За опаѓање на косата на другарка ми и помогна шампон од Recept мислам дека беше. А воопшто, за заjакнување на косата користам кокосово масло еднаш на 2 недели (се мачка на целата коса, од коренот па надоле), треба да стои минимум 2 часа, jас го оставам 24 и ефектот е супер од прва! Исто, против опаѓање и зацврстување помага чичково масло.
Знаеме дека косата во одредени периоди опаѓа повеќе, но со употреба на чичковото масло ми паѓа многу помалку од вообичаено. Го користам преку цела година, еднаш до два пати неделно
Мене многу ми помогна рицинусовото масло. Јас го нанесувам пред секое миење помешано со малку маслиново. Исто така, ја плакнам косата со рузмарин. Конечно после 3 месеци многу се намали опаѓањето.
Девојчиња, мајка ми има или поточно имаше огромен проблем со опаѓањето на косата, но проблемот го среди со маска која ја нанесува најмалку еднаш во неделата. Количината на состојките е од око, затоа што отприлика секоја знае колку би ѝ било потребно за да нанесе на целата глава, т.е. на корените. Во садче се мешаат мед, цимет и ленено масло за да се добие убава хомогена смеса но да не биде премногу како пластелин ќе додадете повеќе од маслото, па се мачкаат корените убаво и се остава смесата да делува што подолго, барем неколку саати. Потоа темелно се мие и тоа е тоа. Нам ни беше ефикасно, јас нанесував доста краток период бидејќи косата ми опаѓа драстично само при премин од една во друга сезона, но ситуацијата со мајка ми веќе беше навистина сериозна и успеа да се спаси од досадното опаѓање.
Ако имате можност порачајте го производов. Се втрива во коренот на косата,се масира со него. И многу помага против опаѓање на косата. Плус наводно состојките што ги содржи се од органско потекло и не се штетни.
Против опаѓање на косата користете чај од коприва.Откако косата ќе ја измиете исплакнете ја со чајот.За 1-2 месеци се појавуваат нови влакненца.Додека го користите чајот не нанесувајте лак за коса.Не се препорачува за лица со светла коса,бидејки малку бојадисува.Ова е добро за тие што имаат седи влакна во почетна фаза,па ќе им послужи како боја и ќе ги прокрие до наредното миење
Kако го користите лукот јас имам многу голем проблем исто топки имам после бањање во рака и мн сум загрижена, го знам ова со ампулите за растот на косата мн ми помогна ама за луков незз како да го користам и нанесувам, ве замолувам за одговор. Благодарам
Чекав да помине извесно време и да пишам дали најдов чаре или не Наизменично ги користам шампонот од Афродита со лук и од Елсеве против опаѓање со зацврстувачки комплекс, зашто Афродита ми е малце сув, косата после миење само со него ми е поразлетана и покрута, додуша и потешко ми се мрси, единствената позитивна работа во сувата коса , а Елсевот ми ја прави мека и лесна на допир, посјајна ама и ми се мрси за еден ден. Ама намената на шампониве баш си ја одигра улогата ко што треба, значително ми е намалено опаѓањето, и тоа баш значително До пред некое време ко ќе фатев со рака прамен да не речам и пола ми остануваше во рака, а сега едвај влакно две да има, што мислам и дека е нормално, не може ич косата да не се регенерира. Од мене едно големо да за шампониве,мислам дека подолго нема да ги сменам, а и не се скапи, што е плус. И уште нешто, освен шампониве, рицинусово и маслиново масло, двапати неделно на цела коса, ама баш ко полиена со масло сум Е сега, плава коса, голема мака, до кога ќе видиме Спојлер
Мене цел живот ми паѓа косата ,..,..ама сега премногу. Имам пробано alfaparf ампули против опаѓање-првите две недели супер после тоа пак по старо Шампон...не ми ткенува кој беше многу скап против опаѓање....џабе, ампули ампули милион и klass и foltene и што уште не....џабе. Пиев апчиња Мerz ....џабе Сега користам foltene ампули....па да видам. а ми рекоа дека можеби е недостаток на витамин б Се е од стрес, од тироидна...кај и да е...ќе си купам перика
подолг париод косата ми опаѓа квалитетот на влакното е многу ослабнат ,дали некој има совети што е најдобро да се преземе во таков случај, мислење за мерц таблетите,шампонот виши или пак нешто друго Благодарам
Vreme Мислам дека најдобро е да се обратиш кај стручно лице и да направиш хормонални испитувања,бидејќи пишуваш дека подолго време трае.Не знам колку би ти помогнал шампонот на Fitoval,бидејќи не знаеш која е причината. Слика http://irecommend.ru/sites/default/file ... mage_0.jpg
леле и јас колку се нервирам со косава значи,многу ми паѓа ама сега си земав некој сет за коса го користам месец дена скоро и сеа за сеа сум задоволна многу помалце ми паѓа тоа не е само за опагање на коса туку и за првут,оштетена коса па ке видиме дали ќе делува,сеа за сеа сум си задоволна
Zdravo devojki,deneska resiv da go smenam shamponot od garnier ultra dolce poso nemav nekoi podobruvanja si zedof od ilirija od kopriva I mu staviv luk vnatre..Ednas koristev isto vaka 6 meseci I epten mi se podobri kosava...Sakam da prasam dali ima nesto stetno da go menjas samponot? Posledno vreme na 6 meseci gi smenuvam...Pleaseee mn sum ocajna ve molam za sovet..
Не е штета ако ги менуваш посебно кога приметуваш дека не ти одговараат. Некогаш доаѓа и до презаситување со еден одреден шампон па нормално дека ќе го смениш. Не се секирај воопшто.