@Rose96 фала ти за препораката. Ќе го земам тој шампон,денес,утре и ќе пробам и јас. И со кафево ќе правам терапии и со витамините. Јас и без тоа имам тенка и ретка коса и сега е...дамбетер.
И мене ми многу паѓа косата, но мислам дека е тоа од полицистичните јајници. Го користам шампонот Alpecin, татко ми го донаса од странство, бидејќи таму како по квалитетни биле. За резултати незнам бидејќи отпосле покажува резултети, а јас снемав па почнав друг. Татко ми сега ми земал пак 6 шампончиња, го чекам да си дојде па пак ќе продолжам со него. Исто така ми го препорачаа шампонот Fitoval, го има во аптеките на ЗЕГИН, околу 350 денари е негде, и бил препорачан од дерматолог. Иначе еве го мојот шампон.
Здраво на сите јас сум нова .Пред 4 години многу ми паѓаше косата и бев на доктор ми рече да си проверам крв и железото ми беше слабо и ми даде терапија,па ми помина.Е сега од крајот на август почна пак, и се тешев дека е период и си правев домашни маски но никако не ми поминува многу се нервирам поради тоа и си земав Алпецин ц1 .Но луѓево кои живет тука велат демек било од водата содржела многу хлор.Што мислите вие пишете ми ако некој знае ..
Видов дека многу имаат пишувано за Алпецин шампонот, па решив да го споделам ова. И јас порано ги имам користено шампонот и лосионот на Алпецин и многу ми помогнаа. Сега пак ги нарачав од интернет и ми стигнаа денес. Иначе сакав да ви препорачам ако планирате да го користите шампонот или лосионот да ги нарачате од интернет дека ќе ви дојде поевтино. Во аптека се 1000 ден. двете, а јас за таа цена купив 2 шампони и лосионот. Ми стигнаа за 12 дена, и ги нарачав од lookfantastic.com. Има и некои купони кои со кои може да имате 15-20% попуст.
Здраво на сите..и мене многу ми опаѓа косата алармантна ситуациа дефинитивно работам на отворено и постојано носам капа на глава и косата ми собрана дали е можно да ми е од тоа,претходно не толку но оваа година дури и страв ми е да не имам некој здраствен проблем кажите ваше мислење
Изгледа повеќе сме со ист таков страв, во ист период. И порано ми има паѓано и не било малку, ама, како што овие месеци ми е особено овој -ноември, никогаш претходно. Посебно ми текнува на конретно миење на косата со вода само, уште не ставен шампон... ко партал ми изгледаше ... чудно. Мислев ако фатам цела ќе испопаѓа. Прочитај се што имаат советувано девојките и земи си. Не штети ич и да се испиташ. И јас истото го правам и во план ми е да се испитам. Се надевам не е никаква болест, симптом на некаква болест во прашање.
И јас во клубот со опустошена коса... срамотилаци, ако одам на гости, оставам купче коса зад мене. Абе си минам со раката низ косата и ми останува коса во рака. Ја скратив и обично престанува со паѓање откако ќе ја скратам, ама овојпат не помогна нешто многу. Моја претпоставка е дека е комбинација од есен, ниско железо, имунитет 0, стрес и така натаму. Го дотрошив од Виши и кога го користам, не ми паѓа... Ама а престанам, одма паѓа. А не е баш евтин, 800-900 денари е шишенце од 200мл. Отров. Јас стварно не знам што попрво да лечам... Мој совет, освен кажаниве шампони е што помалку врзана коса, миење преку 1-2 дена (помалку ми паѓа со почесто миење) и да пробате да внесувате повеќе витамини и минерали.
Јас летно време ја мијам секој ден а сега на 2-3 дена мислам еве цел месец скоро и пак истото се молам да не е нешто страшно и да има лек ке пробам со препораките што ги има овде
Туку што ми одговорија на порака... па ќе ти постирам: „преглед кај дерматолог чини 600 ден, кај професорот 800 ден, доколку е потребно да се направи трихограм тоа дополнително ќе ве чини уште 600 ден. За подетални информации и закажување на термин јавете се на тел 02 / 321 66 08 или 075 / 280 875.“ Кај мене е месеци уназад. Еден период намали и сега е мислам не два пати ами десет пати повеќе коса паѓа и би сакала да е преувеличување кога ќе речам, видливо оретчена е. И мене исто ме плаши,како и кај тебе. Провери си хормони, јајници.. и пример, дерматолог од погоре што постирав. Се надевам ќе се оправиме.
Луѓе јас не знам што да правам во врска со косава. Ем што ми се мрси премногу, не е можно да пројдат 48 часа без да ја измијам зошто изгледа како 2 недели да не е миена, па ај што изгледа толку замастено, па и коренот на влакното ме боли премногу кога е мрсна и залепена за скалпот. Ајде порано само ми се мрсеше така, ама сега последно време и премногу ми паѓа, и тоа навистина без преувеличување, ама многу паѓа, па како што и онака ми е меко и тенко влакното се плашам дека без коса ќе останам. Проблеми со хормони и такви работи немам, не знам што е работа, ама секој ден со страв и ја мијам и ја сушам и пополека ја чешлам и врзувам во страв оти еден ден цела ќе ми остане в рака...
Зедов еден нов шампон против опаѓање, на Еуген Перма. И мене Вишито ми е скап, а после долго користење ми ја засуши косата. Да го испробам овој на подолг период па ќе ви пишам како се покажа. 400 денари, го има кај фризерки што работат со Eugene Perma. Шампон за мажи е, ама нема врска. Мириса свежо, на чај. @zhap4e, какви третмани прават кај Анчевски? Ако е за ласерски, информирај се и овде да споредиш понуди. https://www.facebook.com/101hair.mk/ Па пиши инфо ако ти одговорат.
За оние што сакаат да направат трихограм-зошто да плаќате еден куп пари кај Анчевски,кога со упат е 250 ден.?! И плус,соодветна терапија ќе ви дадат. Одамна се мислев за шамнонот од Виши,ама некако скап ми беше,па летово си го зедов Алпецинот,ама не ми помогна овај пат Пред 2-3 недели почнав хининова вода да користам, како што гледам,убав ефект има...рано е...ќе пишам пак...
Откако од капутот сабајлево собрав доволно коса за една перика, пак го купив Виши. Ако некоја најде нешто поевтино и ефикасно, нека сподели.
Фала ти Ливинг. Јас и за прегледот само се распрашувам.. чисто да знам колку чини, каде и што има. Ако испадне да треба такво нешто, пак и да се решам за некои такви третмани... ќе ги погледнам и овие понуди од линкот.
Денес сум максимално депресирана за косата.... Ми идат солзи на очи пишејќи го ова.. Во рок од два месеци ми се преполови....... Алпецин на првото шише сум уште ама не гледам засега никакви ефекти. Си викам подобро да купам од коприва и да ставам внатре ампули од колку вака со триста хемикалии. Покрај Алпецин ставам еден раствор Аломакс. И Мерц. Аххххххх ќе си паднам во депресија ќе одам full mode Britney Spears ќе се избричам...... Фак дис шит.