Еден од моите најголеми стравој особено овај период од годината има најголеми шанси да се исполни: да останам без коса. Читав низ темава, и првично имав земено шампон од Лук од Афродита, предлог од брачеда ми, неа ѝ помогнал, ама многу ми ја суши косата, дур се капам ми се кини. И дур читав се думам дали да земам ампули Fitoval, колку пари се од прилика и како конкретно се користат? Мислам, во каков шампон? Ако не, шампон Алпецин, и мајка ми ми го предложи тој денес па сега се наслонувам кон него, ама морам да најдам уште нешто ...
Se zdebeli li od merz apcinjata ja se zdebeliv samo 15 dena sto piev a rezultat nisto. kilazata potoa nikako ne si ja povrativ
Феминки го имам видено коњскиот шампон Mane'n Tail во Чаршија кога се оди накај џамија има еден бутик ARMINE од десната страна стоеше момче со штанд 500 денари е шампонот.
Пак јас. Напади на паника. Зедов да си ставам мешавина од кокосово масло, чичково, неколку капки кантарионово и лимонов сок... И додека си одделвав патеци за да се мачкам забележав колку ми е всушност изретчена косата. И тоа не горе туку над ушите во тој предел најмногу. И буквално доживев напад на паника... Вртам наназад не можам да најдам точни рецепти за домашни маски. Пишете ми некоја ако делува. Ги читам од прилика ама не знам мерки и начин на подготвување и колку треба да стојат, колку често да се користат итн. Ако има некој да кажи ве молам. И каде може да се купи алое вера-гел? Наводно сегде читам дека тоа многу помагало. Скапо е? И уште нешто ако е хормонски (бидејќи ми се покачени некои хормони) дали со терапија итн се враќа косата назад или да се фрлам од прозорец? (не се фрлам хипербола е ) Ахххх бееее. Да се истрижам ако не кратка до рамена. Зошто вакви маки сега.... Каква коса имам прекрасна.... И уште ми е таква сјајна, здрава, само паѓа.
Рицинусово масло и за неколку месеци косата топ ке ти биде. Јас толку многу третирана коса пепел направена ми ја опорави така да се надевам ке има ист ефект и кај тебе. Исто така алпецин ц1 и natural wealth vitamins for the hair. Ова што ти го напишав е испробано после направени анализи на дерматолог. Среќно
Аа леле да. Баш утре имав во план да одам да си купам Рицинусово масло оти три саати читав на Гугл шо да правам за да ми се обнови. Сигурно ќе си купам! Алпецин Ц1 веќе користам, а за витамини ми рекоја да си ги допијам тие што си ги пијам сега (за имунитет) оти имало и таму витамини и ќе биле големи дозите ако ги пијам двата вида на апчиња заедно. Ќе пробам се шо треба....... Стварно.
сакав да те прашам дали расте нова коса или само престанува опаѓањето? И колку време се користи едно шише од прилика? Фала однапред
Да, да, си расте нова коса на местата кај што била опадната. Па немам баш приметено колку време користам едно шише ама повеќе од месец е сигурно....околу 2 ипол месеци може. Зависи на колку дена ја миеш....секој 2/3 ден ако ја миеш, би требало да има околу два месеци.
Мене многу ми помогнаа Мерц таблетите иако ми отворија голем апетит, и бадемовото масло. И плус со тоа чај од комприва. Исто така добри 4 5 месеци ја немам фарбано.
За опаѓање на косата, еве веќе месец и нешто, користам шампон од лук на Afrodita и колаген ампула. Во едно шише од 0,5l, претурив од шампонот и растворив една ампула (ја има во аптека, колаген ампула за пиење) Е сега, кај мене ова има ефект, ама исто така мислам дека паѓањево на косата ми е периодов, есен. А давање пари за скапи шампони не знам колку вреди, со оглед на тоа дека имам користено Alpecin за масна коса и тоа подолг период, ама безуспешно.
Бев денес на дерматолог. Ме искорна за коса и ми рече ти паѓа повеќе од нормалното. Ми препорача Мерц Спешал витамини и раствор Alomax 2%. Гледам Мерц многу тука ги користат, а овај растворот го имате користено? Истотака од овие Мерџ апчињата ми рече дерматологот по едно на ден да пијам, а во аптека ми рекоја по две денот. Кој да слушам сега? Многу скапи се овие работи ама ги купив. Јебига. И ми рече да си ја скратам косата одма. Оти ми е до половина, си ја растев две години имав така желба да бидам за апсолвентска со долга коса ај донт ноу вај. Ама то е сега утре дечко ми ќе ме стижи. (фризер е)
Кризирав последниве неколку денови оти, заприметив колку многу (премногу, ненормално) ми е оретчена на некои делови -видливо(!)- кај ушите, шишките, темето. И се изначитав и листа направив на сите бабини деветини и витамини и специјални шампони и.. испитувања што треба да ги направам и најпрво што шлакнав од сето оти тоа имав во моментот беше кафе - завчера во пет сабајле. Турско и нескафе мешавина..оти такво имав /сварено и оладено го посипав на цела коса, особено скалпот и го масирав кратко време. Исцедив вишокот течност умотав косата и главата во капа за бањање и поседов така 10-15 минути/, Огромните снопови што ги вадев веќе некое време, ради кои оќелавувам оти не толку брзо расте нова.. ги нема. По две три влакна сега се фаќаат паднати кога ја фаќам. Да, ова е реклама за моќта на кафето. Уште неколку пати во следната недела две ќе ја масирам така со кафе. Ќе си ги земам витамините Но сега треба да најдам што ќе поттикне побрзо да порасне кутрава. Се надевам ќе порасне..дека нема да шетам ќелава. едит: да испробав бар тоа пред едно строотриесидвесташеес денови дур имав коса.
@zhap4e И јас исто го имав овој проблем со опаѓање на косата. Дури и таткоми почна да приметува. Во аптека го зедов еден шампон против опаѓање на косата од Recept и многу сум задоволна, дури и нови бебешки влакна имам ама и редовно ставав кокосово масло на косата и го дрежев по околу 3 часа. Косата ми е многу по јака и по сјајна по употреба на шампонов. Сега пак ми паѓа ама не толку многу како на почетокот ама верувам дека со второто паковање од шампонов и тоа малку ќе го снема.