Пред некое време имаше пишано дека геј луѓето се чудни суштества со штикли, а сега ова? Кај ќе им ги фрлаат половите органи што ќе ги сечат? Жити се? Имаш малку сочувство во тебе? Свесна си дека и тие се луѓе со чувства и дека се нечии деца? И геј, и транс, и би...Замисли и тие се луѓе од крв, месо и чувства. Само се прашувам вакви страшни хомофоби како тебе како би реагирале ако некој близок (дете, брат, сестра) ви каже дека е геј или сака да менува пол? Тешко на геј луѓето околу вас... Се извинувам, на геј СУШТЕСТВАТА околу вас. И @RainBow те молам смени го насловот пошто не е точен и боде очи. Кажаа дека одлуката се повлекува, ама некои се прават слепи. Толку не читате или....? Операциите нема (Н-Е-М-А) да бидат на товар на ФЗОМ. Точка. Крај. Филипче кажа дека само ЕДЕН човек чекал за таква операција, a толку бурно рагираат ти се чини редови се чекаат за менување пол. Еден или дваjца луѓе на 5 до 10 години ако би отишле на операција...ни толку нема. И кога ќе прочитам дека од ќеф менувале пол Така им текнало. Денес сум маж, утре жена. Од чиста мира во е*аната Северна заостаната македонија некој решил да мења пол. Во ред. Spoiler: п.с. На владата секој чест како можеа ваква вест да објават баш пред парада Алал нека им е на тие два грама памет што ги немаат. Како да не знаат во колку заостанато општество живеат, па требаа масло на огнот да стават. Кој од кој се сите...Може и намерно ова го направија.
Спорт на место на спорт, образование на место на образование, земјоделие на место на земјоделие и здравство на место на здравство. Напореден напредок (или уназадување) би требало да е на некое исто ниво во секоја сфера во едно општество а јас не гледам како спортистите или уметниците или земјоделците живеат на висока нога во Мк па сега да бараме чекор напред (поточно десет) во здравството. Иако чекор напред би биле пристојни услови во државните болници, нулта толеранција за мито и корупција и таквимитиработи, а не бесплатна операција за менување на пол.
Добро е што го попречивме овој закон. Во спротивно ќе бевме чекор поблиску до она што и се случува на Англија моментално. Таму постои трансродова епидемија. Бројот на деца што се мотивирани да го променат полот се зголемил за 44 ПАТИ. Клиниките за промена на пол забележуваат дека порано кај нив доаѓале во просек по едно дете на 2 месеци, а сега по 7-10 деца неделно! Повеќето од нив се на возраст од 14-15 години, а некои и 10! Поранешниот советник за образование Chris McGovern, за Telegraph изјавил дека промената на полот станало индустрија: Луѓето прават кариери преку мотивирање на децата да се сомневаат во својот пол на возраст кога треба да бидат оставени на мира да си бидат деца. Кога наставниците ги поставуваат овие прашања, децата се збунуваат, стануваат несреќни и трауматизирани од тоа.“ Сега читаме линкови, а за неколку години ќе гледаме и на МТВ1, Сител, Телма.. https://voiceofeurope.com/2019/01/transgender-epidemic-in-the-uk-one-child-changes-gender-every-day-a-non-issue-and-normal-says-pm-theresa-may
Порано се сметаше болест кога некој е роден како маж, а се чувствува дека е жена. Поточно за болест се сметаше нереалното чувство т.е. чувството што не кореспондира со објективната реалност. А денес во СЗО е обратно. Денес СЗО токму тоа нереално чувството го смета за реално и здраво, а објективниот биолошкиот пол го смета за болест (Gender Dysphoria) што треба да го „корегира“. Корегира го ставам во наводници, затоа што не постои хирруг во целава галаксија што може да промени нечиј пол. Се што може да се направи е надворешно маскирање на полот. Жената секогаш ќе си остане жена, и мажот маж. СЗО не е тоа што беше, за жал.
Камелија, СЗО ја тргна родовата дисфорија од листа на заболувања овој мај. Значи, официјално, лекување не им е потребно. Тоа е направено под притисок на трансродовата заедница (читај трансродова, а не трассексуална), и е тотално политички потег. Транссексуалните луѓе сакаат операција, неопходна им е и не им смета да ги сметаат за болни се додека исходот на крајот е промена на полот. Трансродовите лица се еден широк спектар во кој може да припаѓа секој што одлучи да е трансродов врз однос на било кој критериум. Долга и широка дискусија, не е темата за тоа. Затоа реков дека не сме информирани. Следно е закон за правно признавање на родот и измени во законот за матична евиденција кои РСМ мора да ги донесе до крај на август заради случајот "X против Македонија". Транс заедницата притиска на закон кој целосно ќе се базира на самоопределување, (значи врз основа на самоопределување да можат да го сменат матичниот број и ознаката за пол, без да мора било што да менуваат физички на себе). Ќе видиме што ќе добијат. Со бришење на родовата дисфорија од листата на болести борбата на трансродовите лица се префрла од здравствениот систем на правниот, што искрено не им одговара на оние што вистински сакаат да променат пол и што навистина страдаат од родова дисфорија, ама нормално, нив никој не ги шиша затоа што СЀ загрозениот дел од транс движењето (пак на сила им е превземено и окупирано движењето на најслабите). Патем, родова дисфорија е реално смешен назив, со оглед на тоа што спротивно од дисфорија е еуфорија, а јас не познава никој што е посебно еуфоричен за својот род. Долга приказна е, ама не е за темава. Патем, дознавме зошто ја повлекува министерството на така патетичен начин одлуката, или јок?
Никој не помисли ниту како се чувствува мајката која пред 5 години закопа дете оти фондот не и даде пари исто така. Ама не е тоа тема на муабет. Ти фер? Ти немаше емпатија за жените што годиништа се борат со стерилност. Ти велеше дека треба да се помират со тоа. Никому во џеб не брцаа, ама вас смешно ви беше што оделе на бајачки и по икони. Уште помалку емпатија имаш за цела група религиозни, каде во секој момент ги убедуваш дека веруваат во прикаски и нивниот бог е имагинарен. Па потсмевање и шали колку сакаш на нивна сметка. И сега овде збориш за фер? Неколку девојки веќе предочија аргументи, ти одлучи да не ги читаш и да продолжиш со твоите паралели оти ти мислиш дека така е правилно. Мене ми е апсолутно излишна таа паралела. Па уште мешање спорт... што ќе биде наредно се прашувам.. Немам јас што да ти се лутам. Едноставно се што гледаш кај другите не го гледаш кај себе. Јас бар никого не набедувам дека моето е правилно. Напротив, знам дека светов во кој што живеам не е фер и дека приоритети се поставени од почетокот на човештвото и приоритети секогаш ќе постојат. За сметка на тоа некој секогаш ќе трпи. Затоа додека дојдеме до утопија каде се ќе биде фер, каде родилки нема да умираат, сите деца ќе се среќни и секој ќе има совршени цицки и гз и секој ќе може кога ќе му прдне да смени пол според тоа како се чувствува, треба да дискутираме според реалната состојба и реалните услови што ги нуди државата. Толку е едноставно.
Не знам со кој памет мислеле дека вакво нешто ќе помине незабележано кога мнозинството македонци се затуцани. Ваљда сакале да изгледа боље државата кога станува збор за различностите пред Европа, бар на хартија, ама тоа не и успеа. Кога сме веќе за операцииве на државна сметка. Некако не е у ред тајмингот за вакво нешто. Сум за тоа да бидат покриени од фондот, ама не сега. Повеќе треба да се задржиме сега за оние на кои животот им зависи од операција и истите да се покриваат од фондот. Откако ќе се реши проблемот со умирањето на деца оти наводно немаат пари од министерствата, тогаш и ова нека го воведат, ќе ја имаат мојата поддршка повеќе од сега. Жално е што некои „јавни фаци“ ко психопатот Сашо Тасевски и пијаницата Драган Спасов Дац ги искористија за 5 минути слава. Особено Дац, со крадените српски твитови, али тоа е. Увек у државичкава владеела игнорантноста, омразата кон различноста и верувам дека во блиска иднина ќе си владее. Кога сите ЛГБТ луѓе ќе се иселат одовде, верувам многу поубаво ќе им е на другиве, ќе нема кој да ги зарази, или да им ги троши парите. .
ме мрзи да ги читам сите коментари,ама искрено на темава... Срам бе ми е што живеам во оваа држава! Секој ден по 2-3 сличаи на хуманитарна помош читам од нив само една третина успева да собере средства да се излечи да се спаси а другите две третини за жал трагично завршуваат. И сега фондот ќе покрива бес а другите нека умираат.
Аргументи? "Природно" не е аргумент и кажав зошто. За останатото, ни во таа тема не се исмевав, не знам каде виде заебанции и досетки, ама нека. И да, нормално е да споредувам нешто со нешто. Нема ни да разбереш, ако мислиш дека "им текнало". Поставив неколку линкови, кои објаснуваат, од нели, научници, не вакви прости умови како мојот. Е сега ако и тие ништо не знаат, ок.
Тоа е нивно право оставете ги да го прават тоа што сакаат.Тебе тоа не ти менува ништо ниту пак мене.Тие се родени така и тоа е тоа.
Оваа вест беше мала гранка на која форумов, луѓето воопшто и јавните лица се нафатија за да ги исплукаат трансродовите лица - или чекај не, гејовите и лезбејките затоа што никој појма нема што е што веќе и кој прави промена на пол. Никој не мисли дека Македонија е спремна да финансира операции на промена на пол, ама тоа не е изговор да правите шали за курови и пички (оф леле) на најневкусниот постоечки начин и да ја обвинувате ЛГБТ заедницата за се лошо што ви се случило во животот. Значи стварно малце осет.
Многу сте изнапишале да си дадам мое мслење на темава Кај нас у државата се оде у обратен редослед сите од напред ние од позади почнуваме не сум против ама да се почне со ред од тие н акој животот им зависи од тие финансии од фондот а не од бес да му се стое
@DAngel не те знам на кои теми пишуваш, која си, што си, ама неколку пати по вакви теми те имам зачитано, и можам да кажам- браво за елоквентноста. Без иронија, искрено. Првиов дел од цитатов би ти го цитирала во Мислења што треба да останат запаметени. Одговор на последново прашање: Затоа што биле демократи и ја почитувале јавноста https://plusinfo.mk/филипче-ние-сме-демократи-и-ја-почитув/ У мое село популизам се вика тоа. Целово ова ми личи како фрлање прашина во очи, дури работат нешто друго, ама што работат, кој ќе ги знае. И тоа пази молимте, сето ова било за 1 (еден) пациент што имал потреба од процедурава. Абе ајде
Знаеш како звучи ова? Она кога хомофобите ќе речат дека хомофобија е смешен назив затоа што фобија е страв а тие не се плашеле од хомосексуалци. Транссексуалец е застарена терминологија или евентуално значи некој што веќе направил операција на пол. Ама за да бидеш трансродова личност не мора да имаш направено операција. Всушност има критерија за тоа кој може да биде трансродова личност и е токму дисфоријата - што точно ти го кажа. Тоа што одделуваш транссексуалци и трансродови лица е малце... мех. А воопшто добра ти е поентата на мислењето, дисфорија е битна за трансродовата заедница. Дисфорија ја чувствуваат и оние кои не припаѓаат на бинарниот род, и мислам дека тоа е главната причина зошто транссексуалец би бил погрешен збор.
И јас чувствувам дисфорија затоа што е навистина катастрофа да си жена во денешното општество. Нема да се расправаме околу терминологија, име се менува. И е сменето веќе неколку пати. Од gender identity disorder во gender dysphoria, за да се намали стигмата поврзана со зборот disorder (на пример). Инаку, небинарните луѓе се тие кои бараа декласификација на дисфоријата затоа што сметаат дека родова дисфорија го форсира бинарниот род. Небинарниот род, од друга страна е мит. Сите сме небинарни. И јас сум некои денови целосно исфеминизирана, други сум целосно андрогена во моето родово изразување. Дали сум јас трансродови лице? Пивели, текст одобрен од транс заедницата (да не ставам нешто ТЕРФовско случајно) https://meduza.mk/my-body/vremeto-pred-tranzitsiјata-go-gledam-kako-nekoј-drug-zhivot/ Ќе ти цитирам делови од текстот Ја мајката? Оти да се декларирам како трансродово ако сум butch лезбејка? Оти сум се однесувала "машки"? Нели поентата беше да се бориме против родовите стереотипи, а не да ги вгнездуваме уште подлабоко во стил "неќе да носи суќњи, мора да е транс", "сака да си игра со барбики, сигурно е транс". Дисфоријата како состојба не е присутна кај СИТЕ трансродови луѓе, ама е присутна кај сите транссексуални. Не ми личи како кросдресерите и дрег кралиците да имаат дисфорија, ама ако викаш дека имаат нека е така. Со оглед на тоа што на нервозна страна ги тераш разговорите, нема потреба веќе да разговараме да не летаат банови на крај. Не е мој не ми го цитирај и мене ми е соберен од попаметни од мене среќа со паметни луѓе се дружам. Јас сум никој и ништо и сите ме мразат, освен оние што не ме. Персона нон грата сум на форумот, а дојдам обавезно е некој лут, затоа гледам да не идам се грижам за менталното здравје на другите.
Една личност ја прави небинарна токму gender dysphoria... нема врска како се изразува. Валидно. Затоа не се два рода туку родови определености. Па не се ни транс.
Апсолутно спаѓаат во трансродови. Ај едуцирај се малку. Ти пишува и на линкот што ти го пратив и на страната официјална на LGBT центарот за поддршка.
Јас вака гледам на се' тоа како аутсајдер: што помалку термини, тоа подобро. Искрено да ме прашаш јас што сум, не знам ни дали постои термин за мене. Либерална, феминистка, до сега убедливо стрејт, не сум баш многу феминизирана и нежна... Сега, во однос на ЛГБТ+ сум ally, но ако некој се чувствува на одреден начин не мислам дека морам да разберам баш, едноставно прифаќам. Ако припадниците на заедницата чувствуваат потреба да се делат на субкатегории по секакви основи, немам проблем со тоа, само е нереално да се очекува дека светов ќе знае "од око" да процени, еве на пример дали сака да се обраќам со "тој, таа" или нешто трето.