Вака,колку време ја земаш терапијата?Дај и време,не значи ако 1/2 добар ти е хормонот и готово е,чекај малку додека се прилагоди организмот,у меѓувреме,како што ти кажа анаконда,пиј витамини,и ставај маски и обавезно провери железо,и хормонски статус.
Во последно време почна многу да ми паѓа косата ( истиот проблем го има сестра ми речиси половина месец ) . Таа го користи Alomax спрејот и Pantenol 3% раствор за во шампон . Меѓутоа имаме различеннтип на коса . Таа има пооштро влакно и погуста коса , а јас целиот живот имам ретка и тенка коса која лесно се кине , брзо се мрси отн . Дали некоја членка ги користела овие работи со тип на коса иста или слична на мојата и дали имало ефект или да земам пак Herz таблетки ? Кај сестра ми има ефекти , јас го користам веќе една недела ставам повеќе пати во денот , косата ја мијам почесто со шампон во кој има раствор , но засега ниту опаѓањето се намали , ниту било каква промена има ( ни најмала ) . Несакам веднаш да се фрлам на таблетите кои ги пиев еднаш , бидејќи имам мали проблеми со желудникот .. Ќе бидам благодарна доколку некој ми даде мислење .
Го купив шампонов од коприва, ми го пофалија дека е добар против опаѓање. Планирам да ги ставам сите додатоци (АД капки, пантенол, Б6 и Б12 витамин), па ќе видиме дали ќе има резултати.
Здраво на сите. Темава ја читам неколку дена, но имам неколку прашања. Имам син 17 год, кој се жали дека косата му паѓа, но не во големи количини (дали на едно влечење по 3-6 влакна). Е сега тој е загрижен и мисли дека во средината му е поретка од тоа што била и напред кај челото. Дали може да ми кажете кога може да почне генетското опаѓање и дали може да се направат тестови да дознаеме дали е до тоа проблемот?? Тироидната ја провери беше мале покачена, но ендокринолог рече дека е нормално во тие години. Ви благодарам.
Не знам, имав другар со таков проблем тој пробуваше со разни лосиони за коса против опаѓање малку му се зајакна косата, му се обнови. Проблемот трајно нема да се реши ако е генетика во прашање. Нека си провери и крвна слика, слаб хемоглобин предизвикува опаѓање на коса, стрес исто. За момче најдобро е да ја скрати на нула, ако ја потскрати ќе му се згусне и порасне со употреба на соодветен шампон и лосион. Разговарај да не го сфаќа тоа трагично што му паѓа косата, да не му влијае на самодоверба затоа што тоа е во мода сега кај машките макар што да не се заборави некогаш опаѓање на коса упатува на здравствен проблем.
@fallenangel Ти благодарам многу. Ќе го пратам пак на дерматолог и ќе пробаме со некои шампони или природни лекови. Се надевам не е генетика во прашање...
Пробајте со Аллацин колекција има , во аптека. Малце е поскап ама го фалеше другар. Само шампонот е околу 800-900ден.
Мора и витамини да внесува и да не биде под стрес . Најдобро однеси го на лекар дан има некој здраствен проблем како тероидна жлезда , или слабо железо и сл. , па потоа ке знаеш на што си Да знаеш јас имав големо опагање на косата и тоа горе ми беше многу ретка ми се гледаше скалпот бев на лекар и све беше во ред , се утврди дека ми е од стрес и од себореја ( ми се појавува на зима ) , и со овие шампони и витамини што ги прочитав овде , целосно ми се обнови и сега ми е во ред и ми е долга , но сепак внесувам секој ден витамини и строго одбегнување на стресот .
@Petra777 Читав за тој шампон и премногу го фалат и имал знаци на подобрување па ке пробаме со тој. @anakonda88 Кај него може да е од стрес, но еве веќе со овој проблем е од пред 6-7 месеци. Може ли да ми кажеш кои витамини ги користиш и дали се баш за коса тие. И дали ставаш ампули во шампоните?
Најдобро е да појдете во аптека и таму ќе ви препорачаат некој подобар. Јас и во претходните страни имав пишано дека многу сум задоволна од Foltene. Им побарав во аптека и тој ми го пофалија, ама спомнаа дека имало некои витамини и не знам што, што биле специјално за жени. Е сега ти бараш за машко, па затоа тие најдобро си знаат. Јас ете им го препорачувам на сите тој шампон ама може кај машки има помало влијание или не знам зошто, па затоа е нагласено е дека е за жени. Инаку јас потрошив 2 такви шампони, па ајде реков да напраам мала промена. Зедов друг обичен и после 3-4 миења сфатив дека пак почнува да ми паѓа, па пак мораше од Foltene да земам. Сега ми се стабилизира и не знам вака до кога ќе терам
Знам дека кај Др. Анчевски прават тест со кој може да се открие дали се работи за генетско опаѓање или има друг проблем.
Дали некоја од вас феминки се сеќава на еден серум од Wella против опаѓање на косата? Порано го имаше во малопродажба во портокалово шишенце со плаво капаче?
Јас ги користев таблетите од пивскиот квасец германските , и ги пиев и 30 таблети ги ставив во шампонот со лук . Резултати видливи за еден месец
@JollyGirl ќе барам спас во ова Фолтенот...што пари е? Кај го купуваш? Јас имам проблем и со перут се надевам нема да ми направи.
Во секоја аптека го има, 500 денари е. Нема никаков проблем да ти направи за ништо. Ќе ставиш од него и малку повеќе време ќе ја триеш убаво глвата за да се впие во коренот. Додуша има упатство па ќе видиш што и како треба Мене само тој ме спаси, па пробај... Нема што да изгубиш...
Треба да проверите како стоите со неопходните минерали и состојки за телот.Можно е недостатокот на многу витамини и минерали да биде причина за опаѓање на косата и ниеден серум да не помогне.Но мислам дека такви работи не се испитуваат во Македонија.. Не сум сигурен
Избегнување негативни луге , и повеке шетање во природа , во зеленило , и умот пушти го на "пасење " Мисли позитивно
@Bozica1980 пробај ги ампулите на Фолтене. Доста добри се. Околу 100 ден беше една. Се стават на влажна коса и не се одмиваат.