Операции за промена на пол на товар на ФЗОМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Sesil, 27 јуни 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Си прават како сакаат, може ќе ве прашаат вас што ќе е бесплатно а што не. Џабе везеш работава.
     
  3. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Ете нема да се трошат државни пари. Крај на дискусија. Не мора веќе да зборите за патлаци.
    Ќе дојде денот кога и за нашите проблеми некој така ќе збори, со потценување.
     
    На theowndemon, WildMk, VoodooGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Некој претходно направи фина компарација: промена на полот е еднакво што и естетска хирургија (силикони, нос, липосукција, итн...) И за едното и за другото во моментов нема пари (а баш би сакала да има) Има едно чудо други приоритетни болести и состојби за кои очајно треба финансии, ова е на самото дно на скалилото.
    Ако некогаш ова се спроведе кај нас, јас прва ќе бидам со контрапротест и ќе барам и естетската хирургија да биде покриена преку фонд. Па и јас сакам помали гради и помал нос! Имам фрустрации и психички проблеми, зошто да не ми се покрие интервенцијата? :^)
     
    На Rama, candy.cane, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    За тебе само семе синапово психологии -сакај се таква каква што си, најубава си каква и да си. Стои позади тебе јака организација која се грижи за чувствата на нослестите и жените без цицки? Не. Шо бараш тогаш?
     
  6. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Одлуката е повлечена, сега можете мирно да спиете.
     
    На theowndemon и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.604
    Пол:
    Женски
    Секој си ги бира своите борби Камелија.
    Скокање за се нешто ниту е возможно, ниту оправдано. Секој човек има право да поддржи или неподдржи нешто според свои убедувања. Ти ли треба да кажеш кој за што да скока? И кој зошто не скока за тоа ти што скокаш?!

    Објективни? Никој не е цело време објективен, ако некој мисли дека е објективен нон стоп и за се нешто, ниту е точно ниту некој ќе му поверува. Јас барем на секоја дебата немам проблем да признаам дека двојните стандарди се присутни секаде и секој ги има вклучувајќи ме и мене. Никој не е совршен. Ако мислиш дека ги немаш, размисли два пати.

    Ти ли знаеш што за мене е нормално или не, повеќе од мене? Каква е таа дрскост?!
    И ти тука апсолутно поима немаш како тие луѓе се чувствуваат оти не си дел од таа група, па збориш од емоции кои лично за тебе имаат повеќе смисла и мислиш дека си објективна. Ама ако другите го праат тоа, не е ок така? И не, не си објективна.

    Се се, ама со вака ниски удари, не планирам да продолжам дебата.
     
    На friendy, Rama, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Одлуката е повлечена затоа што народот почна да се буни, затоа што видоа дека се уште не е подготвена ЛГБТ климата во Македонија. Пробаа, видоа опозиција и политички се повлекоа. После некоја година пак ќе го подигнат ова прашање. Тоа им е во суштината на нивната агенда со Македонија.
     
    На Rama и sjdgo им се допаѓа ова.
  9. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Нивна цел е политички поени од ЛГБТ заедницата, не им е многу на трошок дали двајца или тројца ќе сменат пол. Сепак после ваква изјава највеќе ќе трпат трансродовите лица без никаква вина.
    А за Филипче немам коментар.
     
    На theowndemon, WildMk, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    ^Ја избрзаа.Очигледен е огромен притисок на ЛГБТ.
    Не од нашиве аматери од тука,туку европските.
    Во март Ц.Гора донесе иста ваква одлука,кај нас јуни.
     
    На friendy, Rama, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Нема никој освен тие кои искусуваат.
    Зошто ниски удари?

    Никој не ни помисли како се чувствуваат транс после некои коментари и досетки тука.
    Јас на ничија сметка не се шалам и не си играм со ничија мака.

    Ете јас не гледам зошто било која личност е поважна од било која друга.
    Ниту мислам дека е фер некој да добие, а некој не поддршка.


    Може да се лутите ама баш колку сакате, мојата паралела не е низок удар.
    На место си е. Тоа што е емотивно поблиска до повеќето, од проблемите на транс луѓето, е друг муабет.

    Никој од вас не се одважи да ми каже зошто е во ред на еден куп работи да се трошат пари, ама не и на овие луѓе.

    Скоро спортистиве добија поприлична сума, па не видов некој да ги осуди, ни држава ни спортисти, зошто тие пари не отишле за експериментални лекувања.

    Јас сакам фер игра.
    Ако нешто нефер гледаш во моите сфаќања, предочи ми.
     
    На theowndemon, WildMk, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Точно, ама сигурно тоа не било без нивна консултација. Тоа се нивни барања, но очигледно ја потценија свеста на граѓаните во РМ.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Како не, до свеста на граѓаните било.
     
    На Alisa22, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Е до што било ако не до тоа? Зошто СДСМ се предомислија според тебе, ако не поради реакциите на граѓаните?
     
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Секој има право на свој избор. Не осудувам никој. Ама ова е веќе too much. Морам да прокоментирам.

    Закон за промена на полот, на товар на фондот за здраствено осигурување. Seriouslly? Инаку за Република Северна Македонија станува збор, земјата во која нема основни услови за живот. Болници со испукани ѕидови, влага, бубашваби насекаде, руинирани тоалети...и се тоа во 21 век. Да продолжам? Земјата во која народот бара помош преку социјални мрежи, а се лекува со собирање донации преку смс пораки. Има уште... Земјата во која стапката на ракот е во енормен пораст заради тоа што не можеме да најдеме решение за загадувањето на воздухот... Болните едвај наоѓаат лекови во аптеките или ги увезуваат од странство, ако имаат услови за тоа... Земјата каде што нема доктори заради тоа што никој не го цени и вреднува нивниот труд.

    Жалосно е се што ни се случува во државата. Како ли им е на родителите чии што деца боледуваат од тешки болести, молат за донации, а се принудени да слушаат какви одлуки носат во нашата држава? Има ли крај ова лудило?

    Приоритети мора да постојат секаде, а посебно во здраството!!! Операцијата за промена на полот е личен избор и желба, а не нешто од кое зависи животот на човекот. Немам ништо против да биде на товар на фондот, ама претходно има мал милион работи што е неопходно да се решат, а не да се прескокнуваат.
     
    На Rama, Цвет88 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Сигурно не до свеснине на фејс.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.684
    Пол:
    Женски
    Транс луѓето не се болни ,нивната ментална состојба повеке не е на листа на СЗО.
    Од тие причини оперативен зафат на сметка на ФЗО не може да биде,може само ако државата има одвишок пари да ја финансира нивната операција.
     
    На Rama, LiliBoz и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Всушност постои, Gender Dysphoria.

    Само што дебатата е околу тоа што нелагодноста, тежината, болката, не произлегува од самата состојба, туку од општествените притисоци.
     
    На theowndemon, WildMk и violetblue им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Како да не, од општествените притисоци. Во светов имаш еден куп уште подискриминирани и поомаловажувани групи на луѓе (ромите, Јеховини сведоци, црнците во одредени предели, евреите во минатиот век) па сепак меѓу нив толку депресии како луѓето со криза на својот идентитет (трансродовите). Ако беше општествениот притисок причина за нивните депресии и самоубиствени нагони, многу повеќе ќе страдаа овие вторите.
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Да бе, како да не.
    Ништо што ним им се случува не е ништо.
    Лигуши.
     
    На theowndemon и WildMk им се допаѓа ова.