срцка имав претходно кажано шо да пробате за опагање на косата со 90 посто сигурност па пробај и пиши резултати
Posleden pat koga pojdov na doktor pred nekade okolu 2 meseci mi rece mozno bilo od mnogu blago sto sum jadela da mi opaga kosata no jas skoro ic ne jadam i togas mi prepisa vitamin b ama nemase rezultat,maticnata moja e mnogu tvrdoglava koga ke i pobaram uput za snimanje ili za specijalista no sepak ke otidam denovive da pobaram pa da ispitam sto mozi da bidi fala mnogu na pomosta
Упат за снимање на главата се дава само во превентива кога имаш нешто во твојот мозок ( не дај боже). И тоа снимање е штетно бидејќи те зрачи. Докторката не е тврдоглава само сака да те спаси од таа опција. Има и други фактори за опаѓање на косата, така да не избрзувај.
Сите што имате проблем со опаѓање на косата ви препорачувам задолжителна консултација со доктор.Оставете тоа рицинусово масло,или Афродита со лук треба совет од специјалист.Значи зборувам кога има нетипично за вас ,интензивно опаѓање на косата. Кај мене за прв пат тоа се случи т.е. случува веќе еден месец.Разбирам јас нормално периодично опаѓање но,моево е веќе повеќе од обично со што веќе и се чувствува проретчување на косата.Јас мислев дека е само период или пак дека имам доста долга коса ,или дека користев маска на база на кератин(од маски можно е опаѓање на косата но истото престанува штом ќе се престане со употреба).Бев приватно на специјалист дерматолог каде што докторката ме прегледа со апарат и увидовме дека има проретчување и на места наместо 4 влакненца од снопче кај мене растат по 1,2.Може да е стрес,а може да е и хормонски затоа ми даде да испитам хормони на тироидна и серумско железо.Ми препиша медицински шампон и спреј,пијам Мерц таблети како и ми рече да внимавам и на храна (да внесувам повеќе протеини).За три месеци имам контрола па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Шампони како Фитовал,Виши и ред други се горе доле исти и немаат некоја разлика ист состав се,може било кој да се користи како плус на терапијата.Ми препорача органски шампони на LOGONA како и шампон Farmona Radical за опаѓање ( може да се купи во Еликсир поранешно Јуник). Проверете си на време не се решава се со домашни рецепти,сепак за коса се работи не е играчка.
Да потполно се слагам со твоето излагање кога подолг период паѓа косата и тешко се обновува единстено решение е стручно лице да види подетално за сто станува збор ,поточно да се најде изворот на опаѓањето.Би те замолила да ми кажеш кај кого беше и колку те кошташе прегледот.
Сестра ми ги пие витаминските капсули Bioclean по препорака на доктор, околу 900-1000 денари се. После испиено едно кутивче се гледа драстична разлика и ни приближно не и опаѓа како некогаш. И јас се мислам да си ги купам, само некако не ми се даваат толку пари.
hello-kitty90, од кај ги набавивте овие апчиња,дали се нешто слично како Merz? Дали некој ги има пробано производите на Виши?
Јас имам голем проблем со опаѓање на косата бев и на доктор ми рекоја дека тоа било само период, а следниот пат кога отидов ми даде само витамин Б да пијам и не ми помогна.
Претпоставувам дека се слични, колку што знам и тие и тие се витамински. Сестра ми ги купи во Деметра во Куманово, мислам дека би требало да ги има и по другите аптеки.
https://www.drive-markt.de/website/var/tmp/thumb_46436__produktdiashow.jpeg дали некоја гоима овај пробано.... не е за против опаѓање ама е многу нежен и плус евтин....59денари е..јас го користам скоро година
Значи од овие шампони корист има само додека се користат, откако ги прекинете косата продолжува да паѓа.
така е,шампонот има многу краткотрајнмо дејство.... подобро е со природните маски,правилна исхрана и додатоци во исхраната ( fitoval,merz капсули или апчиња)
Исто е и со апчињата, сестра ми ги пиеше Биоклин, додека ги пиеше едвај 3-4 влакна во ден и паѓаа, сега ги прекина, и повторно си почнува да паѓа.
Здраво на сите, морам да споделам едно мое искуство и воедно да побарам совет ако некој знае... Имам кадрава коса, и не ретка (да не се подречам ) . Пред година ипол почна многу да ми опаѓа косата , толку многу што ми дојде на пола , после прекина, па во летото пак ми опаѓаше ама не како предходно, сега пак е окејј. Но сега косата ми е многу потенка за разлика од порано т.е ми се кинат врвовите и заради тоа всушност во коренот ми е бујна а во врвот поретка. Дали знаете нешто што би ми помогнало на природна база зошто веќе од шампони и такви ствари ми е смачено. Инаку пред некој ден фризерот ми го предложи шампонот на REVLON заедно со некои ампули, ампулите биле за 1 месец а шампонот од литар ипол вика ке го користиш можи и година цела, добар бил за опаѓање, такви проблеми. Дали некој од вас го има пробано да ми кажи дали е ефикасен? Или некој ако знае да ми кажи сто би можело да ми помогни позз
Го купив алпецин и имаше ефект и тоа голем. Значи на првото миење дали 3 влакна ми паднаа. И така беше извесен период, не ми паѓаше косата, ама еве сега пак го имам истиот проблем. Веќе не ми помага алпецинот. Стварно незнам што бидна, дали ми се презасити косата од тој шампон, период ли ми е, што ли е... незнам. Крвта ја проверив пред 2 месеци и супер ми е. Некои други здравствени проблеми немам :/