Мене косата ми пагаше ко луда кога да ја допрам кога и да ја исчешлам обавезно една рака коса шо се вика ке извадам.Алпецинот го имам користено значи помага не викам не но сите они кои имаат бебешки влакна да знаете дека ке ви станат буквално ко антени на сите страни штрчат неможев косата да ја врзам...Инаку на постот за маската со квасец ја имам користено и нема некој ефект барем од моја страна...Најпосле решение си најдов во рицинусово масло навечер истурам на целата коса и спијам со него а сабајлето се мијам со шампон обичен од коприва...Косата ми е како свила од првиот обид откако се измив влакно не ми падна одкако ке се измиеш нема потреба од силиконски капки..Па пробајте и кажете позз
Дечки, јас го најдов спасот за мене. Да не се урочам. Фитовал во црвено паковање. 15 Бе комплекс апчиња столчени, по две ампули од Б1 Б6 и Б12 и сето тоа во шампонот. Мислам дека го знаете тоа веќе ама вреди да се проба. Од кога почнав да го користам тоа едно преќина огромното пагање на коса. Ми пага ама нормално. Не како порано. И си купив пивски квасец, почнав да го пијам и ќе видам дали ќе има резултати од тоа.
и јас сега го користам Фитовалот со ампули внатре во него му ставам , и пијам таблети од пивски кВсец , и ке пишам резултати после 2-3 месеци
Devojki mene mnogu mi pomogna eden sampon hobby se vika mene kosata mi pagase nenormalno, po celi prameni koga se ceslav imase na cetkata. Mi kazaa za samponov i stvarno mi pomogna. A e premnogu eftin 750 ml za 100 - 150 denari ne pamtam tocno ke vi pustam slika za da vidite kakov e
Од секогаш сум имала многу густа и бујна коса, па темава не ме загрижувала многу - се до пред две лета кога како резултат на диетата што ја држев извесно време почна да ми паѓа повеќе од вообичаеното. Штом забележав промени во густината ги купив MERZ дражеите (има вкупно 60, се пијат 30 дена) што повеќе влијаеја на кожата и ноктите отколку на косата. Регуларно треба да се земаат околу 3-4 месеци за да се види подобрување, јас престанав да ги земам по првиот месец заради зголемен апетит од б-комплексот па ми беше страв да не си ја вратам старата килажа. Извесен период додека ги користев дражеите правев и домашни маски (најмногу онаа со лук), нанесував чичково масло и купував различни ампули (веќе не се ни сеќавам кои се сум ги користела) од аптеки за жал повторно без никаков ефект па решив да се консултирам со стручно лице. Бев кај Д-р Анчевски каде ми препорачаа Vichy шампон и ампули после секое миење на косата (шампонот е околу 800 денари, а ампулите беа 2700 кога ги земав, сега се во нова амбалажа околу 3000-3100). Да бидам искрена, не знам кое од сите овие се покажа како успешно, меѓутоа косата постепено престана да ми паѓа и влакното комплетно си се обнови од корен. Сега пред околу еден месец повторно забележав ненормален пад и веднаш го купив Алпецин кој имам читано дека им помогнал на многумина. Си го нанесував според пропишаното и воопшто не сум задоволна, нема никаква разлика по неговото користење освен што ја мрси косата до максимум. Завршив со вакви беспомошни лутања по шампони, решив да користам обичен (без намена за против опаѓање) и дефинитивно ќе го применам тоа со б6 таблетата. На сите други што се соочувате со ваков проблем сакам да ви кажам да не се откажувате уште одма, резултатите не се гледаат преку ноќ така да бидете истрајни се додека не сте сигурни дека сте ги пробале сите можни методи. И најважно е да внимавате на исхраната, да редуцирате штетни навики (пиење, пушење,...) затоа што секојдневниот животен стил има најголем удел и како главен виновник и како превентива на овој проблем.
Здраво, Јас сум нов член на форумов и ве молам за совет. Пред неколку дена, мојата фризерка ми покажа дека на главата ми се појавил "печат" без коса - Алопеција. Во аптека ми препорачаа "Пилфуд" (раствор во спреј). Навистина сум исплашена, затоа, барам некој со вакво искуство. Може ли некој да ми одговори и дали ќе можам да користам боја за коса или каква? Ви благодарам.
Најдобро да одиш до Др.Анчевски, затоа што Алопеција Ефектум ( ти тоа имаш) може да се излекува. Андрогеник Алопеција, или генетско отпаѓање на коса е најопасното. Тука никакви препарати не ти помагаат
Не избрзувај со нанесување некакви препарати. Прво ќе направиш клинички преглед, а не вака подучени лица да ти даваат дијагнози. Според наодите ќе видиш која терапија треба да ја почнеш доколку навистина има присуство на таа болест, а некогаш воопшто нема потреба од терапија како тој печат не се зголемува и косата повторно почнува да расте на истото место.
ПОСЛЕ ОВА КОСАТА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ВИ ПАЃА, А И ЌЕ РАСТЕ МНОГУ ПОБРЗО Позната новинарка од списанието Allure се изненадила кога од фризерката добила необичен совет против косопад: Нанеси само малку цимет на темето и убаво измасирај го скалпот само неколку минути. Оваа информација подоцна ја проверила и кај својот дерматолог кој и објаснил дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори за брз раст на косата како и ефикасен лек против косопад. Дерматологот Франческа Фуско изјавила за списанието дека нејзините пациенти биле мошне задоволни од овој совет. На сите кои сакаат да го пробаат циметот како лек против косопад им препорачува во маслиново масло да додадат лажица цимет за да се добие погуста смеса, и со препаратот да го масираат скалпот неколку минути, а потоа да остават лекот да отстои неколку часа. Остатокот од маската треба да се нанесе и по должината на косата за да се зајакне влакното и да не пука. Ke go probam ova, zosto e nemozno da e stetno
@okcenzi Дали го проба ова со циметот? Ако го имаш пробано дали покажува резултати? Јас од кога ја скратив косата до рамењата ми намали падот на косата. Се немам фарбано добри 3-4 месеци.Користам Глис спреј за коса и засега сум задоволна. Ми недостига долгата коса ама ќе порасне за брз период. (Си се тешам )
Здρаво феминκи. Има точно 3 месеци κаκо се поρодив и на почетоκот немав пρоблем со опаѓање на κосата, ама овие 2 недели пола κоса си ја изгубив. Значи ми паѓа κаκо луда, κај бебе во ρачиња постојано има влаκна, ми се запушува κадата од влаκна, низ цела κуќа ги сејам. А сеκогаш имав густа и цвρста κоса. Сега ми се мρси за пола ден. Дали имала неκоја од вас ваκов пρоблем и κаκо сте го ρешиле? Нестρпливо ве очеκувам
Ова е нормален проблем кај секоја родилка и баш почнува во тој период околу третиот месец. Јас веќе 2 месеци се борам со проблемов, но што и да се превземе мислам џабе е. Пробав и шампони против опаѓање, маски за коса со квасец, специјални витамини...Едноставно мора да помине период, зашто косата паѓа поради хормоните, па кога ќе се стабилизираат ќе се вратиме во нормала. Јас веќе имам дупло поретка коса од тоа што имав, па во план ми е многу наскоро да ја ошишам во некоја боб-фризура.
каква реклама на Алпецинот му направија а нема везе ништо освен што е 500ден , повеќе ефект има фитовал него тој , алпецинот е перење пари само !!!
Јас го пробав тоа со циметот, но повеќето сепак ми остана на косата, интересно беше додека ја сушев како подот стана кафеав. И ушите убаво измијте ги. Инаку, како за прв пат, задоволна сум, косата изгледаше погуста. И сега планирам да алтернирам помеѓу чичково, маскава со цимет и таа со квасец, додека да отстои шампонот со лук. Е сега, прашање. Сега сакав да го масирам скалпот со чичково, но малку ми е мрсна косата, втор ден ми е. Па си мислам можеби нема да има толкав ефект, подобро би било на почиста коса. Што мислите? Инаку, ова со лукот и рицинусово и чичково се сите испробани пред многу години, и затоа сум сигурна дека знам што правам. Но некако ме загрижува тоа што некако чувствувам некоја болка на темето на главата (така се вика crown of the head, нели?) Но само таму ме боли некако, како да е иритиран скалпот некако, не знам... И по некое истражување гледам дека се митарам, или можеби штом рано приметив дека губам коса, сеуште не се познава кога ми е пуштена косата, или бидејќи отсекогаш сум имала ретка коса. Ама стварно стресот е неизбежен...
И мене ми паѓа косата, некогаш многу, некогаш помалце, но премногу сум задоволна од кокосовото масло за коса, пред да се капам еден до 2 саати го нанесувам на цела коса, ја масирам главата, и ја измивам потоа нормално, косата не ми паѓа толку многу, е помека, и најбитното и то како го забрзува растот на косата го имам ова и сум презадоволна
Zdravo feminki bi sakala da ve prasam dali od premnogu pienje voda na den odprilika 2 litri mozno e da opaga kosata?? Posto jas od koga pocnav da pijsm voda zabelezav deka mi opaga kosata aj ve molam pomos sto moze da bide problemot sum probala samponi piev vitamin b no nikakov rezultat nema
@tanja11991 колку време трае проблемов? Си правела скоро испитување на хормонален статус? Тироида? Мене ми е нелогично, само и исклучиво, поради внесување 2л вода на ден да се соочуваш со опаѓање на косата. Впрочем, таа количина вода и не е премногу, туку горе-долу препорачаната дневна. Не сакам да те паничам, но ако постои реален проблем, не се решава со шампони. А, може и ти е само период, но водата сама по себе не мислам дека е причина.