Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опаѓање на косата

Дискусија во 'Коса' започната од cvet957, 1 декември 2009.

  1. barbie7

    barbie7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Veke podolgo vreme kozata na glavata mi se lupi i mi e crveno i me cesa toa se momenti a sekogas imam prvut od kozata sto se lupi sum bila po sve i sesto ke mi dadat nesto ne imam efekt i koga ke prestanam pak istata pesna...zemav sekak i samponi i duri bekutan i nisto.. bi sakala da ve prasam dali imate nekoj priroden lek da stavam
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.084
    Пол:
    Женски
    Пробај често да ставаш пудра бекутан не шампон , или на местото што ти се лупи тријај се со лук ( знам дека грозно звучи , ама помага ) со лук се лечат за косопад и за разни ранички на главата , пробај ништо не губиш во секој случај, барем лукот е природен иако со лоша миризба , ама ќе ти ги залечи раничките , ако си скептична не го слушај советов , подобро консултирај се и со луѓе кои работат во аптека за некое средство , бидејќи општо познато е дека некогаш аптекарите знаат подобро од докторите и повеќе се од помош.
     
    На barbie7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    588
    Девојки и јас имав ОГРОМЕН проблем со опаѓање на косата. Доев и сеуште дојам па викаат тоа било природен процес и нормална појава, но мене почна да ме загрижува бидејќи изгледам како да имам смао три влакна на косава. Дури ми излегоа и залистоци. Купив фитовал шампон, пиев б витамин но ништо, Единствено што ми помогна е класичен шампон од коприва од 200 мл и во него ставени ампули б витамин ( од сите по две). Не само што ми го намали опаѓањето, туку за еден месец веќе имам нови влакна од 1 цм. Исто така ми го зголеми волуменот и целосно ми го подобри квалитетот на влакното. Иако се пеглам после секое миење, воопшто не делува дека ми е изгорена.

    Се надевам дека ќе ви помогне моево искуство.

    Поздрав,
     
    На Artemida81 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Мила*

    Мила* Нов член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Чичковото масло е препорачува за сува коса со распукани врвови...
    Косата е голем фактор кој покрај ноките може да укаже на проблем со Тируидната жлезда! Така да, девојки проверете се на лекар ако обилно ви опаѓа косата и ако ноктите ви се кршливи со бели дамки.

    РЕЦЕПТ ЗА БУЈНА КОСА:
    - 2-3 пати неделно миење на косата, при што пред да се нанесе било кој шампон(препорачувам Orzene со база на јачмен, го има секаде, кафена амбалажа) да се натопи косата со пиво и да отстои 20минути.

    -Редовно конзумирање на Б12.

    -Еднаш во месецот маска која се приготвува вака: Се мати едно јајце на кое му се додава толчени Б12 б-комплекс со фолна киселина и се додаваат 2 лажици маслиново масло.

    Со среќа :)
     
    На okcenzi и moon1 им се допаѓа ова.
  5. ema2011

    ema2011 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Jas imav golemi problemi so opaganje na kosata i nema kaj nemam otideno i sto nemam probano.Od moeto iskustvo bi sakala da pomognam na dosta zeni,devojki koi go imaat ovoj problem .Edinstvenoto resenie za mene a se nadevam i na mnogu drugi e pilfud 2% losiot go ima vo site apteki okolu 450 denari e i mnogu mnogu efikasen.Pola i poveke kosata mi se vrati za 2-3 meseci.A prvite rezultati mi bea vidlivi uste prvite 2 nedeli.
    Pozdrav i se nadevam deka na nekoj ke mu pomognam so ova, kako sto mi pomognale i na mene.
     
    На okcenzi и male им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    чај од коприва сакајте мијајте ја сакајте пијте го има ефект пробајте
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А зошто не престанеш со пеглање некое време? Почни плети си ја косата, ем практично ем не ја оштетуваш, одмори ја малце од топлина. Или сплети ја и остави да се исуши, па ако не ја сакаш така собрана пушти ја виткана. Или можеш да си правиш локни или бранови со некои методи без топлина. Има 101 начин за ова, само побарај по интернет. Одмор од топлина годи на косата, јас мојата ја немам шишано 1 година, еве дали неколку влакна имам расцветани. Се е тоа зошто престанав да ја пеглам.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Маска против опаѓање на косата

    Со долга примена на оваа маска косата станува поквалитетна и подолга, а предност е што одговара на сите типови коса.
    Маската се состои од само 1 состојка помешана со малку вода, квасец.
    Витаминот Б од квасецот може да направи чуда за здравјето на косата, затоа испробајте ја маската пред следното миење.
    Потребни се 2 лажици квасец и 6 лажици топла вода. Промешајте ги додека не добиете еднолична смеса и оставете ја да отстои половина час.
    Маската нанесете ја на темето и масирајте го коренот. Држете ја половина час, а потоа измијте ја со топла вода и благ шампон.
    Ќе забележите дека квасецот ќе се стврдне по неколку минути, но не се плашете, лесно се измива.
    Третманот може да го правите 1-2 пати во неделата, а првите резултати ќе ги забележите по 3-4 недели.

    Преземено
     
    На baby-star, kuc и macamaca24 им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Foltene, ампули со плацента,шампони со кофеин,MERZ таблети....незнам name it what else на мојава кожа не сум пробала...мене сериозно ми паѓа косата.Денес после миење во рацете имав шака коса.....овој период сум под стрес ....толку ли тоа може да влијае?!
     
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.084
    Пол:
    Женски
    Верувај се сум пробала, затоа се чуствувам компетентна да ти посочам да пробаш да користиш благи шампони , односно оние поевтините од бреза и коприва , верувај дека помагаат ( пример јас користам од коприва и во него ставам неколку таблетки б комплекс и 3-4 ампули витамински на пример б-12 витамин А) или стави си АД капки во шампонот и раствор Пантенол,пиев и јас Мерц и за џабе,исто многу помага плакнењето на косата со природен чај од коприва, и за крај гледај да го намалиш многууу стресот , и може си скептична за последново , ама верувај ми многу помага и триење со лук, да грдо мириса , ама е од голема помош.
     
    На macamaca24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Jasmina Minaa

    Jasmina Minaa Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    zdravo zenski, edno prasanje, kako i site imam Strasno opaganje na kosata poslednite godina dena, napraviv ispituvanje hormoni, tiroidna , se e vo red, sum probala mn ampuli, samponi, priroden lek so kopriva, tableti merc, odreden period imase nekoi mali rezultati od koprivata, no pak gledam si paga, ve molam nekoj sovet, iskustvo!
     
  12. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    И јас си имам голем проблем со косата. Скроз ми попаѓа. Каде све не бев и истиот огдовор - од нервоза ти е (што и верувам дека е вистина, затоа што сум многу се нервирам и мн сум емотивна). Што све не пробав и нема некој резултат. Сега пијам едни руски витамини, специјално ми ги носат, има резултати но многу малку. Ми се ближи матурата, но баш и не сум сигурна дека ќе ми порасне до тогаш. Моето прашање е каде има квалитетни перики(ќе ја носам само за матурската вечер и толку, да не си ја оштетам и таа малце коса што ја имам).
     
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    А зошто не побараш уметоци? Не знам колку убаво ќе изгледа перика да носиш. Оди низ салониве, прашај за уметоци колку пари се, од прилика колку ќе ти требаат, они најубаво ќе ти кажат.
     
  14. split96

    split96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека вметоците се ставаат на твоја коса, всушност се закачуваат на твојата. Јас немам толку за да можат да се стават вметоците. Поправи ме ако грешам. Знам дека периката не е најдобро решение ама тоа е.
     
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не знам ни јас точно, затоа најубаво ќе ти биде да одиш во салон да прашаш. Ако ништо друго барем таму ќе ти кажат каде да набавиш перика.
     
    На split96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Jasmina Minaa

    Jasmina Minaa Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Nisto ne pomaga i jas kako tebe mislam deka ke ja izgubam i taa kosa malku sto ja imam, proveri tiroidna ili kako vikaat preobladuvanje na maski hormoni paga kosa a izleguvaat vlakna po liceto, da be znaes koj shto kazuva, se shto sum slusnala sum probala i do sega nikakvo podobruvanje, sega pocnav so Foltene ampuli 3 nedelno prviot mesec i sampon isto taka pa od vtoriot mesec po 2 nedelno pa ke vidam shto ke bide ako do togas ne mi dopadni kosata ovaj problem gledam deka mn od nas go imaat, daj boze site da si go resime, pa da ne ostaneme bez kosi na nasi 20,30 god,Strasno!
     
  17. dafe993

    dafe993 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    16.097
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас имав проблем со опаѓање на косата, почнав дури и да оќелавувам на едно место. Со шампони не сум пробувала, бидејќи некој ми имаше спомнато дека ако почнеш да се миеш со шампон против опаѓање додека се миеш нема да ти паѓа косата, но ако престанеш да се миеш повторно ќе почне. Дека голем скептик сум, па се обидев со еден лек кој имаше навистина голем ефект, мирисаше многу непријатно, па и дека во сред лето го мачкав (а основната структура му беше млеко), но сум презадоволна. Штета што не може да се набави секаде, јас го земав од едно кочанско село има човек кој го прави... :*
     
  18. Jasmina Minaa

    Jasmina Minaa Нов член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Sho da se pravi ni jas ne sum videla rezultati od sampomni, ama se ke probas sho ke slusnis.A kako shto kazuvas prokelauvase na odredino mesto lekot da ne e za kosopad, zatoa sto jas nemam opaganje na mesta kako krugcinja ili slicna mene celosno mi paga znaci kako ona moze da citas izmegu redovi ako nekoj mi napise na glavata!
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Најдобра домашна маска за коса: Ја зајакнува, обновува и го спречува опаѓањето
    За да би го спречиле губитокот на косата, да ја зајакнете нејзината структура и да го поттикнете растот, потребно е да ја направите оваа исклучително хранлива маска за коса, и да ја користите еднаш до два пати неделно.
    Состојки:

    – 1 ампула од витамин Б6 (Bedoxin) (се продава во аптеките)
    – 1 ампула од витамин Б12 (OHB12) (се продава во аптеките)
    – 1 г. витамин Ц во прав (се продава во аптеките)
    – 1 лажица на рицинусово (или чичково) масло
    – 1 лажица мед
    – 2 лажици балзам за коса


    Подготовка и начин на употреба:

    Помешајте ги сите производи додека не добиете еднолична смеса. Нанесете ја на немиена коса, најпрво на коренот, а потоа распоредете ја и по целата должина. Ставете на главата најлонска кеса и обвиткајте ја со пешкир или капа за да го постигнете „сауна“ ефектот. Маската држете ја на косата еден час. Косата измијте ја на вообичаениот начин.

    Маската лесно се плакне, а ефектот кој и го дава на косата е веднаш забележлив.

    Совет:

    Наместо ампула, можете да користите и квасец, кој е еден од најбогатите извори на Б-комплекс.
     
  20. emse

    emse Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! :) Имам огромен проблем со косата. Преретка ми е, и обилно ми паѓа. Едно време користев фолтен ампули и ептен минимален ефект имаа. После се префрлив на ампулите вичи ама тие ми создадоа контра ефект. Ве молам советувајте ме што да почнам да користам, нешто што навистина ќе ми помогне. Фала во феминкииии
     
    На flowersss му/ѝ се допаѓа ова.