Види бубаче, ако косата ти се мрси на 3 дена , тое и не е толку трагично, прочитај по форумов, некои феминки се мијат н ден или два преку сила, јас лично го користам шампонот од Афродита што е многу фален на темава , и можам да казам дека сум презадоволна ( значи не е џабе фалењето ). Ако сакаш пробај со него, тој воедно е и против опаѓање, па види дали ќе ти помогне, јас го користам во комбинација со маската од генера портокаловата и ми е полн погодок
Какоо сакаш можеш да додадеш, но ако сакаш првин види како ќе ти биде така само, јас не ставам апчиња туку го правам следново: во сад ставам 100мл јаболков оцет, 50 мл вода обична и 10 чешлиња лук (ќе му дојде 1 главица). Ги ставам во сад водата и оцетот, и лукот го сечкам најситно што можам, сето ова го оставам да седи на темно 4-7 дена и после го додавам во шампонот. Во секој случај треба првин неколку пати да се измиеш само така со шампонот за да се отпразни нели Се надевам дека ќе ти помогне
Дали некој ги има користено овие таблети? Искуства? Кај мене попусто и Афродита шампон (што веќе неколку месеца го користам), и намалени стресови и појачани витамини... Не сакам Мерц дражеи зашто секој витмин кој го имаат содржат секако го внесувам секојдневно... Туку, кај мене проблемов не е моментален, трае многу долго, дури веќе и почна да ми се познава на кои места ми е изретчена косата... Аман млада сум... И уште еднаш, препорака за навистина добар дерматолог, нема врска дали е приватен и во кој дел од државава, зашто чаре во синтетикиве очигледно за мене нема, па да барам совети кај што е место...
Ќе пробам еден месец само шампонот да го користам па после ако нема подобрување ќе го пробам и тој метод. Фала ти многу
Јас би ти го препорачала шампонот Рецепт, се купува во аптека има ефект барем кај мене за едно еден месец.
Од маркетите шампонот го има само во Тинекс, 99 денари и тоа премногу брзо се троши. Јас го купувам од ДМ, 85 денари.
Го нема кај нас во маркетите, ги има другите шампони, но овој го нема. Побарав и во Зегин, и таму го нема
I jas go koristev alpecin c1 I stvarno pomaga imav mnogu problemi so paganje na kosata poradi nedostig na zelezo I pokraj ishranata samponov stvarno mi pomogna duri I mi porasna nova kosa na opadnatite mesta go rok od eden mesec.go preporacuavam.
Јас во шампонот од Афродита ставив ампули Б1, Б6 и Б12, половина шишенце АД капки, воден раствор и 5 мл течен пантенол. Па сега ќе видам како ќе биде. Ама имам сува коса и со шампонот од Афродита уште повеќе ми се суши, ставам и маска и ампула, но ништо. Не знам дали ќе бидам упорна или ќе го сменам шампонот...
Јас користам Пилфуд 2% два пати на ден наутро о навечер по 1 мл,воедно користам бекутан шампон најнеутралниот без никакви додатоци и б комплекс со фолна киселина по 1 на ден. Со оваа комбинација косата ми се опорави. Но,да напоменам од пилфудот очекувајте резултати после вториот третиот месец.
Јас користев Пилфуд 2 и пол години и косата ми се опорави, но не можам веќе да го користам секојдневно, сега треба 2 пати неделно. Но, од пролетта пак ми опадна на темето и сега барам и друг метод да си ја опоравам повторно!
Пробај да ставаш пред капење рицинусово масло. Убаво втриј го во кожата, измасирај ја главата. Верувам дека многу ќе ти помогни.
Дали некој има искуство со шампонот на Eucerin против првут? Мене ми се јави првут ...И ПОВТОРНО МИ ПАЌА КОСАТА ;ништо не ми помага. Кажете добар лекар за оваа работа...ВЕ МОЛАМ!!!!!!!!!!!
Имам рицинус, порано редовно ставав, ќе пробам повторно. Инаку мајка ми читала за некој лосион со свеж рузмарин и алкохол, ќе пробам па ќе кажам.
Пробај со рицинусово масло, масирај го коренот пред секое миење и нека ти стои еден час најмалку. Само редовно треба. И плакни ја косата со чај од рузмарин. На мене многу ми помогна. Сега не ми паѓа, инаку цела есен ми паѓаше многу и на чешлање и при миење. Се надевам ти помогнав малце.