Имам толку многу густа кога што нема шанси да се носи спуштена во лето и се ми е врзана ама главата ме боли понекогаш.Забегав малце од темата Мене ми паѓа во лето мнгоу а во зима ни влакно не ми паѓа
Луѓе јас веќе некое време приметив дека малку повеќе ми паѓа, нели при чешлање за разлика од вообичаено... Ама ништо, не обрнав внимание. Откако се вратив од одмор при крајот на август почна мнооогу мнооогу да ми паѓа по 2-3 топки в рака...И бев на лекар, ми даде Реконазол шампон,еве неделава 2 пати се бањав со него, од вторникот пијам и Олигогал селен и витамини за коса на Natural Wealth. Веројатно е рано за резултати, но ме загрижува помислата дека сеуште ми паѓа премногу, насекаде има влакна околу мене, на секоја блуза, и многу почна да ми се заплеткува, едвај ја расчешлувам. Да продолжам со медикаментиве и да чекам ?
Значи женски работава е стварно сериозна..Ве премолувам за помош.Уште една година се мажам ама јас стварно не разбирам од кај се најдуват лакна на главава да ми паѓат косава уште Значи почна пред некои 3 години да ми опаѓа периодично се трпеше некако ми се згуснуваше од време на време,е ама сега овие 2 години не запират да опаѓат никако од олкави бујна коса шо имав ми остана 3 лакна,за ништо не ми е косава ниту за пеглана ниту за виткана а недај боже да ја врзам во репче,од синоќа откако се искапив и откако ми испадна цела перика од толку што се изнервирав менструацијата ми дојде 6 дена побргу,а што се немам пробано,да ви набројам:Провав со рицинусово масло и чичково масло,бетер почне да опаѓет и свекое капење јас си плачев,после провав со ампули б6 и б12,никаков ефект.Го сменав шампонот оној од илириа го користев и внатре лук му ставав,регенератор никаков не користев,а цела зима ја плакнев косава со природен чај од коприви а од тој пак НИКАКОВ ефект,и плус се си јадев природно,зеленчук и овошје обавезно ама не било од тоа о сега одлучив да ви пишам за помош,кажете ми какви анализи на крв треба да направам и препорачајте ми најдобрите апчиња дали витамини дали апчиња против опаѓање на коса само да не се штетни пошо имам 21 год и од сега планирам по некои годиње да си родам ако даде Госпд,прифаќам свекаква препорака не е важно колку би коштале лековите,очајна сум ве молам за помош!!!!!!
Оди на дерматолог, најдобро ќе ти каже што да правиш, не прави ништо на своја рака зошто може да ти биде и на база на стрес. Во меѓувреме може да пиеш чај од коприва, од него немаш штета, а и корисен е и за други работи.
Мила најпрво смирисе, бидејки и стресот лошо влијае. И јас имам пишувано во темава и барано помош, и мене ми паѓа косата ама не толку алармантно како што ти кажуваш. Најпрво посети доктор, да ти даде стручно мислење бидејќи како што кажуваш ти не е само сезонско паѓање на косата и да ти каже какви анализи да направиш.. Потоа можеш да си земеш специјален шампон против опаѓање на косата на примет Алпецин слушам доста го фалат( јас лично не го имам користено него ), Фитовал или Нирел, последниов јас го имам порано користено и не беше нешто скап. За витамини најдобро во аптека да одиш и тие да ти препорачаат апчиња за зацврстување на коса, нокти и кожа обично се такви. Се надевам дека малку ти помогнав, поздрав
jas bi ti preporacala da isprobas eden priroden lek,baba mi mi kaza.Taa i den denes go praktikuva i ne ni fali ni vlakno od kosata.Ke zemes glavica luk,ke go izlupis i ke go istolcis ubavo.Ke go naneses na korenite na kosata,ubavo ke go vtries i da otstoi min.30 minutki.Potoa ke go isplaknes lukot i ke ja izmies kosata so samponot sto go koristis.Ne se plasi nema da ti mirisa kosata na luk,samo onaj polovina cas,ama vredi da se istrpi veruvaj mi.
Мила моја немој ништо ама ништо да користиш. И јас сум во истата ситуација од лук до коприва што се не пробав. Ако ништо не ти помогнало значи е хормонално. Испитај си FSH, LH, PRL, Estradiol, Cortisol, Testosterone, Andostenedion, Insulin, Estrogen, Progesteron, DHEA, a osobeno TSH, FT3, FT4, antitela na тироидната жлезда направи си и комплетна крвна слика железо, шеќер, скриен шеќер, и витамините Д и Б12 исто се испитуваат во државна ( се на се чини мислам околу 800 ден, ова мислам на хормоните без крвна слика). Од ова сигурно ќе излезе причината зашто ти паѓа косата, а потоа лесно ќе ти дадат терапија. Со среќа
И јас мислам обавезно да направиш коплетна крвна анализа,и обавезно нагласи во упутот да се провери и Fe(Se)серумот во железо бидејќи ова е оделно испитување покрај хемоглобинот, исто така провери ја и тироидната жлезда(ехо и тироидни хормони преку крв) и провери за хеликобактер .Ако и овие испитувања се во ред тогаш барај друго чаре.Поздрав и се најубаво.
Многу ви фала сонциња мои подобри одговори не можев да добиам,од толку што бев очајна ке почнев на своја глава апчиња да пијам,ама сега обавезно ќе ги направам анализите и ќе пишам резултати. Госпд да ми помогне Фала ви на сите
Да ви го кажам моето искуство, пред две години мене косата не ми паѓаше ама ми е ретка отсекогаш почнав да ствам лук со оцет(толчен лук и малку оцет и го втривав во косата и со кеса се покривав и дрзев околу 2 часа) значи многу нови влакна почнаа да ми растат особено по бањање кога ја сушев косата со фен се гледаше. Ја го ставав во зима зошто лето е опасно ќе се испотис и мириса. Погоре читам дека не мириса ама јас од искуство кажувам дека мириса ама кога косата ви е мокра кога се бањате ( или недај боже дожд да ве фати смрдиии корне), во март престанав да се мачкам ама кога се бањав уште 6 месеци ми мирасше на мокро косата на суво не. Ја сега пак планирам да почнам да ставам таман залади и некаде гледајте два пати во неделата со добро втривање малку ќе лути ама има огромен ефект. Срќноооо
Дали некој од вас има користено мерц таблети и навистина ли помагаат за опаѓање на коса? Благодарам на споделеното мислење.
Ми опаѓа косата овој период, не којзнае колку, ама ме нервира ужасно. Јас мешам чичково и рицинусово масло, ем за опаѓање ем го забрзува растот на косата. Ми стои 2-3 часа убаво да се впие и потоа мијам со брезов шампон на Илирија. Кај мене има резултати.
Колку период го правиш тоа? Јас користев рицинусово масло ама немаше некој резултат. Ме чуди тоа што повеќето велат дека е од користење на препарати како пегла, исто и со фарбање на коса дека почесто пага. Имам другарќи кои секој ден ја пеглаат косата, користат јаќи фарби и хидрогени а косата пак не им опага како кај мене полна рака
Некаде од средината на август. Не само рицинусово, туку и чичково. Баш тоа е за опаѓање, а рицинусовото за побрз раст, јас затоа ги мешам. Исто и шампонот го сменив, божем некој поблаг, него кратко го користам, ама убав ми е. Мислам дека нема врска, јас никогаш се немам фарбано, пегла, фен, скоро никогаш и пак ми паѓа. Еве, мајка ми секој месец се фарба плава, ја фенирам често и нејзината коса nе паѓа и не и е оштетена, а мојата и цвета.
A каков шампон користиш ти? Јас користив и Рецепт, и Камиличен и Брезов шампон и ништо не ми успева Јас уште зелена боја и немам ставено на косава
И јас ги имам пиено, не ми помогнаа за косата, ни за ноктите, али имаше промена во влакната на лицето, и прекинав да ги пијам.