@LivingGlam, мислам дека во првиот пост на темава пишав дека пред месец-месец ипол проверував крв и за чудо железото ми е добро. И јас се сомневав на анемија, па собрав храброст и проверив, а од резултатите останав ваква - железото ОК, а малце покачен ми беше само холестеролот и глукозата. Ко баба некоја, како со чварки и сланини да се хранам секој ден. Засега терапијава која ја применувам цели 2 дена ми е добра - шампонот е убав, спрејот ми делува дури и како регенератор и косава ми е свила, а и гледам сабајлево дека на чешелот имав само 3-4 влакна. И пак ! А и кај мене ситуација алармантна. Проблемот е што мене не ми паѓа само овој период, јас веќе подолго време мака мачам со оваа работа, повеќе месеци се во прашање.
@Lady Phoenix видов откако го пишав мислењето и после се редактирав. А холестеролот од сирењето ти е.
@Lady Phoenix За проблемот со опаѓање на косата во комбинација со терапијата која ја применуваш можеш да користиш чај од коприва по можност на природна база доколку по некоја случајност ти се наоѓа дома за плакнење на косата, но и повремено за внатрешна употреба (пиење) по еден филџан. Ефектот е индивидуален, но во голем број случаи се покажал како таков.
@Lady Phoenix не само ти, овие месеци сите го имаме тој проблем како плус за целава ситуација со косава. Те означувам за да ти кажам дека немој ни случајно да помислиш да посегнеш по шампонот од лук од афродита. Тоа е тешка хемикалија и киселина за косата а поготово за ретка коса како твојата, ќе се исплашиш од резултатот верувај. Проста логика: едно кило шампон 90 денари, а има препарати и препарати за коса, овој шампон не е за косата верувај ми. Друга работа апчињата пивски квасец се навистина корисни немој да се сомневаш во тоа, и не се земаат повеќе на ден туку една таблета. Крај краева земи ја кога ќе си легнеш и завршен проблем, пивскиот квасец е баш за вакви проблеми. Трета работа јас лично сметам дека опаѓањето на косата ни се должи од исхраната, иахраната има најголема улога за нашиот организам а воедно и косата. Пробајте да консумирате витамини што се полезни за влакното од косата.
Дали некој има искуство со логона шампон против опагање?Околу 500 ден е и не би да фрлам за џабе пари.
И јас со истиот проблем.Не е престрашно ама кога станува збор за коса кај нас жените се е страшно.Или само кај мене,незнам.Проверив крвна слика,си го прашав и фризерот за мислење,се е ок.Сите останати тврдат дека е период.А пак маж ми има проблем со првутот и чешање понекогаш.Пробавме секакви шампони,дури и методи што ги прочитав негде низ темиве.Миење со детски шампон како најнежен и без хемикалии,па измивање со чаеви и пак ништо.Скрос неиспланирано еден ден,бидејки поминав покрај аптека си реков ајде да прашам.Влегов и реков дајте ми го најдобриот шампон за првут и црвенило.И најскап да е,тоа е.Без размислување ми го даде VICHY (DERCOS TECHNIQUE) Anti-pelliculaire Anti -dandruff.На акција беше,два шампони за отприлика 880 денари.Супер акција.И си реков ми го понуди да го продаде.Ама го земав.На сите сто им кажав реакциите им беа,не се глупирај не фрлај пари,тоа треба да се реши на онаков оваков начин,и така натаму.А уствари се докажа дека ако не пробаш во ништо неможе да си сигурен.Кога се вратив назад (живееме надвор од Мк.) се уверив.Од едно миење,црвенилото почна веднаш да се повлекува.Веке вториот пат немаше воопшто,првутот почна на големо да се чисти,косата му беше преубава и му е.Зборот ми беше,вреди да се проба,иако тоа најчесто кошта многу пари,но пред да пробате било што направете основни проверки.Нека не ве мрзи,бидејки најчесто во тоа се состои решението и одговорот.Маж ми е "решен" а јас бидејки од добиените резултати видов дека се е како што треба ,останува да се тешам дека ми е период или да пробам некој од шампониве.Срекно женски
Овој шампон во комбинација со витамини за коса. Шампонот е 865, а капсулите 740ден. Ефектот се гледа после месец дена, а веке после 4 месеци има и нова коса. Ова е составот на капсулите.
Ајде и јас, како момак за промена, да се вклучам во темава со кратко прашање: Дали тие од вас што го користат/користеле Алпецин Ц-1 имаат позитивен фидбек? Ги листав првите 10-ина страни од темава и видов дека доста девојки го гледале овој шампон како опција. Затоа, би сакал да слушнам и конкретни резултати - доколку ги има, се разбира. Јас, од мое искуство, она што можам да кажам е дека 2 месеци земам Б комплекс - прво во вид на стандардни апчиња, а од пред 3 недели во вид на пивски квасец таблети. Иако почнав да ги земам поради сосема друга причина - проблеми со синусите - во сосема рандом и никако неповрзан муабет пред 4 дена, мајка ми искоментира дека од последното шишање (нешто повеќе од 1 месец), косата ми растела многу побргу споредено со минатото. Секако, таа реченица беше музика за моите уши. Значи, сума сумарум: Алпецин Ц-1? Feedback, girls? Much appreciated.
Повеќе девојки имаат кажувано за овој шампон, има многу задоволни низ темава. Да кажам за себе - презадоволна бев кога прв пат го купив пред неколку години, и го користев заедно со лосионот. Иако лосионот се нанесува на сува коса и не се одмива, не ја мрси косата и слободно може да се користи. И мириса на машки парфем. Во комбинација со шампонот, ми се среди состојбата и косата мнооогу помалку ми опаѓаше, се’ до пред неколку месеци кога повторно почна интензивно да опаѓа. Овој шампон веројатно не е за долга употреба. Навистина долго време го користев и скалпот веројатно се презасити. Да си кажам за Виши, имав пишано кога го употребив неколку пати. После доволно долго користење, можам да кажам дека е повеќе од одличен. Најдобро што сум употребувала досега. Планирав да ги купам и ампулите зашто беше сериозна ситуацијата, но сега гледам дека нема потреба. Ако некој се мисли за шампон, дефинитивно вреди оваа инвестиција. Најт, пробувај прво со Аплпецинот, ич да не се мислиш. Ти препорачувам да комбинираш и со лосион, така ќе биде поефикасно.
Јас сум презадоволна од Bioblas медицинските шампони, има неколку типа, зависно од пропратните симптоми, но генерално сите се против опаѓање на косата. Чинат околу 250-300 ден/500 мл, на природна база се и многу се густи, така да траат 2-3 месеца. Кај нас сум ги видела во Рамстор.
јас веке неколку месеци ги пијам пивски квасец , и ставам во шампон од лук таблети од пивски квасец околу 50 во шампонот , косата ми е скроз обновена , немам више дупки во косата , мн сум задоволна , но во последно време забележувам дека косата ми се презасити од шампонот , сакам да ми препорачате некој шампон , само да не е хејдер шојдерс , и да не ми прави првут , и да напоменам дека косата ми мрсна , имам сув скалп каде што одма се прави првут , а мрсна коса и тоа ми се мрси после неколку сати после туширање . Се надевам дека ке ми препорачате некоој добар шампон за мојата проблематична коса
И јас бев презадоволна од шампонот, но најверојатно се презаситува косата по некое време. Не можам да ти препорачам конкретен шампон затоа што имам друг тип на коса, но во секој случај би ти препорачала некој поблаг шампон од Alverde, да ја одмориш и косата и скалпот. Alverde се сосема на природна база, кога користам Alverde (маслинка и кна) косата ми се масти многу поретко од обично бидејки не ја пресушуваат косата/скалпот, ја мијам 1-2 пати неделно најмногу. Квасецот продолжи да го пиеш, или евентуално земи ги Merz дражеите, и тие се одлични.
Епа заради тоа ти се мрси, треба да помине некое време за да почне да ти се враќа во нормала. Да пробаш некој шампон на Алверде, на природна база се, околу 150 до 200 денари највеќе. Како што го пишував ова го прочитав и погоре мислењето, ете и јас се сложувам со членката. Плус не се јаки шампони како Хед ен шолдерс па да ти прават иритација на скалпот.
ама подолги време пробав така , скоро година , ја чувам постијано врзана , но да напоменам дека од ко памтам за себе јас имам мрсна коса
Да не имаш некој друг проблем? Инаку да знаеш дека ако ти е многу долго стегната косата, пример во реп тоа може да доведе до опаѓање.
проверив све , хормони , тероидна , али све во ред , пред 10 год ја скратив косата па од тогаш до сега ми е сплескана , мрсна и ретка , единствен аир видов од пивскиот квасец ,почна да ми расти коса , нови влакна , ми се згусти , али од шампонот ми се презасити . Инаку пробав бебешки шампон косили , такво чешање во главава , првут , до сега не сум имала , мн ми е проблематична косата а најпроблематичен ми е скалпот
Пробај шампон на Алверде на природна база се, искрено се надевам дека ќе ти помогне колку толку И мајка ми мака мачи со косата и опаѓање, па знам колку е тешко.
Да се самоцитирам: Поминало повеќе од еден месец. Морам да кажам дека терапијава функционира. Значително помалку ми опаѓа косата. Можам да кажам дури и дека нормално ми паѓа како за овој период. Малку затаив со капсулите додека бев сега болна, зашто грлото ми беше ренде и не можев да голтам ништо како што треба. Ама ќе ги допијам (уште неколку ми останаа) и после ќе продолжам да се мијам со шампонов и да си го користам спрејот. Муабетот ми е - можам сега да ја препорачам и оваа терапија на оние кои го имаат истиов проблем како мене. Како што кожата е различна кај сите, како што секој организам е различен, така и косата. Ама може на некого ќе му помогне. Не се сеќавам колку ме чинеа капсулите, шампонот е околу 260 денари и уште ми трае иако има мала милилитража, а спрејот ми е при крај, зашто не го штедам. Спрејот чинеше 280 денари. И имате терапија за тие пари за повеќе од еден месец. Ете, кој сака може да проба и вака.