински шампоон јас зедов нерилех. Се става 1 неделно. денес почнав па ке видиме какви резултати ке има инаку рецептот ми е од аптекарка. Позз
     
  10. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И мене овој месец многу почна да ми опаѓа косата :( Планирам да се стрижам малку...
     
  11. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    и јас имав проблеми до опаѓање на косата и бев на доктор и ми ги препорачаа шампонов и ова коа течност што е ( а и ми кажаа да користам еден шампон со мирис на јагода беше :lol: во мало бело шише,и тој го користев ама не можам на најдам слика) и стварно после 1 месец осетив разлика и продолжив да го користам уште 3-4 месеци и сеа воопшто немам проблеми со опаѓање на косата :emo:
     

    Прикачени фајлови:

  12. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски

    Колку пари е овој шампон? Од кај го зема и како се нанесува?
     
  13. CandiceSwanepoel

    CandiceSwanepoel Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    1
    jas se resiv da probam so stavanje luk vo samponot i da otstoi 15 dena i posle sekoe mienje kje ja plaknam so voda od svareni listovi od orev pa kje vi kazam dali ima nekoj efekt :) pozz
     
  14. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Ревитин го има луѓе во Зегин?Зошто во неколку аптеки прашав и ме гледаа онака како да барам еликсир за бессмртност :D :rofl:
     
  15. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    незнам точно колку пари дека го користев пред 2 години,би требало во сите аптеки и се миев неизменично еднаш со тој од сликата еднаш со тој од јагода,а таа течноста се нанесува само навечер на деловите каде што ти е изредчена косата и се вмасирува и толку ;)
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.598
    Допаѓања:
    10.850
    Пол:
    Женски
    Вообичаен косопад имав на есен, незнам до што е ама овој месец си забележувам опаѓање на косата повеќе од вообичаено зарем не е рано за сезоната на паѓање :D , внесувам витамини, барем јас така мислам :lol: и моментално пијам б6, до пред некое време и б комплекс кафенките, но искрено најзадоволна сум од б комплекс со ц витамин внатре има 30 апчиња и се пие по едно на ден. Од нив забележав промената на косата, лицето и ноктите, во Зегин околу 150 ден. но решив да правам пауза со ваквите б витамини да не се предозирам :D. И заборавив да кажам дека веќе долго го користам Бекутан шампонот, од сите останати демек реклама ова она ама освен Фитовал не сум задоволна. Може добар е и Алпецин, мислам има и на Еуцерин за против опаѓање не сум сеуште пробала :) .
     
  17. Katty-Lolly

    Katty-Lolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    можеби сум грешка ама колку што јас знам Б комплекс не се пие преку летото затоа што преку самото сонце добиваме Б витамин или така нешто...нема врска...ете и јас да ви кажам нешто околу опаѓането на косата...скоро 1 година се маткав со триста чуда и ништо не го спречи то пусто опаѓање..сега користам еден домашен рецепт и тоа 1литар шампон од коприва помешан со 100мл пантенол раствор, АД капки, и 2лажици кантарионово масло и опаѓањето навистина се намали до некоја нај нормална граница...пробајте можеби и вас ќе ви помогне :)
     
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    ^ D - витаминот доаѓаше преку сончањето. И не е дека не се пие, тоа е витамин и секако не штети :)
     
  19. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Пак си се вратив на алпецин, малце да ми се управи косава :)
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Жени јас дефинитивно имам проблем, косава ненормално ми опаѓа во последниве 5-6 месеци со тоа што недела-две ќе се смири и после пак. Значи штом се фатам за коса во рака обавезно ми остануваат по неколку влакна, кога се чешлам и мијам коса е хорор цела рака влакна, имав многу густа коса и иако напорна за одржување и средување си ја сакав таква, сега ми е доста изретчена од многу густа сега ми е со нормална густина.
    Имам бебешки и кратки влакна по краевите кај лицето што значи се регенерираат нови влакна но не верувам дека ќе може да се надокнади штетата со оглед на тоа што ненормално ми опаѓа.

    Од козметика за коса веќе година и нешто користам бебешки шампони, најчесто Бекутан, пробав го сменив со Косили и Џонсон но не приметив никаква разлика, маска користам Генера но и неа ја мењав со Глис и Субрина и пак немаше никакви подобрувања. Редовно ја одржувам и со масла најчесто маслиново, но користам и чичково и рицинусово. Едно време додавав по едно две капачиња Пантенол раствор во маслата но приметив дека ми ја суши и не го користам веќе. А веќе пола година а можеби и повеќе не сум ја сушела со фен ниту сум ја пеглала. Од суплементи во исхрана веќе со години пијам мултивитамински таблети +витамин Ц и Б6 или комплекс.
    Незнам што да превземам веќе, избегнувам да ја врзувам и стегам но морам пошто насекаде сеам влакна па лабаво ја фаќам со штипки или во лабава плетенка или пунџа ама ептен лабава.
    Вака на прв поглед ми изгледа здраво и негувано, сјајна е и немам расцветани влакна иако не сум шишана веќе 10 месеци, но и тоа планирам да направам во наредниве недела две.

    Стварно више незнам што да и правам, првично се тешев дека е период и промена на клима (пролет-лето) но еве веќе 5 месеци нема абер да престане. Се плашам дека ако продужи вака до Нова година со три влакна ќе останам.