Ima efekt od merz tabletite gi imam pieno ama momentalen dodeka gi pies posle se e po staro,barem kaj mene.Prviot mesec piev po 2 tableti i mi traea eden mesec,a posle po edna i gi piev dva meseca.Koga prekinav da gi piam kosata povtorno pocna da mi paga,ako sakas probaj gi mozebi kaj tebe ke pokazat drug efekt
Каква врска има тоа што не е истрижана косата со паѓањето. Мислам дека не е заради тоа, можеби се фарбаш или не се храниш здраво, односно не јадеш доволно овошје.
Да. Се фарбам ама еднаш на 2-3 месеци како ќе ми текне, а јадам овошје, здрава храна не баш, ама кога се шишав поредовно на 3-4 месеци не ми паѓаше толку ако сега, сега не ми е шишана сигурно 5-6 ако не и повеќе.
Јас за среќа имам многу густа коса и цврсто дебело влакно, ама секогаш во есен повеќе ми паѓа, т.е. сега. После миење е хаос кога се фенирам, но не паничам затоа што знам дека е сезонски. Ноември-декември веќе се е по старо и тогаш почнуваат да ми излегуваат малите влакненца што никако не можам да ги скротам. но тоа е добро затоа што косата се обновува. Инаку за сите што ви опаѓа косата. ,не се залажувајте со маски, шампони и слични препарати, најчесто опаѓањето на косата е заради некој недостаток, така што обрнете внимание на исхраната. Јадете повеќе протеини и здрави масти. Црвено месо, јајца (со се жолчка), полномасни млечни производи, јаткасти плодови, и гарантирам дека ќе забележите разлика. Значи џабе ја храните косата однадвор ако не јадете како што треба.
Zdravo .sakam.da prasam tie sto imaat tiroidna zlezda hipo dali vi se obnovuva kosata ? Mene strasno mi pagja ... Dajte nekoj sovet dali da idam.na dermatolog?
Zdravo,koga ke ti se sredi tiroidata vo normaka bi trebalo da isceznat i site simptomi,sega i periodot e takov kaj site se javuva paganje na kosa i zatoa ti se cini deka e mnogu..
Вака жени,немојте да давате пари на скапи препарати против опаѓање на косата,само направете го следново, прво 3-4 пати последователно а потоа еднаш на 5-6 миења. Во блендер ставете кромид и половина лимон,и вода колку што мислите дека ќе е потребно за да ставите на коренот на целата коса односно добро да го втриете.Изблендирајте го, потоа нанесете на косата и завиткајте ја во крпа околу еден час.Добро исплакнете ја,внимавајте може да има мали ситни парченца од лимонот па затоа исчешлајте на крпа или на тераса. Косата ќе ви изгледа одлично а што е најважно ќе имате резултати после 3-4 миења. Поздрав
Кај секого различно, јас го имам истото направено еднаш и никогаш повеќе, јас плус во мојот рецепт имав и јајце, значи беше ужасно едно што кожата на главата ми се иритираше до тој степен што морав да одам на лекар и ми рече дека е од лимонот, друго што неможев да излезам 1 недела од дома поради непријатниот мирис. Докторот ми го препорача Anaphase на Ducray но искрено ми беше малку скап (790ден) и не го земав. Потоа кога продолжи да ми паѓа уште повеке, бев заборавила на тој шампон и во една аптека ми го понудија како најдобар шампон против опагање, бидејки аптекарката беше толку убедлива го земав, и дефинитивно не се покајав, и уше си го користам, шампонот е феноменален. Поентата ми беше друга, ако имате чувствителна кожа не експериментирајте со вакви домашни маски.
Види,јас овде не препорачувам скапи шампони читај-хемикалии,туку нешто природно а ефикасно. Велам ефикасно затоа што го практикувам веќе некое време, и освен што опаѓањето на косата ми е видно намалено имам убав сјај. Секој знае дека лимонот е јак,па секој сам ќе си одлучи дали ќе го стави на косата или не,а мое е да пренесам што ми помогнало. Сум користела и многу поскапи шампони и уште што немам порачано но единствено оваа маска за коса ми помогна. Така да,нема ништо лошо во маската, ако на тебе ти направила иритација еве кај мене резултатите се одлични.Всушност не зборуваме за истото,јајце никогаш немам ставено на коса.
Драга јас не реков да не ставаат, туку реков тие што имаат чувствителна кожа да внимаваат, а исто така потенцирав дека не е кај секого исто, јас само го реков моето искуство. И аспсолутно се согласувам дека сите шампони се полни со хемикалии, но барем тој е клинички тестиран и се води како медицински шампон, а не како другите 1л шампон 100ден. и слично, не дека не сум користела вакви. (Пр. многу години користев Тео од јајце и алое и ми беше одличен).
Luge nemoj da ve laze gavolot da kupuvate sampon od afrodita od luk,otkako pocnav da go koristam bidejki mi pagase kosata,a stavav i ampuli vo nego mislam deka mi padna polovina od kosata,mi pagaa prameni.Go koristev cel mesec mislev deka treba podolgo vreme da go koristam za da ima efekt,ama naprotiv se poveke i poveke pagase.Samo so go smeniv mnogu pomalku pocna da mi paga duri i mislam deka kosata pocna da mi se vraka vo normala.Kaj sekogo e razlicno,ama imam i prijatelki koj go zabelezale ova i ako go kupete i videte deka poveke paga ne cekajte kako mene podolgo vreme,vednss prekinete da go koristete
Jas 5 meseci od porogaj,duri sega pocna da si doaga vo normala,ne paga mnogu i pocna da se obnovuva,so onie bebeskite,potkarcite.ama pagase vo prameni,epten mi se proretci a imav epteeen gusta.ne koristev nisto posebno. cat pat ke se napiev pivski kvasec ..
Јас и воедно многу други се изгласивме за шампонот од лук. Значи логички да погледнеме дека 1 кг шампон што кошта 99 денари не може бе луѓе да има ефект а нит да има хранливи состојки од лукот внатре, се знае дека поскапите медицински шампони помагаат многу, овој прехрамбениот е чист екстракт и хемикалии. Шампонот нема врска, незнам зошто му удрија толкава фама. За сите оние кои имаат проблеми со косата овој шампон може само негативност и штета да нанесе на косата а воедно и на скалпот. Оној кој има проблеми со косата и скалпот јас препорачувам да земе фитовал на крка, за првут или опаѓање на косата, шампонот е навистина корисен, а и не е толку скап за разлика од други медицински шампони.
Го имав пишано мојот проблем со опаѓање на коса и сакам да ви препорачам доколку имате ненормално опаѓање на коса како што имам јас цели прамени да не земате на своја рака шампони ампули и сл него да посетите дерматолог затоа што може да е нешто што треба да се спречи искорени затоа што по престанување на терапија можно е повторно да се појави. Јас 4 месеци треба да користам мерц таблети и спреј пилфуд долг период е ама се надевам на добри резулати
За да го спречите опаѓањето на косата пробајте да користите фолтен шампон и ампули, навистина се ефективни.За уште подобар ефект земајте фолна киселина и биотин таблетки секојдневно во период од два три месеца,косата ке престане да паѓа ке биде поздрава,и ке се забрза самиот раст.Мене ова ми помогна многу прибидејки и јас долг период се борев со паѓањето на косата и спас најдов во ова. Повремено ставав и кокосово масло за нега на косата , тоа го негува влакното и во комбинација со шампонот и витамините успехот е загарантиран
Да се самоцитирам. Шампонов ништо не ми помогна. Мораше барем некој минимален напредок да даде при крајот на шишето, ама ништо. Дури и косата ми се почесто мрси од него. Повеќе од Алверде обичен шампон имам напредок, барем и косава ми има сјај. Ништо. Следно купувам Фитовал против опаѓање, и тој да пробам. Косава ми се знатно проретчи. Се надевам ќе се стабилизира веќе, инаку лоша работа е.