Kako da se spreci opaganjto na kosata? Pa, ima sam oedern siguren nacin - za mazite. Ako sosema se istrizat, pa ke nema sto da paga. Zasto i pokraj mnogute reklami tel nemalo, nitu pak ima... Za zal... za tie sto ne sakaat da bidat celavi...
Шампоните и ампулите може само делумно и краткотрајно да помогнат, но не и да спречат паѓање на косата. Со децении имало многу „сигурни“ рецепти (ампули, шампони, лекарства, надрилекарства...), се развила цела индустрија за такви прозиводи, но лекот се уште го нема. Во прашање е генот, а дали тој може да се модифицира - ќе зависи од науката...
На опаѓањето на косата влијаат многу фактори. Секако дека генетскиот фактор има најголема влијание, но исто така и сонцето, исхраната, нечистиот скалп, расцветаните врвови итн итн. Утеха нема да најдете во никакви препарати за коса и слично. Доволно е само да внесувате витамини преку исхраната и да се храните здраво (дај не зезај жити се, кој има време за тоа). Ај сега без зафрканци. Потрудете се да најдете некој природен шампон што ќе ви го чисти убаво скалпот и мијте ја косата на секои 2-3 дена, не ја оставајте многу а ви се измрси оти се лепат многу нечистотии, ама не ја мијте ни секој ден оти природните масла неможат да делуваат на влакното и скалпот. Во шампонот можете да ставите таблети Б комплекс и Д витамини и редовно кратете ги испуканите врвови (имам приметено дека кога ми ие време за шишање косата ми паѓа) и заштитувајте ги со некоја маска, капки или серум. И не ја носте косата постојано врзана. Инаку јас го користам шампонот на гарниер со 5 билки што е тој и добар е. Користев на Афродита од бел лук и мислев дека косата не ми паѓа од шампонот и дека е предобар, ама кога дојде време за шишање косата пак почна да ми паѓа. Сега бев во болница и неможев да ја мијам главата 10 дена и ми беше постојано врзана, претерано многу ми паѓаше. Инаку нормално е во денот да паднат окло 100 влакна за да може косата постојано да се обновува
Според мене секојдневното паѓање на 100 влакна е веќе нешто алармантно ! Затоа што растот на косата не би можел да го постигне темпото во сооднос со опаѓањето на косата и би биле сите ќелави. Сепак е тоа едно мое размислување. Така да штом забележите дека вашата коса паѓа треба да превземете нешто иако грижата нели треба да биде постојана.
Многу ми паѓа косата откако ја бланширав...Една фризерка ми го препорача Рецепт-Субрина шампонот против опаѓаење и многу косата растела незнам колку е ефикасен ако го има некој користено нека сподели искуство
За сите они што имаат посериозен проблем со косопаст им препорачувам да направат ПРП.Третманот се состои од вадење на крв од вена, истата се центрифугира и добиената плазма се боцка во скалпот.Таа прави раст на нови влакна. Јас направив 2 третмана досега и сум многу задоволна. Кој сака да проба нека пише ке му дадам број од докторот.
Мене обично наесен почнува да ми паѓа, ама така повеќе и на чешлање и на миење. Лани користев рицинусово и чичково масло, наизменично го масирав скалпот со овие пред секое миење, ја плакнам косата со чај од коприва или листови од орев. Од тоа ми се подобри малку ситуацијата, ама ако станува збор за поголем проблем може треба посебни третмани.
Јас имам виткана коса но во последно време постојано ми паѓа дај ако знае некој нека каже што да направам??? Помогнете ве молам !!!!
И мене многу ми паѓаше косата, но го купив шампонот Fitoval од аптека. Откако го користам овие денови, повеќе од 10 влакна дневно ми немаат паднато.
Афродита шампон на база на лук! 1 литар 100 денари е, на почетокот бев скептична поради ниската цена,но навистина делува и не мириса на лук воопшто. Кај мене помогна тоа се надевам и кај вас. Ако не нешто пробајте 100 денари се ништо за 1 литар шампон.
Јас сум алергична на коприви, така да ќе си останам со шампонот. Ако пак почне да паѓа, ќе ја исечам целата, па што бидне, бидне.
Страшно ми паѓа и веќе подолг период. Ме советуваа да ги испитам хормоните и мислам дека ќе идам по упут одма во понеделник сабајлечки. Спојлер Уз тоа, веќе некое време имам проблем со дланките, ме чешаат до толку на одредени места, шо не можам да одолеам на таа желба, се лупат и се ствараат како ситни тврди топчиња. Сфашта мачкав, ништо не помага. Никогаш не ги поврзав тие 2 работи, кои исто траат веќе одреден период, па откако ми го спомнаа хормонсково испитување се мислев можеби ете или е до некој хормон или недостаток на витамин, а може и везе нема едно со друго..лично ептем лаик од медицина сум. Ќе одам да се проверам па ќе знам со сигурност. Е сеа друго, ми испофалија некаков шампон од коњско опавче...дали некоја го користела и дали имало ефект со оглед на цената која не му e ниска баш.. Во принцип години уназад ги користам шампоните на Афродита, од коприва, бреза и камилица, а и овој од лук и ми се супер, но не ми се решение за моменталниов проблем. Значи косава СТРАШНО ми паѓа... Спомнав ствари и надвор од темата, чисто за компарација, па ако не е соодветно, нека биде избришано.. Она што конкретно ме интересира, дали некој имал сериозен проблем со опаѓање на косата и шо третмани и производи сте користеле? Пошто мојов проблем очигледно сам по себе нема да се реши.