Користев јас пред да почни да ми паѓа шампон од коприва со ампули, ама сега дека ми паѓа ај реков од афродита, сите го фалеа...а пивскиот квацес го пијам, таблети се.
Самиот овој период ја доведува косата до значително паѓање, ништо страшно се додека се обновува и забележуваш мали влакна кои ти растат. Во случај доколку сакаш да ја потхраниш земи си ампули или пак во шампонот што го користиш стави 20 апчиња пивски квасец и 15 ампули б витамини. И не очекувај веднаш брз резултат, треба да помине период за да ги видиш резултатите од нивната реакција и хранливост.
Јас бев на дерматолог и баш ми гледаа со камера во коренот на косата со што ми требало потхранување на влакното каде повеќе ми е изретчена напред.. Направив крв и тироидна се ми е во сеа уште хормонален статус чекам да направам пошо нели на 3 ден од менструација .. Ми дадоа таблети од BioClin, исто и шампонот од BioClin и спреј за коса наутро и навечер да се прскам Пилфуд.. дали некој го користел овај спреј? Пошо како што читав во упатството вика да се користи 3-4 месеци активно и демек ко ке го прекиниш пак косата ќе ти пага.. ? Ако некој го користел нека пиши.. Убав ден и се надевам на позитивни резултати
Здраво девеојки имав многу густа коса но последните 4месеци мојата коса се преполови и сеуште ми опаѓја и тоа многу мислам дека не е нормално на мјака ми и опаѓја косата но не толку иако е можно да е генетси мојата госа опагја премногу што мислите вие до што може да е предложете совет.
Здраво девојки,проблемот со опаѓање на коса ми започна пред 2 месеци и моментално имам третина од косата што ја имав за жал. Посетив дерматолог и ми кажаа дека стресот е прв причинител за опаѓањето испитував тироидна преку крв беа во нормални граници резултатите а ехото на тироида покажува лесно хипоехогена структура па останува уште хормонален статус на 3 ден од циклус. Што понатака ќе видиме сакам да ве советувам што помалку стрес во ова стресно време па доколку терапијата има позитивни резултати кај мене ќе ве известам ☺
Мене исто така почна многу да ми паѓа косата, и си помислив најпрво дека е периодично, дека можеби поради тоа што на мајка ми и паѓа, но цела година ми паѓаше и морав да превземам нешто, а бидејки несакам за се да одам по доктори и отидов до најблиската аптека и девојчето ми препорача Ducray Anaphase, значи јас сум ПРЕПРЕЗАДОВОЛНА, ми се врати густината а плус тоа и побрзо ми расте косата. Слободно пробај сепак тоа е шампон, не се таблети и да го тровиш организмот.
ДА,ШАМПОНОТ Е ФЕНОМЕНАЛЕН, ЈАС ГО КОРИСТАМ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ, ПРОБУВАВ СЕКАКОВИ ШАМПОНИ, НО ТОЈ СЕ ПОКАЖА НАЈДОБАР, НЕ НИ ПОМИСЛУВАМ ДА ГО СЕМНАМ. ДУРИ СИ ГО НАРАЧУВАМ И ONLINE ПРЕУ http://apteka.com.mk/index.php?route=product/product&product_id=114
790 ден. Е ШАМПОНОТ, И ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД МЕСЕЦ ИПОЛ СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО СЕ КОРИСТИ САМО 2-3 ВО НЕДЕЛАТА, МИ ЈА ВРАТИ СВЕЖИНАТА И ЈАЧИНАТА НА КОСАТА.
феминки далки некоја од вас знае лек против опаѓање на косата. Откако почнав да користам маска за коса, субрина и многу други препарати за да ми се омекне косата и сега многу ми паѓа кога ќе ја рашчешлувам или кога ќе правам некоја фризура ми паѓа и тоа многу
Ех само каква бујна коса си имав Го користам на Афродита од лук ама ништо посебно. Незнаев дека и во адолесенција може да опаѓа косата. Ми треба нешто што ќе го спречи губењето на косата но и да не ми ја мрси
Afrodita od luk ne samo so ne pomaga tuku ja i mrsi kosata.I jas imam problem so opaganje na kosata imam probano mnogu samponi ama ne pronajdov takov sto ke go spreci paganjeto,sega sakam da go probam valete samponot i kapsulite pa ako ima efekt ke vi pisam
Мислам без коса ќе останам, периодов почна ептен да ми паѓа. Со лисјата и она... Туку може ли подетално да ми дадете некои информации за апмулите, колку треба да ставам на косата?
Мојата фризерка ми препорача да ги купам Мерц витамините. Ми рече ги имало во аптека и биле околку 600 ден и покрај тоа што ја зајакнувале косата, помагале и за ноктите. Јас ќе си ги купам деновиве па ќе пишам каков е резултатот.
И јас имам слушнато за мерц дражеите дека се ептен ефикасни ама некако ми беа скапички да си ги купам. Ај баш пиши како ќе ти делуваат и колку време трае едно пакување.