здраво знам дека прашањево е за во друга тема но ве молам некој нека ми препорача добар шампон за многу многу јак волумен и сакам косата да ми биде онака разлетана ве молам
Јас го користам Wash&Go herbs extract for greasy hair има јак волумен до другото капење останува.. ја ја мијам косата секој втор ден и презадоволна сум и мирисо останува цело време исто така.. А косата ми опаѓа леле мори мајко со секакви шампони пробав ништо не помага..
a da probas so nekoja krema ili vo apteka da prasas ustvari pred nekoe vreme reklamiraa nesto na top shop
Можете ли да ми кажете дали некоја од вас има искуство со шампонот Тианде за против опаѓање на коса ?
За да спречите опаѓање на косата избегнувајте да ја носете во опавче, ако веке морате нека биде полабаво ама гледајте да биде што поретко. Скоро читав доста научни аргументи за тоа, ако го најдам линкот ке ви го постирам. Лек против опаѓање и за обновување, прочитан низ форумов (мислам дека беше пишан од рефка) D3 капки што им ги даваат на бебињата истурете го шишенцето во шампонот што го користете. Јас плус ставив здробени Б6 таблети. И има резултати уште после првото шише шампон. Во било кој шампон можете да ги ставите капките и таблетите.
Да се надоврзам, најдобро е шампонот да биде од Коприва и пантенол од Афродита- тој е без парабени, силикони, и самиот шампон е наменет против опаѓање на косата. Најдобро е освен АД3 да се додаде и масло од рицинус, една ампула од раствор од коприва и пантенол. Значи во шише од 300 мл да се стави околу 30мл пантенол раствор, едно шишенце АД3 воден раствор, 1 ампула концентрат од коприва (мислам дека е 15мл) и околу 20мл рицинусово масло бидејќи е многу густо и мрсно. Остатокот од шишето да се надополни со шампонот од коприва од Афродита. Пред употреба шишето добро да се протресува и да се нанесува со блага масажа и да се остави да делува 3-5 минути, па потоа да се плакне. Цените на работите се отприлика овие- АД3 околу 105 ден, Пантенол раствор гледав Галафарм 100 ден, Јака мислам беше 140 ама повеќе милилитри, ампулата од коприва околу 40 или 50, а рицинусовото масло мислам околу 80-90денари. Шампонот не е повеќе од 100-120 денари. Пробајте, од ова нема никаква штета, состојките се природни и полезни за скалпот, а освен што се намалува опаѓањето и косата побрзо расте. Србинките полудеа по овој шампон, еве линк ако сакате да прочитате нешто повеќе за полезноста на АД капките и за шампонот.
Јас појдов на кожен лекар и он беше поќељав од мене. Му викам „Абе за косава нешто...“ он ми вика „Види ме мене - тоа е тоа.“
Многу е убаво тоа од околу 100 денари на галафарм или фитофарм, има и поевтини ама не се квалитетни. Инаку го има во аптеки, ДМ, Веро, Тинекс итн.
Како сум во последно испаничена со косата да знајтееееее.... Накратко- ми паѓа. Си паѓа стално знам коса е, ама сега значително поќе ми паѓа. Не знам дали поради проблемите со хормоните (не знам уште дали имам воопшто проблеми со хормоните понеделник сум на испитвања) или дали поради фактот дека косата ми порасна предолга за прв пат во животот и сега ми е чудно... Или има врска промената на сезоната или не знам шо. Еднаш порано вака ми се случи и наводно од стрес ми било и ми дадоја некакви ампули да се мијам не знам шо ама знам дека никако не ми помогнаја и по некое време самото си се среди. Не знам ни шо се смета за абнормално паѓање на косата. Најмногу ми паѓа ко ќе се капам. Освен редовно со фен шо се сушам оти настинвам ко ненормална, пегла/фигаро користам преретко. За викенд можи со пегла да се поминам 5-6 пати само и толку. Фатена во репче ја носам ама не секојдневно. Дај кажете нешто шо да користам ако знајте... Масла, шампони некакви итн. Па понеделник ќе кажат како стојам со хормоните. А и да напоменам дека почнав да пијам апчиња за имунитет ИмунилФлор мислам се викаат со сите витамини се ваљда и то треба да помогни.
Ист проблем, ми се истенчи косата ептен. Го користам веќе некое време овој шампон, читав и на нет и препораки добив дека бил добар. Ми велат дека има видливи резултати, почнав второ пакување пред недела дена, ќе продолжам да го користам и понатаму. Го има во аптеки, големото пакување околу 200 и нешто денари е.
Кaпсулите фитoвaл се пo ефикaсни и не се мнoгу скaпи дo 50ден и oдaт без рецептa сo прoверени резултaти кaј мoјa пријaтелкa
@sesilija AD3 мрсни или водени? И ако имаш искуство со двата, кој пантенол раствор е подобар, на Галафарм или Јака?
Имам спомнато во постот, АД3 воден раствор, не мрсни. Јас земав Пантенол од Јака, ама не верувам дека тој од Галафарм е поразличен. Шампонот од коприва (и другите литарски од Афродита) до денес се на викенд акција во Тинекс- 88 денари, може ќе ѝ биде од корист информацијата на некоја феминка.