Eве еден домашен испробан лек против опаѓање на косата, на братми му имаме направено за спречување на падот на косата- шампон од коприва и во неа издробени 3 главици лук, 2 главици кромид изрендан-се остава на дневна светлина 14 дена со константно промешување со дрвена лажица, потоа се процедува и користи. кај братми имаше ефект косата е појака, нема опаѓање, сјајна е и убава на допир.Eднаш и јас го употребив шампонот чисто онака да видам што ефект ке има кај мене, можам да кажам дека косата ми беше сјајна како свила, дури бојата како да ми беше сменета и доста мека-само од 1 миење на косата. така да ако некој има проблеми нека проба ова што го имам пишано, се е испробано и има резултат.Iнаку братми за тој проблем има се и сешто испробано, ама од ова виде подобрување, користеше 5-6 пати пилфуд ама ништо-се е само маркетинг, само пари да фрлаш безпотреба и не само тоа.... од една гостинка кај баба Rада ова го запишав-10л босилек, 10листово од дива капина, 1 чешне лук, 3кг вода-се вари убаво. се мачка на мрсна коса и се плакне косата со чај од босилек---ова не е испробано хехх ама може кој сака да проба
Слушнав(беше семптември тогаш) дека шампон од бреза бил добар против мрсна коса.Пробав еднаш се измив со тој на Херба од бреза.После миењето одма приметив дека почнаа многу влакна да ми паѓаат,никогаш не ми паѓале влакна како тогаш.После еден месец отидов на дерматолог и ми препишаа Фитовал шампонот против опаѓање.Се измив неколку пати но не ми помогна па го баталив.Се врнав на стариот шампон од Палмолив и после неколку недели ми се стабилизираше косата,едвај некако.Во меѓувреме пиев и б-комплекс,витамини..Значи сакав да кажам дека не треба секакви шампони што ќе ни каже некој да ставаме на косата.Од тогаш само Палмолив шампонче и ништо др. не ставам.
Се зависи од косата.Јас на пример го користам тој од Херба дека ми одговара и не е многу јак,бидејќи имав проблеми со опаѓање на косата пред неколку години,а пак мене од Wash and go што сите го фалат ми паѓа косата и главата ме чеша ко вошки да имам
Сакав да те прашам, дали после процедувањето мириса шампонот и притоа и косата од истиот ? И дали 1л шампон или пола литро ? Фала
искрено шампонот има мириз, ама во сопредба со ефектот што го има мислам дека тоа и најмалку е битно. резултат има дефинитивно, а ние го ставаме шампонот во една тегла- малечка со лукот и кромидот како што пишав погоре и на прозор го на дневна светлина го оставаме 14 дена, се промешува со дрвена лажица на секој 1-2 и се процедува потоа и користи. има мириз, но што да се прави-подобро да се поднесува таа миризба- отколку без коса да одиш.
Значи Пилфуд (миноксидил) не е маркетинг, тоа е единствено средство кое навистина помага, НО: се однесува само на одреден тип на испаѓање и мора секојдневно да се користи најмалку 3 месеци, оти ако не се придржуваш кон упатството, може само штета да имаш, а не корист!
Јас го користам Fitoval Hair Loss како превентива и екстра задоволен сум. Пошто сум машко и имам поголем потенцијал за паѓање на косата, решив да спречам отколку да лечам. По користењето на шампонот и те како има добри резултати. Косата ми е многу поцврста и покрута како резултат на затегнување на кореновото влакно. Овој шампон се продава во аптеки по цена од 200 - 300 ден. За квалитетна нега на косата користете дерматолошки шампони, а не mainstream шампони (Head & Shoulders, Palmolive, Wash & Go итн.) Ако имате оштетена коса, тогаш Fitoval има уште едно изненадување за вас. Овој шампон го немам пробано така што не можам да ви кажам инфо од прва рака, ама не се сомневам во неговиот квалитет. Епа феминки, повелете заблескајте со вашите долги и бујни коси за да можам поубаво во коси да ви спијам. http://www.youtube.com/watch?v=_r4mdkCPKg0
пилфлуд користеше 5-6 шишенца, значи не беше 1, така да немаше никаков резултат. е сега за кого како, ако некому помогнал нека си го користи и понатаму.....Jас пишав од искуство и тоа е тоа, трето нема.
http://www.hairgrowthelixir.com/mk2yHsdFR/#гледам овој производ мн го фалат дали има некој искуство со него
шампон од коприва од овие килските ли што се продават? а како се процедува нели е чест шампонот преку што ќе го процедиш
Колку пари е шампонов од афродита и дали е навистина ефикасен ? Гледам некои пишувале дека има резултати.
Шампонот е 99 денари, го има сегде , во Тинекс, Веро, Дм ... за ефикасен , ефикасен е според мене , јас пред некој ден второ шише земав, косата престана да ми паѓа, не ми ја разлетува косата, не ми ја мрси косата ..
Не знам дали е ефикасен, не сум го пробала, ама можам да ти кажам за цена - го видов минатата недела во ДМ - на попуст беше 85 денари. Не знам до кога е на попуст, провери си.
Јас го користам веќе 3 недела. И сум задоволна, не ми опаѓа веќе колку што ми опаѓаше. Иначе е 99 денари до 115 во парфимериите.
Направен е рецептот со 3 чешниња лук, б-витамин ампули по 2, ад капки пола флашичка, пантенол раствор цело пакување, во шампонот со лук од афродита Па ќе видиме колку коса ќе порасне
Јас денес го зедов од Веро 99 денари е. Па ќе пробам и ќе видам што резултати ќе имам и ќе пишам тука.
Моментално го користам и сум презадоволна , ми ја прави побујна и помека косата, и ич не ми мириса на лук , го користам 2,3 недели и можам да кажам дека има резултати