/quote] Земи го шампонот на Афродита со лук што е. Не е многу скап, а премногу ќе ти помогне. И што е најбитно ќе го корисиш долго време. Работава е во тоа што откако ќе престанам да користам шампони против опаѓање на косата, мене повторно косата почнува да ми паѓа многу и не можам јас доживотно да користам вакви шампони или било какви други таблети. Инаку имав земено од фитовал таблети во комбинација со шампон и да речеме дека имаше ефект, но откако престанав со нивно користење..тутки од косава имаше [/quote][/quote] Ако веќе толку ништо не ти помага појди на лекар.А не вака само пари фрлање по шампони и триста чуда.
Женски, а да пробате да ја миете косата со поладна вода? Јас го користев оној на Афродита со лук, ама ужасна ми ја правеше косата, сува, никаква, после 2 ден ми се мрсеше, што никогаш не ми се случило претходно. Го сменив шампонот ама не се вратив на стариот добар Head and shoulders, туку си зедов на Лореал, за сува коса. Јас косата ја мијам одделно од телото, еднаш ми се брзаше и не ми се чекаше да се стопли вода и се измив со малку поладна вода од вообичаено, па ме зачуди што ми падна коса помалку од вообичаено. После вака со мојот женски мозок си поврзав дека можеби косата ми паѓа поради топлата температура. Нели порите се отвараат на топло, па ни даваат совети пред депилација, топли облози едно-друго.. Следно што планирам да направам е во шампон да ставам главички лук, па да отстои така 10-тина дена. Штом ќе пробам ќе споделам импресии.
Јас кај мене забележав дека во период од октомври до фебруар имам проблем со пагајне коса а сега ово период каде е потопло немам таков проблем... Не ја мачете косата премногу со тешки шампони,гледајте дали има период кога пајга косата и секако крвна слика кај мене беше слаб крвта и едно време од тоа ми пајгаше...
Мене косата многу почна да ми опаѓа . Кога се чешлам на четката им многу влакна а плус кога ќе се фатам за косата има уште влакна кои опаднале . Иако имам густа коса не ми е јас како може толку многу да ми паѓа . Некој совет за де не ми опаѓа толку многу косата ? Некои препарати за коса кои вие ги користите за де не ви опаѓа коста ?
Па не баш бидејќи и онака ја суши косата.... но можеш да го искомбинираш со глис за расчешлување или регенератор .
Пеглање и фенирање на коса нема врска со опадање. Косата опаѓа во внатрешноста на организмот. Фоликулот расне внатре. Сигурно имаш пореметено хормони, можеби слабо железо, па оди провери. Опаѓање коса кај мажи и жени е различно. Не се секирајте многу, нема да останете без коса, затоа што вие жените претежно губите коса сезонски или поради бременост, стрес, но таа коса многу бргу се враќа. Многу мал процент жени страдаат од androgenic alopecia односно генетско опаѓање на косата. Ако сакате повторно раст на коса само Minoxidil или Finasteride. Не сум сигурен дека се продаваат кај нас, но можете преку ebay или amazon да си порачате. Тие се ефективни против генетско опаѓање на коса, али имате среќа. Не сте толку подложни на тестерон и DHT хормонот. Можете да го користите и НИЗОРАЛ шампонот. Тие се тие три вида на лекови коишто секаде се пропишуваат во светот. Се друго е лага и измама.
И каде можее да го најдеме шампонот Низорал, која цена е и за колку милилитри? Ако некој го користел нека казе искуство, дали му помогнало...
Ова се медицински шампони. Значи не се козметички. Само minoxidil, finasteride и nizoral можат да ви дадат повторен раст ако е во прашање androgenic alopecia. Кај нас не знам дали ги има во аптеки, но се нарачуваат. Кај мажите имаат некои споредни ефекти како што е губење желба за секс, моментална импотенција, но не е кај сите така. Се зависи од организмот. Ако ви е само периодично или хормонско опаѓање на коса тогаш можете да пробате со обични козметички шампони, но ако е генетско освен овие три што ги набројав ништо друго не ви помага. Само ве лажат, ги пумпаат преку реклами, а тоа што читате одпозади дека било за ова, она се само глупости. Изгледа вака отприлика
не ми вреди воопшто ако ја суши дополнително косата... мојата е многу сува... дали може некој да ми каже кој е добар шампон против опаѓање, ама и да не ја суши косата
Пред месец дена почнав да практикувам еден совет кој ми го даде една пријателка во врска со опаѓањето на косата. Имав во шампон од коприва ставено чешниња лук да постојат две недели. Исто така имав сварено и вода со корен од коприви. Со шампонот се миев едно 2-3 недели и на крај косата ја поливав со течноста од коприви. Мислев дека ќе има ефект, но за жал косата ми беше многу сува и уште повеќе ми паѓаше кога ја чешлав. Шампонот имаше одвратен мирис се додека не се исуши косата и престанав да го користам. Сега користам нивеа дајмонт и косата не ми паѓа зашто многу подобро се чешла и ми е многу поубава. Повеќе не би ставила такви работи на мојата глава.
Јас го користам шампонот против опаѓање од лук на Афродита. И за овие 8 месеци морам да кажам дека ми помогна многу. Значи 8 месеци користам шампон од 1000 мл. Чист шампон и воопшто не ставав апчиња. Е сега последниов месец почна да ми опаѓа бидејќи не ја шишав ич. Затоа при опаѓањето на косата голема улога има и шишањето. Инаку морам да напоменам дека и за тие 8 месеци мене косата ми порасна до под гради.
^ Бубаче а од каде го купи шампонот и колку му е цената ? Јас користам некои производи од Афродита ппа затоа и те прашав дали ги има во продавницата од каде ги порачува мајка ми . Зашто не сум од Скопје затоа и те прашав .
Во сите големи маркети како Тинекс, СП маркет, Веро ( не сум сигурна). А може и го има и во помалите продавници што продаваат козметика. Цената му е од 90 до 110 тука некаде варира. Не е скап воопшто.
Девојки, другарка ми од Америка ми донесе FULFIX против опаѓање и за побрз раст на косата, меѓутоа ми донесе повеќе отколку што и нарачав. Затоа 3 шишенца ги продавам по многу поволна цена т.е многу поефтина од оваа што ја нудат во Македонија. Ги продавам и сите заедно, но и по едно. Кој е заинтересиран очекувам порака во inbox. Линк за да видите за што станува збор http://www.fulfixcomplex.com/nz2BXazdF/ FulFix® - Нair growth product with Biotin. Get rid of hair loss www.fulfixcomplex.com
Девојки, Ве молам помагајте очајна сум... Имам 15 години и косата премногу ми паѓа (веќе еден месец), дури и само ако поминам со раката низ косата. И така немав долга и убава бујна коса. Кажете ми нешто со што можам да го спречам опаѓањето на косата.
Првин дали знаеш од што би можело да биде опаѓањето? Според годините претпоставувам не се фарбаш? Во последно време да не си сменила шампон (што не ти одговара на косата) или некој друг производ за коса? Би ти препорачала да си го земеш шампонот од Афродита од лук против опаѓање на косата или пак од коприва, двата топло ти ги препорачувам, во шампонот можеш да додадеш апчиња б6.. се надевам ти помогнав колку што можев, позз
здраво девојки имам сериозен проблем со косата , мн ми паѓа , оретчена ми е како на три влакна сум , имам користено фитовал ама одкако престанав да го користам пак истата песна , го купив и од афродита од лук шампонот почна мн да ме чеша првут да ми ствара и пак ми паѓа косата , инаку имам собореја али ретко ми се појавува.Дали има некој користено алпецин шампон и лосион ? ве молам да споделите ваше искуство или за алпецин или било кој лек бидејки прамени ми паѓаат на сите страни п.с. инаку во моето семејство сите имаат густи коси .
http://www.multipharm.eu/userfiles/prod ... t_1022.jpg Мајками го користеше овој шампон и беше задоволна бидејќи и нејзе и паѓаше косата.