ако имаш овално лице тогаш ти стои секаква форма на фризура велат овалното лице е идеално и се му стои.
Мојата во последно време многу ми паѓа ама среќа не ми се проретчила.Мислам дека ми е поради тироидната жлезда си имам проблеми.Се надевам дека ќе ми помине.
Рецепт против опаѓање на косата: 8 чешниња лук да се иситнат и да се потопат во 8 лажици топло рицинусово масло . Нека стои затворено 36 часа. Процедете и ова добро измасирајте го на кожата на главата . Завиткајте со марама и нека стои 1 час. Потоа се мие косата нормално. Третманот да се повторува еднаш неделно. Среќно
знаеш од тиородината жлезда континуирано си паѓа косата пожелно би било да си користиш шампон против опаѓање, мајка ми исто боледува од тироидна жлезда и опаѓа косата, среќа не е ќељава но и се проретчила косата но го користеше фитовал косата и се оправи.
почнав да користам рицинусово масло пред некое време, може имам ставено 7-8 пати. ќе ве известам за резултати иако не верувам дека ефектот(ако го има) е брз
Dali e mozno obnovuvanje na kosa na 15 godini ? Jas imam strashen problem so opagjanje, nenormalno mi pagja se plasham deka ke ostanam bez kosa ne sum bila na lekar no se rasprashuvav i edna rodnina mi kaza deka mozebi mi se obnovuva ! imav gusta i ubava kosa sea ne mi e ni na pola od toa shto mi beshe ! ve molam za sovet i neshto od licno iskustvo [mod-kirilica:133pliev][/mod-kirilica:133pliev]
нормално дека може кога ќе се обновува ако не на тие години, добро би било за да не ти опаѓа косата да си направиш анализи да видиш од што ти паѓа може да биде хормонално, на стресна база итн, исто така треба да го смениш шампонот за некој медицнски Алпецин, Фитовал, Фолтен, Нирел, Виши за овие со дерматолог да се консултираш. Во есен е нормално да опаѓа косата.
Јас само што ви се пофалив дека го немам веќе овој проблем, пак почна ненормално да ми паѓа косата. Ќе го земам Алпецинот, не сум го користела досега. Се мислев меѓу Еугене Перма и Алпецин, но гледам дека многу од вас се задоволни, па нема зошто веќе да се двоумам.
Лек за опаѓање на косата е лимонот, има загарантирано дејство. Пред секое миење на косата се става исцеден лимон, да постои 15ина минути и после косата се мие нормално. Уште по 3-4 пат се забележува ефектот на намалување на опаѓањето на косата, барем на мене влијаеше, на мајка ми, а и фризерката ми го препорачи многу одамна.
дефинитивно Алпецинот е најкорисен. Многу ми опаѓаше пред година-две, го купив шампонот и лонсионот, за месец дена ми се врати у нормала
Девојки, го купив и лосионот Алпецин. 520ден го земав, ама не од Зегин, од една локална аптека. Сигурно некаде е и поефтин. Па сега ќе видам што ќе се случи Инаку ставив еднаш и многу пријатно чувство осетив на скалпот. Чекам нови влакна, па да се лулам на нив (оставете ме, ова само некои членки го знаат- тресам глупости)
јас бев на нутриционист и ми кажаа дека нормално е во есен кога паѓаат лисјата да паѓа и косата, меѓутоа јас имам ептен ретка коса па сакав да ве прашам вие што веќе сте го користеле Алпецинот дали и покрај тоа што престанала да ви паѓа косата, почнале да ви растат и нови влакна? односно дали ви се згуснила косата? оддамна го имам овој проблем и несакам да ставам се и свашта и нешто неиспробано пошо страв ми е да не ми испаѓа и оваа што ми е
Сакам да купам Алпецин зашто ми паќа косата... Да купам шампон или лосион? Што е подобро, што користите вие?
^^јас како што прочитав на интернет каде што имаше за сите производи Алпецин- шампонот е доволен ако ја миете косата секој ден, а лосионот го заменува шампонот, ако ја миете косата поретко Тој се користи секојдневно и ги има сите карактеристики на шампонот. А како што гледам екипата на проќелавени феминки се намножила Ах, што прават компјутерите и нездравата храна и средина, останавме сите без коси
^ Ако е така тогаш ќе го земам шампонот зашто инаку многу скапо ми е 1000рка ќе оди како ништо Абе сеси, цело време си велам период е, затоа паѓа, ама овој периодов никако да заврши Дури почнав да се плашам, да поминам со раката на косава од горе надолу, обавезно неколку влакна в рака остануваат. Да не спомнувам кога ја чешлам Ај се надевам дека со ова ќе се среди...
ако ја миеш косата секој ден зами си шампон, ако ја миеш поретко земи си лосион и користи некој благ шампон или купи си нирел, околу 150ден бил. А и јас се тешев дека е период, ама неможе да е период од Август до Ноември
Ja мијам на 2 дена(секој втор ден), мислиш дека е доволно само за шампон? Незнам и за овој Нирел се мислев, ама другиов сигурно е поефикасен штом е толку скап