1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Како се употребува?
    За постигнување на добри резултати, пожелна е редовна употреба на Чичковото масло и тоа по секое миење на косата.
    Најпрво косата се мие со благ шампон, а потоа се суши со помош на пешкир, за да остане малку влажна. Оваа влажност е потребна за да ја заштити косата од ширење на маслото по целата површина, па така косата нема за брзо време да стане масна. Маслото се нанесува на корените од косата и благо се масира кожата.
    За редовна нега на косата маслото може да се користи како “пакување” за косата. Се нанесува на косата и кожата на главата со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.
     
  2. caci111

    caci111 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    девојки ме интересира дали некоја од вас има одено кај др ваис или кај др анчевски??
    дали помагаат во врска со косата или лажи пари се??
    ве молам за искреност , ме интересира ваше мислење или искусто
    мн ми опага косата и ми се изретчи па морам да барам помош :( поздрав
     
  3. Proxima

    Proxima Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    234
    Уф, јас мислам дека пола коса ми останува на чешелот после миење. Ама, бидејќи ми паѓа секогаш ова време, во есен, не сум баш насекирана. После некое време се забележуваат кратки и мали влакненца како стрчат на главата, што значи косата се обновува.
    Сум слушнала и дека ампулите на Виши (Vichy) доста ефикасни, само се доста скапи. Во Зегин се околу 3500 ден, за 18 ампули.
    Некои прават и некакви пакувања за коса со лук, ама после тоа како ќе се појавиш меѓу луѓе, не знам. :D
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Јас веќе се предавам да ви кажам ;(
    До годините ли е до хормоните ли е, ама ако се погледнам на слика од пред неколку години, коса, грива од млада кобила, свети, се лее, бујна, раскошна...да стигне до степен на оскубана кокошка. По психата ме мава колку опаѓа. Една третина имам од тоа што беше, и се крши, сува е, никаква, на ништо не личи. Џабе, се што најдев се живо ја наплескав. На секое шишање се пократко и пократко, да веќе ја загледувам машинката од маж ми за стрижење. Па ако расте после арно, ако не, не знам, ама да не си ја гледам во прамени на рацете, во чешелот, на перница... ми иде деф да ја чинам јас, а не она мене вака полека да ме отепува. :worried:
    Како кога купете метла од пазар, пафта пуфта метење, се крши, се крати, не се приметува толку постепено, додека за на крај да остане рачката и малку од страците расштрклеани испокубани.
     
  5. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    девојки јас сум коритела етиол и многу ми помогна од првото нанесувње не ми опаѓа ако сакате пробајте и вие :)
     
  6. amberr

    amberr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11

    И на мене ми се задеси истото и џабе купував скапи препарати и бев крв да ми земат и испадна дека имам проблем со тироидната жлезда и ради тоа останав без коса.Сеа пијам апчиња.Така да иди провери се
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Фала што сподели искуство, оти баш тоа си мислам, од внатре е изгледа проблемот и кај мене, оти убаво си треснав пари за какви не веќе маски, улја и магични регенератори, два пати ја исеков драстично, еднаш добри 20цм, втор пат до под ушите, и веќе ако ја сечам уште еднаш ќе е машка кратко па затоа и во лутина ми иде скроз да се истрижам, до толку ми е криво.

    Единствена утеха ми е дека растат бебешки влакна, ама не се со доволно темпо да надоместат. Амберр се надевам кај тебе е подобра откако го најде проблемот. Ќе си барам и јас чарето почнувајќи со крвна слика.
     
  8. caci111

    caci111 Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    етиол?? а ти се згусни косата или само престана да пага
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Може ли да ни кажеш нешто повеќе за шампонот , која цена е кај го има и сл ? фала однапред :)
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Етиол е Ethyol? Amifostine? :^)
    Истиот етиол што се користи при терапија на пациенти кои се лечат од рак со радио и кемо? Или јас сум грешка...
    Ако е таа направија, тогаш не знам што да мислам, оти најдев една студија каде доктор објаснува како на пациенти кои добиле амифостин во терапијата не им опаѓала косата, а сите знаат како косата опаѓа привремено при хемотерапија. Ама такви ствари на своја рака? Нели би се абсорбирало преку кожата? Па и го има онака на дофат за кој сака? :?:
    Најверојатно сум грешка. Се фаќам за сламка |(

    "Interestingly, those patients who received amifostine also didn’t lose much of their hair, according to a medical oncologist. There must be some protection to the skin and hair follicles in those patients," Dr. Komaki said.
     
  11. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    И мене ме интересира.
    Затнувам када од косава.. Мислам дека повеќе коса имам на подот отколку на мене... :(
     
  12. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    нормално е дневно да паѓаат 50 до 10 влакна,инаку кај Др.Анчевски можеш да пробаш да отидеш кје ти земе примерок од косата,ќе го испита и според тоа ќе ти даде терапија,а за др. Ваис не знам,а и мене ме интересира
     
  13. Meri-Velickovska

    Meri-Velickovska Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Еве прочитај овде има повеќе околу тоа на кој начини може да се испита косата и евентуално какви се дијагнози и проблеми постојат

    www.101hair.mk
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Од 2 лица имам слушнато пофалби за третмани против опаѓање на коса кај Д-р Анчевски.
    Не само што косата престанала да им паѓа, туку почнале да им растат и нови влакна и добиле многу волумен.
    Еднава жена некаде 45+ години, косата и беше навистина убава и бујна, а претходно што видов слики 5 влакна што се вика.
    Имало некој ласерски третман, стимулација со масажи, специјални масла и ампули и мислам дека еден третман чини околу 1500 ден., а за видливи резултати се потребни минимум 7.
    Навистина е скапо, ама ако проблемот е сериозен и нерешлив со други методи, сметам дека вреди да се инвестира.
     
  15. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Проблемот со опаѓање на косава го имам од летоска..Секој ден се помалку и помалку имам коса,едно мало репче само можам да врзам..Ги пијам мерц,за колку време се забележуваат резултати?
    Незнам што да правам...
     
  16. turquoise

    turquoise Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Кај мене мерц немаа ефект.. пробај фитовал шампон
     
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Многу е едностаен начинот како да се спречи опагање на косата, она што треба да направите е да прекинете со ставање на секакви глупости на косата. Потоа фарбањето да не биде толку често и на целата коса, туку да се нанесува само на подникнатото, а само одвреме, навреме да ја освежите бојата на целата коса. Потоа, миењето често коса, доведува до истенчување на влакното и кинење. Дозволете влакното да се храни од состојките кои ги лачат жлездите на главата.Потоа користете едноставен шампон, баталете ги оние скапи шампони, полни со хемија која наводно помага а всушност само и штети на косата.
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    дали некој го има користено шампонот на Vichy против опаѓање на косата?да ми каже искуство и цена? гледав на еден српски форум го скапаја фалење има некој овде искуство?знам дека се поскапи ама мн.сум исплашена за косата премногу ми паѓа :(
     
  19. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Дали некоја од вас има користено vitaderm- од fitofarm ? еден доктор ми препорача па сакав да слушнам мислење доколку некој има користено :)
     
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    8.630
    Пол:
    Женски
    Да беше толку едноставно до сега немаше ниедно влакно да ми падне од косава.
    Повеќе од 4 месеци бев само на благ шампон, неутрален.
    Не ја миев толку често косата, а и не ја ни сушев пеглав фенерирав.
    Маска немав ставено воопшто, ниту пак регенератор масло или капки.
    И кој е ефектот?
    Една голема нула.
    Вака кога ке почнете да се филмате а измислувате топла вода многу се нервирам.
     
    На drugarka, kate21, Candice.S и 4 други им се допаѓа ова.