Тогаш можеби ќе го купам пак и ќе продолжам понатаму да видам, може е потребно повеќе време... Инаку ќе го земам и ревитин спрејот, да видам дали ќе има и тој удел. Не знам која му е цената, ќе видам во Зегин...
последниов месец почна да ми паѓа косата повеќе од вообичаено, ги прочитав сите претходни постови, ама кажете ми некој што стварно има испробано нешто што му помогнало
Од Зегин на булевар Партизански одреди вечерва купив Пантенол раствор на Јака радовиш, ова инфо за сите оние кои ги прочитав дека барале Пантенол и не нашле. Цената му е 85денари. Купив и спреј Ревитин, беше околу 150денари.
Го има во сите аптекии по цена од 150ден. 200мл јас прв пат користам отидов во аптека и таму ми го препорааЧаа овој.
Пантотенската киселина е витамин кој спаѓа во групата на Б-витамини. За локална примена се користи во форма на декспантенол (пантенол) кој има регенеративно дејство на кожата и слузокожата. (100мл раствор од пантенол содржи 5г декспантенол) Се користи кај оштетувања на кожата од механички повреди, хируршки зафати, изгореници од различно потекло или воспалителни процеси. (постои и маст и крем пантенол, зависи за каква потреба го користите). Познато е и позитивното дејство на пантенолот на косата па затоа е корисно да се втрива во коренот на косата. Се користи со директно втривање на коренот на косата. Овој раствор е убаво да се користи и во природни маски или да се додава во шампонот кој го користиме редовно за миење на косата.
Денес бев во Зегин да си купам рицинусово масло за да си правам маска па ја прашав за совет за шампон против опаѓање. Ми го препорача Аlpecin C1 (ја прашав и за Vichy и за Fitoval). Пакувањето е 250мл и ми кажа дека најзадоволни им се од тој. Цената во Зегин му е 448денари.
Јас си купив обичен шампон од коприва на Алкалоид, и многу ми помага. Косата помалце ми паѓа, не ми се мрси и плус супер мириса. Ептен сум задоволна
Леле јас го купив овој од Алпецин Значи овој не е против опаѓање? Јас мислев има само еден вид Леле 450ден за џабе, ќе ја убијам аптекарката, како дозволив да ме излаже
Само што се измив со вода од провриени коприви.Косата ми мириза на зелено сега,ама се надевам дека ќе ми помогне ова против есенското опаѓање.
Да, земав- се измив еднаш и незнам нема некоја промена, знам дека е рано ама кажи ми кога можам да очекувам резултати? Сега се мислам и лосионот да си го земам, незнам- откако почна да ми паѓа косата ем без пари ем без коса останав веќе ептен се нервирам
Минимум две три миења, и оди по упатството, значи две минути на скалпот од нанесување до измивање. Масирај го скалпот за тоа време. Две минути ќе биде сосема доволно за скалпот да може да го апсорбира кофеинот. Не знам колку е лосионот Алпецин, знаеш ти? Ама ако не си при пари те советувам да си ставаш маска на косата пред миење од жолчка и рицинусово масло, можеш да додадеш и бадемово или ореово. Но можеш и само рицинус да ставаш (околу 60денари 50мл но ќе имаш за неколку пати, се става само на скалпот рицинусовото). Во маската може да додадеш и пантенол раствор (околу 80ден, 100мл ќе имаш за повеќе пати! Можеш евентуално да пробаш Ревитин спреј на Фитогарм, околу 150денари е 180мл, на база на рицинус масло, ментол, пантенол и уште некои убави состојки. Најдобро е да се става навечер на скалпот и благо да се измасира. Не ја мрси косата и остава пријатно чувство на главата.
Грл така му беше муабетот за парите- а инаку не си свесна какви раствори правам - пр бевиплекс+ рицинусово масло+ бадемово+ ад капки+ пантенол+ чичково масло. Тоа го нанесувам на косата како фарба и го оставам да стои неколку часа (рецептот ми е од една фармацевтка) После тоа косата ми е мека, сјајна, ама немам нови влакна. Имав направено и раствор со медицински алкохол и суви листови од коприва и вртријував во косата ама пак немаше некое долготрајно подобрување. Веќе ми се смачи да ти кажам, да го купам уште лосионот и тоа е- немам никаква болест, резултатите ми се супер, немам стрес, не е толку наследно- па што е? Аман веќе, ама кој ми е крив кога експериментирав со косата, фарби, бланшови се и правев. Тоа е. Ти како си, имаш ли нови влакна? Не ми се верува до кај стасав, да прашувам за влакна, ама тоа е ај да го свртиме муабетот на смеа
леле и јас не знам што да правам од август на крајот до сега се митарам како мачка некоја! читав овде дека периодот бил, ама не можам веќе, секој ден се повеќе и повеќе се нервирам!!ајде ќе почекам уште 2 недели максимум и ако продолжи да ми паѓа косава, богами, ќе се наоружам со сите можни средства инаку без коса ќе си шетам
Дали ја имаш испитано работата на тироидната жлезда? Нејзина дисфункција исто така доведува до опаѓање на косата. Инаку, јас чекам да мине еден месец барем, да кажам како е што е дали има успех. Инаку вака како да гледам нови, ама сега мислам е уште рано да кажувам. Почнав со истата маска што ја кажа, што си ја правела по препорака на фармацевт, и јас почнав со истата две миења еве како ставам. Се надевам ќе вроди плод. Немој да се нервираш дополнително негативно ќе и влијаеш на косата. Не знам дали те прашав, се фарбаш претпоставувам по постов, во каква боја? Јас на пример, се фарбам плава, имам природно светло смеѓа коса па не ставам јаки хидрогени и бланшови, ама сепак фарба си е фарба. Да не се фарбам не бива-имам бааѓи седи за беља Колку е Алпецин лосионот, не ми кажа? Ајде без нервози, ќе успееме!
Ја проверив и тироидната жлезда, се е во ред. Знам дека е од фарбата, сега користам колор шампон чисто за да не ми дели фарбаното со мојата коса. А за лосионот не ти напишав бидејќи незнам колку е, мислам дека Викторија спомна нешто за него. Ама сега се мислам дали да го земам него или твојот од Фитофарм. Ама сепак мислам дека од Алпецин ќе биде подобро да го земам, комплементарни да се производите.
Ооо па не бил скап. Очекував повисока цена! Земи си го Сеси овој. Ќе биде во ред, само не се гледај во огледало на секој саат. Ќе се среди полека полека, помалку стрес!