јас користам алпецин ц1 2 месеца исто и мене така многу ми паѓаше а знам дека не ми е наследно и во овие два месеца гледам подобрување не ми паѓа толку многу порано ја четкав косава цела четка со коса полна сега гледам само по 5-6 влакна па пробај и ти да го користиш се надевам дека ќе ти помогни Спојлер 500 денари е шампонот
Дали имаш проверено крвна слика?? Железо,хемоглобин-ниска концентрација може да доведе до опаѓање на косата. Може да ти помогне миење со чај од коприва,спречува опаѓање и стимулира раст на нови влакна.
Kosata moze da paga ako se ima problem so tiroidnata,mene od toa mi e, ako ima nekoj nesto isprobano so efekt neka spodeli so nas
лелеее мојава почна пак само шTо одмора некое време од пагање ете ја пак чешелот полно влакна,со рака да поминам влакна пајгат незнам што да правам вака и ке оќелавам
И јас веќе некое време се мислам да пишам. Мислев дека ми е оштетена косата и дека затоа паѓа. Па ја скратив. Е сега уште повеќе ми опаѓа. Кога ќе станам по креветот е лом од влакна. Кога се чешлам па да не зборувам... Треба да се грижам или сте имале вакви ''периоди''
Илу мојава најмногу паѓа после капење.Абе цело снопче коса имам во рака од врв до крај! Незнам што да правам.Цела коса ми испопаѓа...
Губењето на косата се лекува со растенија! 1. Дел од главата или целата глава се полева по неколку пати на ден со сок добиен од коренот на рен, од кромид и лук. Постапката се повторува барем 3 дена; 2. При можност на главата се поставуваат корени од рен, претходно исчукани. По првите 24 часа по местата каде што косата е ретка, се гледаат црните точки на косата, која е почната да расте; 3. Погодени места на косата може да ја третирате со рузмарин. Постапката се повторува секој ден; 4. Против опаѓање на косата дејствува и лушпата, приготвена од бршленот, со која се облива целата коса; 5. Последниот рецепт за лекување и губење на косата со растенија предвидува околу 100 грама сварена коприва во литар вода и литар оцет. Со течноста косата се мие пред спиење, кога не се користат никакви други производи. Како да го спречите опаѓањето на косата. * Јадете урамнотежено со редовни оброци и со доволно витамини и минерали; * Дополнете го внесот на витамини или минерали со суплементи; * Смалете го стресот; * За миење на косата користете благи и неутрални шампони; * Редовно посетувајте фризер; * Подгответе домашни препарати, не употребувајте купечки. Понекогаш купечките содржат состојки кои и штетат на косата; * За плакнење на косата употребувајте чај од камилица или од коприва; * Косата масирајте ја со течност од лист од орев или течност од лаванда помешана со глицерин; * За коренот - од ½ кг сварена коприва се цеди сок и се додава чаша рицинусово масло. Се става 3 пати дневно на коренот на косата и благо се масира;
Може ли да ми кажете дали сте задоволни од шампонот против опаѓање на косата Rigenforte? Moјата ситуација е океј - периодов нормално ми е да ми се полни четката за коса нешто повеќе, но дури и занемарливо е, со оглед на тоа што ја чешлам косата од миење на миење. Мајка ми е таа која навистина си има проблем со опаѓањето, а веќе навистина не знам како и што да помогнам. По колку време се забележува резултат и дали на пример Алпецин е нешто подобар?
Да се приклучам и јас, ми паѓаше и порано косата но и најдов лек, почнав да го котистам шампонот и регенераторот на балеа против опаѓање на косата, а воедно прочитав дека и к’ната имала позитивно дејство врз косата па си ставив и к’на, резултатите беа многу добро косата престана да ми паѓа, но тое беше зимово пред некои 5-6 месеци, еве сега повторно приметувам дека почна да ми паѓа, дали ти го користеше само сампонот или пак во комбинација со уште нешто? за колку време отприлика имаше резултати ?
И мојава многу паѓа. И со коприви ја мијам и чајот редовно го пијам( не знам колку помага против опаѓање) и пак ми паѓа многу. Кога ја мијам или чешлам полни раце влакна фрлам. Се миев едно време и со шампон од коприва, ама не помогна. само ми ја правеше косата многу сува.
Мојава паѓаше ми беше долга до гз, фризерката ми рече да ја скратам упола, го напраив тоа и сеа не ми паѓа и побрзо ми расти
Охоо, уште јас фалам тука. Си давам уште максимум два месеци ко што гледам на куглава до моето шетање со ќелава глава. Шала на страна, последниве три месеци откако ја ишишав (имав доста долга коса до половина, сега ми е некаде над гради ) имам сериозен проблем со опаѓањето, од влакната што ги имам собрано до сега ќе исткаев еден тепих, или ќе донирав за перика, озбилно.. После бањање ми е најголем хорор, кога треба да се исчешлам ми иде косава што ми остана нагоре, се затнува кадата од толкаво количество на влакна, абе недај боже да се поминам со прсти низ коса, пола во рака ми останува. Не знам што е проблемов, не е можно да е период зошто претпоставувам би траел најмногу месец, а ова е ту мач.. Ептен не ми дошло јајцето на газот па да си барам чаре, ама најверојатно треба да почнам да пребарувам по интернет за средства против опаѓањево и мерки за некое си спречување. Аман уште на 18 да оќелавам ми фали, ужас
Нема човек од мене што пробал нешто повеќе,од разни шампони и апчиња со до чаеви и се џабе пред некое време една роднина ми кажа за еден човек приватно правел некоја течност против опаѓање,бев кај човекот од Демир Хисар е ми направи и на мене течност,ја земав 1000 ден и е околу 120 мл се дај боже да помогне дали на некој ви е позната,сте ја користеле?
Мене косата ми паѓа на периоди,но овојпат сериозно ми паѓа цело лето и тоа гледам дека косава ми е проретчена и дека ми е виткана дури од еднава страна малку подисправена купив шампон алпецин ц1 еве го користам скоро месец,ама незнам за колку време треба да има видливи резултати,а исто ги купив и мерц таблетите,ги пиев 21 ден ми остана уште за 10 дена,ама искрено во тие 3 недели не видов некои видливи резултати,па сега ги оставив нив,ги купив таблетите од пивски квасец,па да видам дали ќе биде нешто,а досега можи ми паѓа помалку ама речиси незабележливо незнам дали некогаш ќе ми се врати во форма... Некој да сподели искуство за таблетите од пивски квасец??
Почнав да го користам овој шампон. Ефтин е, а и ми се допаѓа какви кадрици ми прави. Се надевам ќе ми помогне при опаѓањето.